ЕвроБаскет 2015 (Хрватска, Франција, Летонија, Германија)

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ме зачуди како нема тема за годинашниот ЕвроБаскет, кој започнува денеска со мечот Чешка - Естонија. За прв пат годинава од досега одржани 38 европски првенства, првенството ќе се одржи во четири земји-домакини, т.е. Хрватска, Франција, Летонија и Германија. Се натпреваруваат 24 тима поделени во 4 групи од по 6. Меѓу овие 24 репрезентации е и нашата, која според сите прогнози и генерациската смена и промена на одличен тренер у 5 до 12, нема никакви шанси за успех на првенството.

Група А - се игра во Монпелје, Франција
Тука играат Франција, Босна, Израел, Русија, Полска и Финска.

Група Б - Берлин, Германија
Играат Германија, Исланд, Шпанија, Србија, Турција и Италија

Група Ц - Загреб, Хрватска
Играат Хрватска, Македонија, Грција, Словенија, Грузија и Холандија

Група Д - Рига, Летонија
Играат Летонија, Литванија, Естонија, Белгија, Чешка и Украина.

Според играчите што ги имаат на својот список, Французите, Шпанците, Србите би ги ставил за најсериозни кандидати за освојување на трофејот.
Ама да не одиме толку далеку туку чекор по чекор.

Во првата група Франција и нема некој си посериозен конкурент со кој би се борела за прво место во групата, Босна, Израел, Русија, Полска и Финска се изедначени моментално во квалитетот па тешко би погодил која би се пласирала понатаму. Босна игра мислам без Телетовиќ (злато вреден за нивната селекција), Русија е далеку од онаа репрезентација против која се боревме за бронзата во Литванија, Финска има само старци во својата селекција, Полска и Израел се далеку од јаки селекции, ама нив би ги играл во борба за второ и трето место во групава, а за четвртото да се избори Финска, пред се поради искуството.

Во втората група веќе приказната е поинаква. Ако има група на смртта, тогаш ова е таа. Шпанија и Србија ќе биде дерби за првото место, Турција е секогаш опасна, без разлика што е некоја класа послаба, Италија одамна не е во врвот на кошарката, ама полека се враќаат. Исланд се аматери кои прв пат доаѓаат на првенство, а и Германија мислам ќе го папа од сите во групава, освен од Исланд.

Во нашата група, борбата за првите три места ќе биде меѓе Хрватска, Грција и Словенија со што мала предност им давам на Хрватите ко домакини. За четвртото место што ќе водди во следна фаза ќе се води мачна борба меѓу нас и Грузија, Холандија нема ни имиња ни традиција во овој спорт, ни никаква шанса да помине понатаму.

Во четвртата група, пак би рекол донекаде изедначена група. За првото место би се пласирала Литванија, за второ и трето ќе се борат Белгија, Летонија, а за четвртото најверојатно Чешка и Украина. Естонија нема никакви шанси.

Преноси ќе има на Сител и Сител три, ние првата утакмица ја играме против јужниот сосед од 18.
Го прогласувам првенството за отворено. :D Бујрум на дискусија.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Белгија освојува медал :frantic

b13427270821_17. 4989662.jpg

Франција е ваљда прв фаворит пошто брани титула и завршница се игра таму, ако игра Паркер би требало да е формалност.
Литванија вечно се мота околу полуфинале, Србија може нешто да се појави во завршница, Шпанија ваљда, Новицки остаре, Италија е прикриен фаворит, Русија е заебанција, Хрватска фаворит од троа подебела сенка...

Слабо нешто патриотски набој овојпат, нема раја по улици, медиумски хајп ова она, изгледа се имаат усрано од Грција ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Јас мислам дека на Французите им нема рамни на првенствово. Батум и Паркер не верувам дека некој ќе ги сопре.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Косово ќе игра на ЕП?
th_template-philosoraptor.jpg
исправено браад, у брзање го пишував па сум утнал.

Туку изненадувачки Холандија води против Грузија. Ќе видиме што ќе направи до крајот.
ПС. Хрватскиве мажоретки се ватрени, штета што не ги покажуваат појќе. :zelen
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Треба Хано Мотола да го одмрзнат финците и да го ревитализираат инаку ништо не прават...
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Како бе Германија ќе го папала од сите во групата? Добро ај еве од Шпанија а и ни на Шпанците не им давам толку шанси затоа што не се толку јаки веќе, Србија не дека е слаба ама дека лесно би победила против Германија не верувам. Овој Аутрајдеров па вика Новицки остарел, а Паркер младич да не е? Новицки сам го носи Далас во НБА на овие години така да не би ги отпишувал одма Германците, за дека ќе поминат мислам дека ќе поминат.

