Во кратки црти како трејлер нешто?
Се работи за научна анализа околу факторите кои доведуваат до зависност, вклучително разни истражувања и соодветна евиденција како и експерименти кои авторот ги направил сам, во случајот со штакори каде се побиваат некои митови во врска со зависноста т.е. не е до дрогата ниту до видот на дрогата ниту до достапноста на истата него е до лицето кое ја зло/употребува.
Откако ќе внесиме дрога во организмот, дел се исфрла, а дел останува заглавен во масното ткиво за потоа да причини појава на истото чуство на уживање кое сме го имале додека сме биле под дејство на дрогата. И како што повеќе внесуваш дрога, така повеќе имаш заглавени токсини во телото и тие токсини ти предизвикуваат поголема и поголема желба за пак и пак да внесуваш дрога, нив не можеш да ги исфрлиш на друг начин освен со сауна(има посебни чекори, не е тоа да одиш во сауна 15 мин. и готово ги исфрлив токсините). Откако ќе го исчистиш телото од заглавените токсини и ќе си ги вратиш повторно во нормала сетилата за вкус, мирис, допир, вид, ќе ти се подобри сонот и многу други придобивки, после тоа говориме за таа ментална зависност.
Нормално има луѓе кои се борат против таа желба што ја бара телото повторно да земаат дрога, затоа што цврсто се одлучиле да одат напред, но има многу кои се лажат дека не се физички зависни и дека можат да престанат кога сакаат, а всушност не можат. Се сложувам со фактот дека некои луѓе престанале да користат дрога сами од себе, но јас мислам дека посигурен начин е тој најпрвин да го исчистиш телото, па умот, за да немаш понатамошни рестимулации или несоодветни реакции на луѓето и околината.