ЕвроБаскет 2015 (Хрватска, Франција, Летонија, Германија)

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Италијаниве растураат со тројкиве. Каква последна четвртина цц не е можно од каде погодуваат.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Македонија играше 20мин. Срамно е да изгубиш 20 разлика а да си водел по првиот дел мислам сварно нема смисла,
Она што ме изненади мислев дека Шпанија ќе победи но сепак сум се излажал ШПА 98-105 ИТА. Браво за Италијанците
Победите на северниот сосед, Словенија, јужниот сосед и Хрватска беа очекувани.
Она што мене лично ме изненади победите на Италија врз Шпанија и Турција над Германија.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Пораз до 3 разлика е добар за нас, само што ние кога губиме губиме како што треба, со 10 до 20 разлика. Мислам дека и денес ќе изгубиме.
Италијанциве иначе ако победат сега со Германија ќе се борат во директен дуел со Србите за прво место. Сега за сега води Германија со 29:22.

За вчера иначе, Италијанците растурија буквално. Белинели 7/9 за тројка, Галинари 29 поени, каква партија изигра тие двајца тоа чудо.

Ние очекувано си изгубивме од Хрватска. Колку толку се држевме во прво ама после на виделина излезе нашата неинтелигенција и глупавост и тоа е, среќа не изгубивме 30 разлика а можевме.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
42:42 на полувреме Германиија - Италија. Добра утакмица за разлика од овие нашиве кои не знаат каде се наоѓаат, една минута играат добро, десет минути ги нема никаде.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Леле овој Самарџиски значи каков луд играч е, положување да промашиш треба да си ептен забеган. Овој па шутеров наш Стојановски чекори прави на контра, ееј чекори на контра направи. :rofl:rofl
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Германциве пак се здивеа, овој Шредер баш сега најде да погодува. Еве го и Дирк се распуца. Сега се чека Трампот да ми каже како Германците немале играчи. :rofl
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Не ми се коментира веќе. Да сум на местото на КФМ, како што се дрва, по утакмицава ќе ги испратам патот пеш под нозе да го изодат до Скопје. Ако веќе не играат, не им се замара, нека се расформира федерацијата, репрезентацијата и крај. 30 годишни играчи да не знаат да дадат кош од поле. :banghead
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Победија Италијаниве (party)
Трилер утакмица жими се. Германија имаа меч топка, на Дирк му падна а тој Шредер утна под кош. После во продолженијата Италијанците доминираа. Прво се играше кош за кош ама во последната минута одбранија 2 напади и им бапнаа 5 поени по ред. Сега во директен дуел со Србија за првото место во групата.
Германија мислам дека ќе треба да ја победи Шпанија, не сум видел сеуште табелите како се ама мислам така е.
Не ми се коментира веќе. Да сум на местото на КФМ, како што се дрва, по утакмицава ќе ги испратам патот пеш под нозе да го изодат до Скопје. Ако веќе не играат, не им се замара, нека се расформира федерацијата, репрезентацијата и крај. 30 годишни играчи да не знаат да дадат кош од поле. :banghead
Па и тие од КФМ не се нешто подобри, само пари гледаат и ништо друго, затоа и на недела до почеток на ЕП тие го менуваат тренерот и го ставаат овој кафанџијава. Не дека играчите ни се нешто ѕвезди ама најголема вина има КФМ за моменталната состојба. Тоа што играчите играат незаинтересирано е друг муабет.

Јас не знам стварно како е можно да не можат да се постават во рекет, џабе ли се толкави волови. Уште па ќе викаат дека немале искуство, немаат мозок а не искуство. Наполниле по 30 години искуство немале, абе ајде бегајте таму. Па дури после победата над Холандија се израдуваа сите, а тоа што 3 утакмици губиме со плус 15 ништо не е.
Трајковски талентот, сите викаа добар бил кога играа во Охрид пред ЕП. Тој ако е кошаркар јас сум Мајкл Џордан, значи човекот нема врска од животот, знае само да фрла тројки и ништо друго. Не му одело демек, па него кога му тргнало па да не му оди сега. :rofl

И сеуште се чудам на тоа како може некој играч кој се нарекува професионалец и играл во Европа да прави чекори во контра. (facepalm)(facepalm)
16 години гледам кошарка секаква и не сум сретнал такво нешто. Еј значи контра, ја фаќа топката и трча со неа. :rofl:rofl
Па прво во контра се тапка топката а не фати ја и бегај накај кош. Тие си мислат играат против Кожув и судиите се наши па нема да видат, ненормални.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Што се случува со Французиве :eek: 33:23 губат на 2 минути до полувреме. И Исланд добро им се држат на Шпанциве ама не верувам да издржат во второ. И Холандија води против Хрватска.