Италијанците имаат интересни играчи, одлични шутери се сите, само лошо е што сите сакаат да глумат ѕвезди, ако се средат и играат тимски ќе направат добар резултат. Јас лично би сакал да ги видам на горните места.

Србите што знам, второ место на светско, одлични поединци имаат, ништо чудно да стигнат до финале.

Хрватите не верувам да бидат изненадување на првенствово, во нашава група ќе бидат збришани од Грците експресно.

Грција па од друга страна никогаш појака. 4 НБА играчи кои не се за потценување, одлични играчи се сите не за џабе се таму, и плус еден од најдобрите плејови во Европа. Мислам дека да играат и со резервите пак ќе бидат први во група, никаков сомнеж немам во тоа дека ќе се први во групава.

Франција фаворити нормално, и јас навивам за нив. Кога би бирал би одбрал Франција - Италија финале, ама ако гледаме реално тогаш би требало Франција - Шпанија/Србија/Грција да биде финалето. Според мене.
 
Ами Паркер има 33 а Новицки 37 плус многу повеќе терет носи Дирк него Паркер кога играат за репрезентација...два-три пати паузираше Новицки од такмичења последниве години пошто бил преморен...
 
Да ама сега Германската репрезентација не е како порано, сега ни Дирк нема толкав терет па да ја носи цела репрезентација на грб, не дека некои играчишта се соиграчите негови ама солидни се колку толку за да го одморат човекот. Со самото негово присуство на терен одма се гледа разлика, го удвојуваат и останува вишок играч во напад. Јас мислам дека нема да се утепани до толку Германците, сепак не се некои анонимуси.
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Како бе Германија ќе го папала од сите во групата? Добро ај еве од Шпанија а и ни на Шпанците не им давам толку шанси затоа што не се толку јаки веќе, Србија не дека е слаба ама дека лесно би победила против Германија не верувам. Овој Аутрајдеров па вика Новицки остарел, а Паркер младич да не е? Новицки сам го носи Далас во НБА на овие години така да не би ги отпишувал одма Германците, за дека ќе поминат мислам дека ќе поминат.

Италијанците имаат интересни играчи, одлични шутери се сите, само лошо е што сите сакаат да глумат ѕвезди, ако се средат и играат тимски ќе направат добар резултат. Јас лично би сакал да ги видам на горните места.

Србите што знам, второ место на светско, одлични поединци имаат, ништо чудно да стигнат до финале.

Хрватите не верувам да бидат изненадување на првенствово, во нашава група ќе бидат збришани од Грците експресно.

Грција па од друга страна никогаш појака. 4 НБА играчи кои не се за потценување, одлични играчи се сите не за џабе се таму, и плус еден од најдобрите плејови во Европа. Мислам дека да играат и со резервите пак ќе бидат први во група, никаков сомнеж немам во тоа дека ќе се први во групава.

Франција фаворити нормално, и јас навивам за нив. Кога би бирал би одбрал Франција - Италија финале, ама ако гледаме реално тогаш би требало Франција - Шпанија/Србија/Грција да биде финалето. Според мене.
Не дека нема изненадувања на првенствата, ама Германија дефинитивно го папа од Шпанија и Србија, а веруј и со Италија и Турција нема нешто да изигра. Не ја гледав утакмицата со Исланд, можда си се чувале за останатите утакмици, пошто победија со едвај 6 поени, ама тешко дека ќе играат во следна фаза. Едино ако Турците не потфрлат, па Немциве ко четврти да играат со Французите, и од нив да го испапаат. Далеку се Немците од онаа репрезентација што ја имаа пред 10-тина години.

Италијанците никогаш ми немале хемија на натпреварувањава, не знам зошто. И ептен ми се антипатични, со оној Датоме на чело.
А јужниве што ги толку величаш се можда малку над една просечна селекција. Не брзај со потценување на Хрватите. Не заборавај колку е важен домашниот терен, ко ќе им викнат 16.000 души, ќе видиме дали ќе ги наполнат Хрватите.

Изненадувачка победа на Холанѓаните дефинитивно. Грузијците го изгубија мечот буквално ко ние со Црна Гора пред 2 години. Ќе бидат тежок орев Холанѓаните за нас, брза кошарка, додавања имаат, оној Де Ванг или како и да е, дури на Борче од пред 4 години ми наликува.

Чесите очекувано ја потопија Естонија. И Полска според очекувањата тесно ја совлада Босна.