1. За да се случи таква парада потребно е Коче со уште 200 000 Македонци - Хомосексуалци да излезат и конечно да се покажат. Дали ќе бидат со или без голи газови, секако дека тоа ќе биде несекојдневна ситуација во државава.
2. Второ и многу важно.
Ако сакаат сериозно да се залагаат за свои права, мораат да поминат низ тежок процес, особено ќе заглават кај подигање на свеста на Балканот. Мора да бидат истрајни во убедувањето на своите хетеросексуални сограѓани дека да се биде геј - не е болест. Затоа треба да прекинат со криење.
Да бидеме реални - Коче е слободен човек. Слободно се движи низ Битола, без да биде тепан или малтретиран. Чинам дека негде прочитав единствен ќотек изел од својот партнер - исто така геј. Тоа значи дека стравот е неоправдан.
Понатаму
Таквата група на поединци ако е 200 000 луѓе и повлече измени во закон за брачни односи на РМ, кој мене ми гарантира дека нема да излезат 500 000 други луѓе со точна статистика и потписи изразувајќи желба за полигамија?
Интересно е тоа што има поголеми шанси да се случи ова второво, со оглед на тоа дека живееме во мултиетничко општество каде животниот морал се темели на верувањето во 72 девици кои чекаат во рај, отколку дека реално постојат 200 000 хомосексуалци.
Дефинитивно се согласувам дека тоа ќе биде необичен настан, но како и што гледам по форумов мислам дека меѓу сите нас постои желба за разбирање и прифаќање па и тоа да не е комплетно.
Таму каде што мислам дека се разликуваме во мислењето и поправи ме ако грешам е во начинот на кој може да си ја зголемиме свеста и да научиме повеќе еден од друг и од геј заедницата. Мислам дека за тоа се пресудни јавните институции и дека рака во рака со сите нас и геј заедницата треба да се почне некаков процес. Од сите нас зависи процесот на промена и разбирање и мислам дека не е работа само да се искочи на улица за видиме дека постојат, бидејќи тоа мислам дека горе доле го знаеме. Мора нашите доктори да почнат да кажуваат дека не е болест, да постои јавна кампања низ медиуми и слично. Бидејќи сметам дека претходно наведеното можеби малце подалеку во иднината, можеби се работи за постојан и упорен активизам од невладини организации, дијалог па понатака да се напредува кон нешто поголемо, појавно. Мислам дека како и во секој процес во кој човековите права се предмет, процесот и спор, макотрпен и го бара учеството на голем дел на општеството.
Пак по прашањето на полигамијата, мене лично таа споредба не ми прави смисла во овој контекст. Нормално дека никој неможе да гарантира дека такво нешто како што опишуваш нема да се случи, но не гледам како тоа што една група на луѓе ги заслужува своите права, тоа треба да значи дека сите треба да правиме што сакаме. Сега нормално дека и ова прашање по полигамијата е контроверзно и некои луѓе сакаат да ја практикуваат, но мислам дека не можеме да речеме дека бидејќи таа група ќе бара нешто, дека треба на други луѓе кои ги заслужуваат своите права да им се делигитимизираат барањата. Сепак не сакам да правам сега тука поопширни изјави за полигамијата бидејќи тоа е сосема друга тема.
И мислам дека не треба исламот да се редуцира со тврдења како "животниот морал се темели на верувањето во 72 девици кои чекаат во рај" бидејќи тоа е богата религија која многу луѓе ја интерпретираат различно. Од моите познанства со луѓе кои се Муслимани можам да кажам дека тоа не е нивниот животен морал иако не сакам да негирам дека во некои средини на некои луѓе им е. Истото важи и за полигамијата, можеби ти познаваш различни луѓе, но моето искуство не било такво и не гледам зошто по некој автоматизам би сакале да практикуваат полигамија бидејќи се Муслимани.