Хомосексуалност

TomFord

Нов член
11 март 2012
1
2
3
40
Секој што сака нека прави, нивно право. А оние кои се најхомофобични тие се и геј во принцип, поради фактот што не сакаат да си признаат кои се и што се на самите себе. На крај краева секој е човек битно за мене е дали е добар или лош, а не што е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5 and MKD

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
ако толку gay-овите сакаат деца нека си направат деца сами, ме интересира дали ќе успеат
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
ако толку gay-овите сакаат деца нека си направат деца сами, ме интересира дали ќе успеат
тоа ти е горе-долу исто како да речиш - хетеро паровите кои сакаат да посвојат деца, нека си ги направат сами
 
lain. kuber

Нов член
11 март 2012
1
10
3
33
сосем случајно ја забележав темава и морав да се вклучам од една единстеван причина што ЈАС СУМ ГЕЈ, п***р, ХОМУСЕКСУАЛЕЦ. како сакате наречете го. нема да тргнам да напаѓам никого, ниту пак да осудувам зошто некој е за, против или неодреден. прво ме зачудува фактот што сите мислат дека ако сте толерантни кон нас ние би почнале да се лигавиме по по улици. ве молам луѓе тоа ни во норвешка го нема каде геј бракот е нормална работа. друга работа што страшно ме збунува. до сега јас се изјаснив на некои блиски луѓе, пријатели и види како за чудо никаде не наидов на неразбирање, а уште помалку на агресија. значи ако постои респект има разбирање. трета работа. не сме 20 или 50 или 200. веќе страшно бројката почнува да се зголемува. ако пред 3 години на фејсбук на лажен профил можеа да се најдат хомосексуалци од скопје, битола, прилеп, гевгелија, тетово. денес ги има од секаде, а не ретко и од селата. веќе се соочуваме со бројка. не можите вие да ги скриете тие луѓе. тоа е бројка и тој факт вие мора да го прифатите. никој не зборува за не знам какви права. единствено бараме само во некој фоемулар да стои празно место да си кажеме што сме. дури и за нас е чудо да бараме да посвојуваме деца и да склучуваме бракови. но ако јас тајно живеам со мојот партнер, дечко, сопруг, би било добро да имаме барем можност правно да ги оставиме работите еден на друг. никој не бара бракови од не знам каков ранг или посвојување деца и за нас е тоа чудно. друга работа што знам и сигурен сум дека ве плаши е нашата појава. сите подсвесно мислите дека изгледаме како Боки 13, болечени во фустанчиња со чантички и што уште не. изфеминизирани мажи. за тоа имам едно да ви кажам. и нас тоа ни смета, на поголем дел од нас. кога со некој виртуелно се запознаваме често се прашува дали си исфеминизиран. испразнете ги вашите глави од ставови за нешто што не знаете. и вака и така некако живееме. минуваме покрај вас секој ден на улица. можеби сме соседи. можеби роднини, колеги, шефови, работници. не сме зараза или шуга. ако мене ме омаловажите како геј, тоа е еднакво исто како да омаловажувате некој хендикепиран. можеби сме болни, можеби сме така родени. можеби пореметени. ако има лек да се лечиме. и јас би сакал еден ден да имам свое дете. да не должам. ве поздравувам сите и ви благодарам.

Lain Kuber
 
Markov

Нов член
11 март 2012
12
28
3
33
Океј.. од една страна.. признавам.. се воодушевив и запрепастив од тоа, како голем дел од луѓето овде го разбираат универзумот и начинот на кој функционира тој. Мислам.. ми мириса дека ќе завршат во НАСА или слично.
Чисто морав да прокоментирам, сте слушнале за фузија, судир на две јадра на атом, кои патем се ДВЕТЕ ПОЗИТИВНО НАЕЛЕКТРИЗИРАНИ?... Чисто да напоменам, дека тресите глупости на мртво, а сепак.. пишувате со таква доза на самодоверба, што човек може да ви поверува.

Второ: Зошто се геј парадите? - Едноставно. Целата ситуација околу хомосексуалците е табу тема, така да јас во опшеството во кое растев, всушност мислев дека сум единствен, па како и 80% од хомосексуалците во целиот тој процес на самоприфаќање, помислував на самоубиство. Не можеш некого да осудиш, без да ги облечеш неговите чевли. Значи сума-сумарум, геј-парадата е за да едноставно се обелодени целата приказна за LGBT. За хетеро луѓето да сфатат дека постоиме, а и за да геј луѓето можат да излезат од плакарот и да не изгледа тоа како да е најтешкиот чекор во животот.

Трето: Хомосексуални родители. Јас сум одгледан во едно прилично „стрејт“ семесјтво, па сепак сум геј. Соодветно на то, геј се раѓаш, не стануваш. Соодветно на тоа, не значи дека детето кое би било одгледано од истополови родители би било геј. И уште помалку значи дека ќе има недостиг на љубов, внимание или сите тие х фактори кои му требаат на дете да израсне во разумно човеково битие. Зарем подобро е дете да биде изгледано од хетеро родители, каде ќе расте во мизерија, несреќно, без внимание, но сепак со МАЈКА или ТАТКО, отколку да ги има сите фактори потребни, а да има двајца татковци или две мајки?

