Хомосексуалност

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
32
New York, New York
twitter.com
1. За да се случи таква парада потребно е Коче со уште 200 000 Македонци - Хомосексуалци да излезат и конечно да се покажат. Дали ќе бидат со или без голи газови, секако дека тоа ќе биде несекојдневна ситуација во државава.

2. Второ и многу важно.
Ако сакаат сериозно да се залагаат за свои права, мораат да поминат низ тежок процес, особено ќе заглават кај подигање на свеста на Балканот. Мора да бидат истрајни во убедувањето на своите хетеросексуални сограѓани дека да се биде геј - не е болест. Затоа треба да прекинат со криење.
Да бидеме реални - Коче е слободен човек. Слободно се движи низ Битола, без да биде тепан или малтретиран. Чинам дека негде прочитав единствен ќотек изел од својот партнер - исто така геј. Тоа значи дека стравот е неоправдан.

Понатаму
Таквата група на поединци ако е 200 000 луѓе и повлече измени во закон за брачни односи на РМ, кој мене ми гарантира дека нема да излезат 500 000 други луѓе со точна статистика и потписи изразувајќи желба за полигамија?
Интересно е тоа што има поголеми шанси да се случи ова второво, со оглед на тоа дека живееме во мултиетничко општество каде животниот морал се темели на верувањето во 72 девици кои чекаат во рај, отколку дека реално постојат 200 000 хомосексуалци.

Дефинитивно се согласувам дека тоа ќе биде необичен настан, но како и што гледам по форумов мислам дека меѓу сите нас постои желба за разбирање и прифаќање па и тоа да не е комплетно.

Таму каде што мислам дека се разликуваме во мислењето и поправи ме ако грешам е во начинот на кој може да си ја зголемиме свеста и да научиме повеќе еден од друг и од геј заедницата. Мислам дека за тоа се пресудни јавните институции и дека рака во рака со сите нас и геј заедницата треба да се почне некаков процес. Од сите нас зависи процесот на промена и разбирање и мислам дека не е работа само да се искочи на улица за видиме дека постојат, бидејќи тоа мислам дека горе доле го знаеме. Мора нашите доктори да почнат да кажуваат дека не е болест, да постои јавна кампања низ медиуми и слично. Бидејќи сметам дека претходно наведеното можеби малце подалеку во иднината, можеби се работи за постојан и упорен активизам од невладини организации, дијалог па понатака да се напредува кон нешто поголемо, појавно. Мислам дека како и во секој процес во кој човековите права се предмет, процесот и спор, макотрпен и го бара учеството на голем дел на општеството.

Пак по прашањето на полигамијата, мене лично таа споредба не ми прави смисла во овој контекст. Нормално дека никој неможе да гарантира дека такво нешто како што опишуваш нема да се случи, но не гледам како тоа што една група на луѓе ги заслужува своите права, тоа треба да значи дека сите треба да правиме што сакаме. Сега нормално дека и ова прашање по полигамијата е контроверзно и некои луѓе сакаат да ја практикуваат, но мислам дека не можеме да речеме дека бидејќи таа група ќе бара нешто, дека треба на други луѓе кои ги заслужуваат своите права да им се делигитимизираат барањата. Сепак не сакам да правам сега тука поопширни изјави за полигамијата бидејќи тоа е сосема друга тема.

И мислам дека не треба исламот да се редуцира со тврдења како "животниот морал се темели на верувањето во 72 девици кои чекаат во рај" бидејќи тоа е богата религија која многу луѓе ја интерпретираат различно. Од моите познанства со луѓе кои се Муслимани можам да кажам дека тоа не е нивниот животен морал иако не сакам да негирам дека во некои средини на некои луѓе им е. Истото важи и за полигамијата, можеби ти познаваш различни луѓе, но моето искуство не било такво и не гледам зошто по некој автоматизам би сакале да практикуваат полигамија бидејќи се Муслимани.
 
Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
32
New York, New York
twitter.com
1.

Да бидеме реални - Коче е слободен човек. Слободно се движи низ Битола, без да биде тепан или малтретиран. Чинам дека негде прочитав единствен ќотек изел од својот партнер - исто така геј. Тоа значи дека стравот е неоправдан.

