Победија Италијаниве
Трилер утакмица жими се. Германија имаа меч топка, на Дирк му падна а тој Шредер утна под кош. После во продолженијата Италијанците доминираа. Прво се играше кош за кош ама во последната минута одбранија 2 напади и им бапнаа 5 поени по ред. Сега во директен дуел со Србија за првото место во групата.
Германија мислам дека ќе треба да ја победи Шпанија, не сум видел сеуште табелите како се ама мислам така е.
Не ми се коментира веќе. Да сум на местото на КФМ, како што се дрва, по утакмицава ќе ги испратам патот пеш под нозе да го изодат до Скопје. Ако веќе не играат, не им се замара, нека се расформира федерацијата, репрезентацијата и крај. 30 годишни играчи да не знаат да дадат кош од поле.
Па и тие од КФМ не се нешто подобри, само пари гледаат и ништо друго, затоа и на недела до почеток на ЕП тие го менуваат тренерот и го ставаат овој кафанџијава. Не дека играчите ни се нешто ѕвезди ама најголема вина има КФМ за моменталната состојба. Тоа што играчите играат незаинтересирано е друг муабет.
Јас не знам стварно како е можно да не можат да се постават во рекет, џабе ли се толкави волови. Уште па ќе викаат дека немале искуство, немаат мозок а не искуство. Наполниле по 30 години искуство немале, абе ајде бегајте таму. Па дури после победата над Холандија се израдуваа сите, а тоа што 3 утакмици губиме со плус 15 ништо не е.
Трајковски талентот, сите викаа добар бил кога играа во Охрид пред ЕП. Тој ако е кошаркар јас сум Мајкл Џордан, значи човекот нема врска од животот, знае само да фрла тројки и ништо друго. Не му одело демек, па него кога му тргнало па да не му оди сега.
И сеуште се чудам на тоа како може некој играч кој се нарекува професионалец и играл во Европа да прави чекори во контра.
16 години гледам кошарка секаква и не сум сретнал такво нешто. Еј значи контра, ја фаќа топката и трча со неа.
Па прво во контра се тапка топката а не фати ја и бегај накај кош. Тие си мислат играат против Кожув и судиите се наши па нема да видат, ненормални.