п.с. Не постои маж во венчаница. Затоа се вика геј брак, бидејќи е помеѓу маж и маж. Ако е вејче во венчаница, веројатно е трансексуалец, што е сосема друга тема.
 
Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43

Точно е дека целиот процес на излегување од плакарот е тежок и комплициран, али донекаде тоа е и очекувано. Изразувањето на сексуалноста (било геј или стрејт) Е тешка. Самиот период во кој човекот станува свесен за својата сексуалност е и онака емотивен ролеркостер преполн со сомнежи и несигурности и ретко кој тој процес го поминал со осмех на лице. Жал ми е што слушам дека си помислувал на самоубиство - али, реално далеку од тоа дека одземањето на правата на хомосексуалците би требало да има таква или слична цел.
Твоето објаснување за геј парадата - да сфатат лугето дека постоите??? Кој тоа не знае дека постоите? Зашто ви треба парада за да си ја покажете сексуалната наклоност? Ако стрејт лугето решат да прават парада, тоа ќе биде карактеризирано како масовна оргија и целосен пад на моралот, а вас треба да ви ја дадеме како право.
И никој не тврди дека од функционално стрејт семејство не може да излезе хомосексуалец, али зашто хетеро семејството го поврзуваш со мизерија, несреќа и невнимание? Исто такво може да биде и геј семејството, зарем гарантираш дека геј браковите по дефолт се хармонични и среќни?
 
Зборувам од проста причина што јас се соочив со тој проблем... да, со интернетот и сите овие работи, вејче свесноста е искачена на повисоко ниво, признавам.. но сепак, јас сеуште не би се аутирал* пред пошироката маса, од едноставна причина шо би бил „изгазен“ во социјалното општество во кое живеам... како и да е, сметам дека доколку би се кренала прашина околу една таква парада, би се зборувало повеќе за тоа и се надевам дека поголем процент од луѓето ќе сфатат дека всушност и ние сме исти, и ние сме луѓе... не сме псхички пореметени или нестабилни личности.. се надевам дека ќе се намали тој стереотип дека ако си геј, мора да имаш чантиче, чивава, да бидиш во моден тренд со се.. и се што оди во овој правец.

За браковите, не се доразбравме очигледно.. Не реков дека сите стрејт семејства се мизерни.. Јас моето семејство не би го сменил за ништо, ми беше пружено се што ми беше потребно.. Сакав да го кажам следново: Имаш ваква ситуација: Дете(пример, сирак) треба да го сместиш во семејство. Би го сместил во стрејт семејство, каде би бил лишен од сите тие фактори шо ги наведов, и би израснал во несреќна личност, или би го сместил во геј семејство, каде би го добил сето она што му е потребно на дете за да се развива?
 
Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Markov мене ме интересира дали твоето семејство е запознаено со фактот дека си геј и како изреагирале на истото...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Точно е дека целиот процес на излегување од плакарот е тежок и комплициран, али донекаде тоа е и очекувано. Изразувањето на сексуалноста (било геј или стрејт) Е тешка. Самиот период во кој човекот станува свесен за својата сексуалност е и онака емотивен ролеркостер преполн со сомнежи и несигурности и ретко кој тој процес го поминал со осмех на лице. Жал ми е што слушам дека си помислувал на самоубиство - али, реално далеку од тоа дека одземањето на правата на хомосексуалците би требало да има таква или слична цел.
Твоето објаснување за геј парадата - да сфатат лугето дека постоите??? Кој тоа не знае дека постоите? Зашто ви треба парада за да си ја покажете сексуалната наклоност? Ако стрејт лугето решат да прават парада, тоа ќе биде карактеризирано како масовна оргија и целосен пад на моралот, а вас треба да ви ја дадеме како право.
И никој не тврди дека од функционално стрејт семејство не може да излезе хомосексуалец, али зашто хетеро семејството го поврзуваш со мизерија, несреќа и невнимание? Исто такво може да биде и геј семејството, зарем гарантираш дека геј браковите по дефолт се хармонични и среќни?
Не мислам дека е ист процесот бидејќи како што можеш да приметиш дека има голема нетолерантност спрема геј популацијата. Али у секој случај имаме два членови кои можат подобро да ти објаснат и на мене да ми објаснат каков е тој процес.

И очигледно нема разбирање за што значи парада и не знам од каде се тие идеи за пад на моралот, оргии мислам нема потреба за такви карикатури кои немаат благе везе со реалноста.

И јас колку што го разбрав Марков, на ниеден начин не сакаше да ги карактеризира стрејт семејствата како лоши а геј како добри, туку едноставно кажуваше дека нема еден вид на "правилно" семејство.