Туку Шпанциве си искомплицирале ептен. Утре ако изгубат толку од нив, исто и Германците мора да победат ако сакаат да одат понатаму. Е сега Шпанија може да е и втора во случај да победи Турција а да изгуби Италија, ама тука ќе се гледа кош разликата и верувам дека Шпанциве би имале најдобра од сите три, ова е некако најреално да излезе.
Италијанциве па со победа ќе се први а ако изгубат тогаш Турциве може да ги зафркнат ако победат и да ги спуштат на трето место.
А во првава група па, Франција и Израел за прво место ќе играат, Финска и Полска за трето и четврто.
А за нас јас посакував во случај да поминеме да одиме на Белгија ама изгледа ако поминеме ќе играме против Чешка или Литванија. Ама нема шанси, утре Словенците ќе ни држат лекција исто како денес што под кош им држеа лекции по кошарка на тоа ќумбето и на дрвото Трајковски и уште поголемото дрво Самарџиски.
Значи еј, гледам сега статистика и против Холандија сме шутирале најмалку тројки 4/13, а од поле 24/50. Против Грција 12/30 за три, против Хрватска 4/24, и денес против Грузија 10/31. Што значи дека кога фрламе бостани од 6 метри не победуваме затоа што не сме прецизни, а на тоа дека шутот за три ни е најсилно оружје ќе кажам само ова
И кои се тие играчи што не можат слободно фрлање да погодат, мислам стварно значи не е нормално ова. Или па нешто најглупо за кое немам зборови да опишам колку е глупаво, кога ќе им направат фаул за да нема контра и тој што ја води топката така театрално се фрла на страна како да го упукаа со снајпер од публика. Не знам што се обидуваат со тоа да постигнат, демек не се гледа каков е фаулот па ај ќе се фрлам силно и ќе му досуди неспортска. И од тоа барање неспортски ми се повраќа, земал прееска тој пијаницата што го викаат тренер бара неспортска а тоа фаул обичен а да не спомнуваме тоа што нашиот не ни беше накај кош свртен ниту па имаше чист пат. Битно тој земал мафта со тоа рачиштата.
Почнува четвртината, поминуваат 30 секунди и ќе ни направат контра и одма фаул. Каде бе фаул одма? Не знаат одбрана па ајде ќе ги потрошиме фаулите уште во првите две минути. Многу глупи луѓе жими се, сите ги чуваат фаулите за при крај на четвртина овие нашиве од што ги мрзи одбрана да играат одма ги трошат.
Ех јас да играв досега веќе медал ќе имавме.