За домашна атмосфера претпочитувам узо или црно вино. Бело поретко, розе и оние благите не ми се по вкус.
Во дискотека/кафич/бар нормално, нешто пожестоко затоа што така налагаат правилата
Шала на страна, во едно кафуле си бендисав едно коктелче составено од бренди и некоја пијачка со кокос, ама како удира човече алал да му е на тој што го прави. Го засакав многу брендито, штета што на повеќето места на кои идат другариве нема па морам да пијам нешто друго.