Како се размножуваме не треба да дефинира како ќе живееме??? Арогантно е да почитуваш природа? Епа ај да отфрлиме се што знаеме, да шетаме голи по улица, да ловиме мали деца за доручек - ќе отфрлиме се што е природно, шо има везе!?!
Не постоиме во некоја мисловна реалност, каде владеат розеви пеперутки и меки, слатки облачиња, туку во овој вистинскиов, реален, материјален свет! Ти биолошки функционираш секој ден - мораш да спиеш, јадеш, извршуваш физиолошки потреби и да се социјализираш. Живееш во природа - колку и да е модифицирана преку технологијата. Сфакам дека имаш неконвенционални ставови и искрено, ти се восхитувам за тоа, али мора да постојат ГРАНИЦИ. Не се што е неортодоксно е и правилно и вредно за бранење.
А парадата, според мене е вулгарен и агресивен медиум. Сакате права - супер! барајте ги, али барајте ги на начин кој е малку посуптилен за да може да ве сфатиме озбилно!
Мислам дека прифаќањето на геј луѓето и на се тоа што доаѓа со тоа е одраз на комплексноста на човекот. Ние како прво ни одблиску не разбираме како функционира природата па да глумиме сезнајковцки за што е природно или не е, иако според мене тоа е релативен термин. И ако сакаш да го карикираш тоа што го кажав повели, али тоа е одраз на тоа како ти ги сфаќаш ствариве а не јас.
Семејството како што постои денес е социјална конструкција која настанала низ времето и тоа не значи дека не треба да се менува и да еволуира и да опфаќа и друг вид на заедници. И не се сметам себеси за личност со хетеродоксни ставови околу оваа тема, едноставно сметам дека се човечки.
А парадата е израз на желба за прифаќање и заедничко живеење а ако нешто е агресивно или вулгарно тоа е фактот да не се дозволуваат или одобруваат такви настани. И геј луѓето не се тука за да ни угодат на мене и на тебе па да бидат суптилни или да се однесуваат како што некој друг очекува. Исто како што ти придонесуваш за општеството и очекуваш еднакви права, така и тие.