Дрога (општа дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Чарето е да се подигне свеста кај луѓето и да не се клукаат со аспирини, аналгини и разни други лекарства со слично дејство при секоја болка, зато што се станува зависен, чарето е да му се помогне вистински на некој зависник од дрога, а не од улучна дрога да го прфрли докторот на легална дрога која што е 10 пати потешка-некој од тоа добро заработува. Нормално е доколку некој мора да направи операција да се користат анестетици, но злоупотреба на истите? Не говорам за да ги предомислам оние луѓе кои одлучиле да си го уништат животот и мислат дека нема решение, говорам за да помогнам некому да сфати дека не е се така црно и дека тоа што треба да го направи кога мисли дека нема излез е да се бори, а не да посегне по таканаречени убивачи на болка.

Droga je pošast modernog doba :D
Дрогата, како и се` друго под сонцето небесно е ствар на корисникот. Ако се прифати здравствениот аргумент како почетна морална точка тогаш работата е на лизгаво тло.

1. Злоупотреба на дрога е штетна (главна премиса и факат)
2. Штетноста се спречува со законска забрана (споредна премиса која не е факт ами став базиран на морална основа)
3. Дрогата е забранета. (заклучок)

And then...
1. Злоупотреба на шеќер е штетно
2. Штетноста се спречува со законска забрана
3. Шеќерот е забранет.
Not really...:zelen

Едноставниот силогизам кој владее не успева да ја раздвои злоупотребата од употребата. Иако тоа не се однесува на храната која коси милиони животи а прекумерната тежина е навистина масовен убиец и камен на вратот на здравстените системи по светот.
Муабетот ми е дека злоупотребувачот сам треба да е одговорен за својот избор и последиците од истиот.
Како и љубители на екстремни спортови, коцкари, ждерачи на сланина и леб, раја која води седечки начин на живот и којзае колку други примери.

Иако во некои земји имало или биле во процедура закони за дополнителен данок на фаст фуд и газирани сокови, кока коли, пепси и слични. Бикоз било штетно... и бидејќи власта го сака и се грижи за здравјето на народот. Не поради моќ и пари, нема шанси (party)

Моралноста или е универзална или е безвредна.
Исто и спроведувањето на законите, ако не е универзално - тогаш е срање. Богата раја, славни актери и актерки, уметници, политичари, тајкуни - купуваат и користат масовно дрога па дури и говорат за тоа а остануваат неказнети. Митре кој го фатиле со 0,3 грама трева го апсат и го објавуваат по весници...

Накратко, ниеден закон нема да спречи злоупотреба на било што а за психолошките механизми кои го водат човек на пат на злоупотреба е долга и широка, не сум нешто особено компетентетен, лаичко мислење е дека се работи за длабоки внатрешни судири и потиснати незадоволства, фрустрации и гнев, таков е системот, 20 години требаат само за да човек се квалификува како потенцијален работник кој потоа ќе биде даночен обврзник до смрт, долга и широка е... но чарето е во целосна легализација на сите наркотици, како што било во целата човечка историја, до пред 60-80 години. Па на кој му држи газот нек изволи, како шо на кој му држи мевот сланина - ждере...
 
TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
@TheCat кои дроги си ги употребувала?Дали пред да почнеш да ги употребуваш се информира за нив?Кој ти понуди и зошто почна да ги конзумираш?И за крај како се излечи од нив,како што видов си престанала да употребуваш дрога? :)
Јас употребував главно марихуана, кокаин, алкохол и на крај апчиња. До некоја одредена мера знаев дека дрогите се штетни и од нив се станува зависен, но немав ниеден кој би ми бил пример и некој кај кого ќе видам дека не е нормално земањето на дрога. Дозволив друштвото, мојата глупавост и наивност да преовладаат и да им верувам на џанкерите и дилерите дека дрогата не е штетна (јас си знам). Почнав да конзумирам дрога затоа што не можев да се соочам со реалноста, со светот, со загубите, затоа што бев разгалена мала принцеза и мислев дека цел свет се врти околу мене. Не се излечив туку се изрехабилитирав, мене дрогата не ми беше проблем туку "решение", а потоа ми стана голем проблем, значи бев на рехабилитација на база на витамини, минерали, масажи, сауна и многу многу активност, читав книги и најдов кое е вистинското решение за проблемите во животот и најважно од се сфатив која сум јас и кои се моите цели и како да ги остварам.