И само за твоето тврдење дека стравот е неоправдан, мислам дека има многу различни примери и искуства од тoj што ти го наведе кои укажуваат на спротивното, впрочем дека стравот е легитимен не само за физичко насилство туку и за различни видови на дискриминација.
 
Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Нека се такваат по дома само нека не посвојуваат деца. Башка претпоставувате што ќе им се деси да праат парада у Белград, Берлин или Москва?
Ај претпоставувајте :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: marjan

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
32
New York, New York
twitter.com
Нека се такваат по дома само нека не посвојуваат деца. Башка претпоставувате што ќе им се деси да праат парада у Белград, Берлин или Москва?
Ај претпоставувајте :kafe

За Москва и Белград да, ама за Берлин колку само имало геј паради и тоа од поекстравагантните.
 
Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
За Москва и Белград да, ама за Берлин колку само имало геј паради и тоа од поекстравагантните.
Имало крв а? Е ќе има кога се занесуваат машки облечени како жени со дилдовци по нив. Имај си приватен живот човеку, ама гнасен си надвор кога ќе искочиш таков.
 
Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
32
New York, New York
twitter.com
Само ќе кажам дека ако сакате да праите конструктивен муабет со поткрепени аргументи и дијалог ок. Не е фер спрема луѓето што пишаа во темава дека се геј да читаат вакви коментари со навреди.
 
важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Мене воопшто не ме интересираат туѓите животи и несакам да се мешам, но ова? Ова бе? Какви права бе ало. Педерлукот не е ни природен ни морален. Какви се тие глупости, сакале права? Кои права ги сакате бе? Се ви е дозволено, да не е забрането случајно да се шетаат парови од ист пол по патот? Сакате право за посвојување деца? Е тоа неможе и секогаш ќе бидам противник за такво право. Со своите животи што сакате правете, ама да уништувате и туѓи? Каков пример ќе му дадете на тоа дете? Ич не ми е гајле ако се навреди некој геј, ова е реалноста. За крај, од кои е создадено човештвото? Адам и Ева, а не Адам и Стево.
 
Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43

грешиш
во сексот е се природно, ако не се коси со законот или ако предизвика болка и трауми кај партнерот , кој тоа не го прави по своја воља
.
ќе го цитирам ФРОЈД
ВО СЕКСОТ Е СЕ НОРМАЛНО, НЕНОРМАЛНО Е ДА НЕМАШ СЕКС
.
не мешај секс со размножување на хомо сапиенсот
.
ако ме питаш шо е хомосатиенс, ќе ти опнам една педагошка... анакин
 
Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Само ќе кажам дека ако сакате да праите конструктивен муабет со поткрепени аргументи и дијалог ок. Не е фер спрема луѓето што пишаа во темава дека се геј да читаат вакви коментари со навреди.

Јас сметам дека никој овдека не ги навреди само ја збориме реалноста...Дека имаат право на живот,на брак на нормален живот без малтеретирање, на работа како и сите други луѓе, но она што се сучува во спалната нека си остане тамо немаат потреба од геј паради или пак недај боже посвојување деца затоа што размислите каков живот ке има тоа дете во ова балканско општество кога ке се знае дека неговите "родители " се геј ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iva89

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
грешиш
во сексот е се природно, ако не се коси со законот или ако предизвика болка и трауми кај партнерот , кој тоа не го прави по сјоја воља
.
ќе го цитирам ФРОЈД
ВО СЕКСОТ Е СЕ НОРМАЛНО, НЕНОРМАЛНО Е ДА НЕМАШ СЕКС
.
не мешај секс со размножување на хомо сапиенсот
.
ако ме питаш шо е хомосатиенс, ќе ти опнам една педагошка... анакин
Не е воопшто природно. Се знае - маж со жена, жена со маж. Да се надополнам со еден виц:

Двајца пријатели си разговаат:
-Еј брат ми се роди дете.
-Ејјјј нека е живо и здраво, се најубаво, а машко или женско е?
-Кога ќе порасне само ќе се определи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and iva89