Дрога (општа дискусија)

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
На човек кој минал низ такви работи потребно му е да ги зборува... не знам што толку лоши реакции...
Можеби затоа што веќе 3-4 пати едно исто го кажува. Прочитавме првиот пат, се дрогирала, крадела, криминалец била, и на крај се излечила и веќе не е. Ништо посебно, ништо за читање по пет пати.
 

TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Можеби затоа што веќе 3-4 пати едно исто го кажува. Прочитавме првиот пат, се дрогирала, крадела, криминалец била, и на крај се излечила и веќе не е. Ништо посебно, ништо за читање по пет пати.
Ако не сакаш не си приморан да читаш, колку што jас знам секоj има право на jавна мисла и говор. Не барам од тебе да се сложиш со фактот дека jас ке продолжам и понатака да споделувам на оваа тема, но барем не покажуваj толкав револт.
Сепак информациите сметам дека не можат да наштетат, туку напротив да бидат од корист, но само за оноj коj jа знае вистинската вредност и истите правилно да ги искористи.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Можеби затоа што веќе 3-4 пати едно исто го кажува. Прочитавме првиот пат, се дрогирала, крадела, криминалец била, и на крај се излечила и веќе не е. Ништо посебно, ништо за читање по пет пати.
Секој зависник што успеал да ја победи зависноста и почнал да живее нов и нормален живот е човек кој заслува капа да му симнам и на колена да му се поклонам!!Не ПЕТ пати туку сто и пет пати треба да се прочита како се постигнал тој огромен успех.Па луѓе мои, ние неможеме од едни обични цигари да се откажеме, го утепаа од пцуење законот за пушење во затворени простории, неможеме од чоколади да се откажеме, една диета за слабеење со тешки маки дали до пола ќе ја спроведеме....БРАВО за @TheCat , големо браво и ти посакувам цел живот да бидеш вака храбра и успешна и ништо да не те залаже за да се вратиш во канџите на ѓаволот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheCat

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не сум во можност моментално да читам. Ако можеш во кратки црти да кажеш што се збори.

Во кратки црти како трејлер нешто? :D
Се работи за научна анализа околу факторите кои доведуваат до зависност, вклучително разни истражувања и соодветна евиденција како и експерименти кои авторот ги направил сам, во случајот со штакори каде се побиваат некои митови во врска со зависноста т.е. не е до дрогата ниту до видот на дрогата ниту до достапноста на истата него е до лицето кое ја зло/употребува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheCat

TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Во кратки црти како трејлер нешто? :D
Се работи за научна анализа околу факторите кои доведуваат до зависност, вклучително разни истражувања и соодветна евиденција како и експерименти кои авторот ги направил сам, во случајот со штакори каде се побиваат некои митови во врска со зависноста т.е. не е до дрогата ниту до видот на дрогата ниту до достапноста на истата него е до лицето кое ја зло/употребува.
Откако ќе внесиме дрога во организмот, дел се исфрла, а дел останува заглавен во масното ткиво за потоа да причини појава на истото чуство на уживање кое сме го имале додека сме биле под дејство на дрогата. И како што повеќе внесуваш дрога, така повеќе имаш заглавени токсини во телото и тие токсини ти предизвикуваат поголема и поголема желба за пак и пак да внесуваш дрога, нив не можеш да ги исфрлиш на друг начин освен со сауна(има посебни чекори, не е тоа да одиш во сауна 15 мин. и готово ги исфрлив токсините). Откако ќе го исчистиш телото од заглавените токсини и ќе си ги вратиш повторно во нормала сетилата за вкус, мирис, допир, вид, ќе ти се подобри сонот и многу други придобивки, после тоа говориме за таа ментална зависност.
Нормално има луѓе кои се борат против таа желба што ја бара телото повторно да земаат дрога, затоа што цврсто се одлучиле да одат напред, но има многу кои се лажат дека не се физички зависни и дека можат да престанат кога сакаат, а всушност не можат. Се сложувам со фактот дека некои луѓе престанале да користат дрога сами од себе, но јас мислам дека посигурен начин е тој најпрвин да го исчистиш телото, па умот, за да немаш понатамошни рестимулации или несоодветни реакции на луѓето и околината.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Поддршка до сите кои излегле од тој кошмар, а уште поголема до тие што чекорат на патот до излезот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheCat and diva orhideja