Дрога (општа дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Прашањата не можат да се одговорат со да и не, пример со креативноста, дрога нема да направи гениј од морон но не може да се негира улогата на наркотиците при елиминација на инхибициите за што сведочи сета историја на уметноста и литературата. За техничка и научна креативност не врши работа дрогата...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Прашањата не можат да се одговорат со да и не, пример со креативноста, дрога нема да направи гениј од морон но не може да се негира улогата на наркотиците при елиминација на инхибициите за што сведочи сета историја на уметноста и литературата. За техничка и научна креативност не врши работа дрогата...
Мислиш дека елиминација на инхибициите е ок? Сите разговараат за слободата, но колку е исправно и до која мерка да сме слободни? Не го спорам фактот дека под дејство на наркотици можеш да дејствуваш без ограничувања, но дали е вистинскиот пат? Дали сме свесни кој се последиците од користењето на дрога? Кој се несаканите долгорочни ефекти? Мислиш ли дека единствено под дејство на дрога ќе си незапирлив? Дрогите ја уништуваат креативноста, можеби моментално ќе бидеш поспособен да се искачиш нагоре и веројатно ќе се чуствуваш подобро, но откако дејството на дрогата ќе помине СИГУРНО ќе се чуствуваш полошо од пред да земеш дрога. Има и друг начин на кој ќе ја зголемиш способноста да соочуваш и контролираш, кој сигурно не остава несакани последици. Но, прашањето е колку некој е силен да го издржи тоа? Сите ние во обид да го избереме послесниот пат, го бираме погрешниот
 
Секако дека е добро затоа што креативноста не смее да биде огграничена со инхибиции, има куп писатели кои го опишувале дејството на дрогите, секако нема да постоеле многу од делата кои ги читаме гледаме и слушаме. А последици нормално дека има и раја треба да се информира, како уосталом за било што на светот.

Слободата или ја има или ја нема, како и трудночата...
Наркотиците го следат човекот од настанокот до денес а до пред 70-80 години биле сосема легални. Не се ниту лоши ниту добри, све зависи од односот на луѓето кон нив.
Има многу за разговор на оваа тема, не нужно само околу дрогите, но се работи за различни појдовни премиси...
Зошто луѓето отсекогаш сакале да ја избегнат реалноста?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Штета што По или Бодлер не знаеле дека дрогата ја уништувала креативноста... да си се вработеле како чиновници со време да си оформеле породица и да оделе фцрква секоја недела а не некакви чафки гаврани и зли цвеќина да им го испијат мозокот...
 
TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Секако дека е добро затоа што креативноста не смее да биде огграничена со инхибиции, има куп писатели кои го опишувале дејството на дрогите, секако нема да постоеле многу од делата кои ги читаме гледаме и слушаме. А последици нормално дека има и раја треба да се информира, како уосталом за било што на светот.

Слободата или ја има или ја нема, како и трудночата...
Наркотиците го следат човекот од настанокот до денес а до пред 70-80 години биле сосема легални. Не се ниту лоши ниту добри, све зависи од односот на луѓето кон нив.
Има многу за разговор на оваа тема, не нужно само околу дрогите, но се работи за различни појдовни премиси...
Зошто луѓето отсекогаш сакале да ја избегнат реалноста?
Затоа што не сакаат или не можат да се соочат со неа? Да, човек го избегава она што не може да го соочи, а знаеш како може да се соочи тоа што те тера да бегаш од него? Единствениот начин да ги соочиш реалните нешта е да се справиш со нив, ама кој го може тоа? Животот сите сакаат да го живеаат во царството на мечтите и да размислуваат како БИ требало да изгледа реалноста, а не се доволно храбри да излезат, да стапат во контакт со реалноста и едноставно да ја прифатат таква каква што е, или пак да ја сменат. Ама за нешто да смениш треба да се вклучиш во акција, полесно е да лежиш и медитираш, но тоа не те прави човек, тоа те прави роб баш на дрогите. Секогаш постои начин работите да течат по твое и да го создадеш светот каков што го сакаш, но треба многу труд и работа, кој е достоен за тоа?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Наркоманијата е субвенционирана од државата директно и индиректно а спрегата меѓу наркомафијата и власта е траен сојуз. Ако на тоа се додаде лажниот алтруизам тогаш реалноста е согледана. Постои еден начин да се смени но тоа не се прави бидејќи етатистичките фанатици бегаат од реалноста и логиката како џанак на хорс.
 
TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Наркоманијата е субвенционирана од државата директно и индиректно а спрегата меѓу наркомафијата и власта е траен сојуз. Ако на тоа се додаде лажниот алтруизам тогаш реалноста е согледана. Постои еден начин да се смени но тоа не се прави бидејќи етатистичките фанатици бегаат од реалноста и логиката како џанак на хорс.
Ne navleguvam vo megusebnata povrzanost, mojata ideja e mladite luge da se inforimiraat pred da pristapat kon konzumiranje droga, da gi ispitaat dvete strani, da donesat resenie za najgolemo dobro. Sekako deka nekoj sto reklamira kako drogata(zboram i za legalnata droga) e korisna i mu pomaga na covekot, ima svoja licna korist, no idejata mi e sto poveke luge da ne vlezat vo lavirintot, a onie koi veke se da se obratat za pomos, zatoa sto postoi resenie da se zivee zivot bez drogi i postoi izlez od situacijata koja ne mele. Sekoj covek moze da zivee osloboden od drogi(dokolku saka) i da go iskusi zivotot na mnogu podobar nacin od koga bil zaglaven ili pak mislel deka edinstvenoto resenie e zemanjeto droga.
 
Постојат многу состојби каде легалните дроги се незаменливи, има пациенти кои имаат мака, има операции, има раја со психички тегоби има све... не е тоа реклама ами реалност.
Не сакам да замислам што би се случило нагло да снема алкохол, цигари, кафетини, аналгини, лексилиуми, дијазепами, тромадоли, апаурини, хелекси и слични легални дроги, голема е веројатноста да те убие некој по улица, а тек какви семејни драми би имало не сакам ни да замислам, би се ослободил демонот на деструкцијата, дистопични визии би настанале по градски булевари и селски сокаци...

Дрогите ги употребува цело село бидејќи системот е нечовечки. Чарето е, како што кажа еднаш легендарниот Џорџ Карлин - масовно крвопролевање и ништо друго, но тоа нема да се случи и затоа остануваат дрогите, легални и нелегални да го направат овоземниот престој на рајата колку толку поднослив.

П.С. Најџаначка земја по глава на жител е Иран, каде што се делат смртни казни како колачиња за користење и продажба на дрога...
 
Чарето е да се подигне свеста кај луѓето и да не се клукаат со аспирини, аналгини и разни други лекарства со слично дејство при секоја болка, зато што се станува зависен, чарето е да му се помогне вистински на некој зависник од дрога, а не од улучна дрога да го прфрли докторот на легална дрога која што е 10 пати потешка-некој од тоа добро заработува. Нормално е доколку некој мора да направи операција да се користат анестетици, но злоупотреба на истите? Не говорам за да ги предомислам оние луѓе кои одлучиле да си го уништат животот и мислат дека нема решение, говорам за да помогнам некому да сфати дека не е се така црно и дека тоа што треба да го направи кога мисли дека нема излез е да се бори, а не да посегне по таканаречени убивачи на болка.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
@TheCat кои дроги си ги употребувала?Дали пред да почнеш да ги употребуваш се информира за нив?Кој ти понуди и зошто почна да ги конзумираш?И за крај како се излечи од нив,како што видов си престанала да употребуваш дрога? :)