сосем случајно ја забележав темава и морав да се вклучам од една единстеван причина што ЈАС СУМ ГЕЈ, п***р, ХОМУСЕКСУАЛЕЦ. како сакате наречете го. нема да тргнам да напаѓам никого, ниту пак да осудувам зошто некој е за, против или неодреден. прво ме зачудува фактот што сите мислат дека ако сте толерантни кон нас ние би почнале да се лигавиме по по улици. ве молам луѓе тоа ни во норвешка го нема каде геј бракот е нормална работа. друга работа што страшно ме збунува. до сега јас се изјаснив на некои блиски луѓе, пријатели и види како за чудо никаде не наидов на неразбирање, а уште помалку на агресија. значи ако постои респект има разбирање. трета работа. не сме 20 или 50 или 200. веќе страшно бројката почнува да се зголемува. ако пред 3 години на фејсбук на лажен профил можеа да се најдат хомосексуалци од скопје, битола, прилеп, гевгелија, тетово. денес ги има од секаде, а не ретко и од селата. веќе се соочуваме со бројка. не можите вие да ги скриете тие луѓе. тоа е бројка и тој факт вие мора да го прифатите. никој не зборува за не знам какви права. единствено бараме само во некој фоемулар да стои празно место да си кажеме што сме. дури и за нас е чудо да бараме да посвојуваме деца и да склучуваме бракови. но ако јас тајно живеам со мојот партнер, дечко, сопруг, би било добро да имаме барем можност правно да ги оставиме работите еден на друг. никој не бара бракови од не знам каков ранг или посвојување деца и за нас е тоа чудно. друга работа што знам и сигурен сум дека ве плаши е нашата појава. сите подсвесно мислите дека изгледаме како Боки 13, болечени во фустанчиња со чантички и што уште не. изфеминизирани мажи. за тоа имам едно да ви кажам. и нас тоа ни смета, на поголем дел од нас. кога со некој виртуелно се запознаваме често се прашува дали си исфеминизиран. испразнете ги вашите глави од ставови за нешто што не знаете. и вака и така некако живееме. минуваме покрај вас секој ден на улица. можеби сме соседи. можеби роднини, колеги, шефови, работници. не сме зараза или шуга. ако мене ме омаловажите како геј, тоа е еднакво исто како да омаловажувате некој хендикепиран. можеби сме болни, можеби сме така родени. можеби пореметени. ако има лек да се лечиме. и јас би сакал еден ден да имам свое дете. да не должам. ве поздравувам сите и ви благодарам.
Lain Kuber