Доколку како што изјавуваш дојде до целосна легализација на наркотиците, би настанало пустош во општеството, цел универзум би се уништил, би имале свет управуван од дроги и само од дроги, тотален хаос, а и самите знаеме што се случува кога си под дејство на наркотици. Нема морал без етика, човек пред се треба да биде доволно етичен, доволно разумен, способен и голем, пред се човек треба да биде човек за да стане морален.
Малкумина водат здрав живот, кај повеќето се е брзо, па и животот и во таа трка нема доволно посветеност на себеси по што страда телото а и умот, но кој е виновен?
 
Последна промена од модератор:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Доколку како што изјавуваш дојде до целосна легализација на наркотиците, би настанало пустош во општеството, цел универзум би се уништил, би имале свет управуван од дроги и само од дроги, тотален хаос, а и самите знаеме што се случува кога си под дејство на наркотици. Нема морал без етика, човек пред се треба да биде доволно етичен, доволно разумен, способен и голем, пред се човек треба да биде човек за да стане морален.
Малкумина водат здрав живот, кај повеќето се е брзо, па и животот и во таа трка нема доволно посветеност на себеси по што страда телото а и умот, но кој е виновен?

:D
Драга мала разгалена принцезо, дали си ја читала книгата 1984 од чичко Орвел, тој таму прикажува дистописко општество каде што власта ја пишува и брише историјата според моменталните потреби. Синдромот на Евроазија вс. Океанија е сличен во случајот со дрогите. Значи ќе повторам, до пред 70-80 години сите дроги биле легални по светот, Фројд и Жил Верн си купувале квалитетен кокаин од аптеки и си шмркале.
Што значи не, ако денес дрогите се нелегални тоа не значи дека отсекогаш биле нелегални. Никогаш не биле , освен денес, метафорично.

Ниту постоел пустош во општеството, ниту црни дупки вознемирени од легалноста на хашишот се упатиле да ја снифнат земјата како бела линија на стаклена маса :franticниту бил светот управуван од дроги (!?), ниту имало тотален хаос - сосема напротив, имало многу малку џанаци, никој не умирал од нечиста дрога и не постоел организиран криминал, посебно не нарко-мафија.

Штета што нема статистики од турско и српско за да споредиме, но има еден јасен показател - тоа е целосното непостоење на џанаштвото во народното творештво, имаш колку сакаш приказни, митови и легенди за пијаници, коцкари, блудници и остали пороци, па дури и тутунот го има... а ништо за џанаштвото. Којзнае зошто... на територија каде се одгледувал најквалитетен афион во светот а и конопот не бил за фрлање.:pusi

Прво треба да го сфатиш тој шокантен факт дека дрогите биле легални во 99% од постоењето на цивилизацијата (Сумер, оние дечките со клинесто писмо).
А и пред тоа секако, во времето кога хомо-сапиенсот не бил цивилизиран, едно 200.000 години.
http://www.archaeology.wiki/blog/2014/05/15/ritualistic-drug-use-in-neolithic-europe/

Веројатно знаеш дека постои корелација меѓу твоето бидување мала разгалена принцеза и твојата злоупотреба на кокаин. Не за друго, кокаинот е најскапа дрога на пазарот колку што знам и не е достапна кај Ставре треварчето туку е пред се статусна дрога, Ферари меѓу дрогите. Ако си имала пари и пристап кон редовно снабдување со кокаин толку време тоа значи дека си од богато семејство, и тоа прилично богато.
И сега пази, и покрај тоа што кокаинот е тотално нелегален, ти си нашла начин да дојдеш до него...којзнае колку пати :)
Коренот на твојата зависност не е во достапноста на дрогата, таа и покрај нелегалноста е достапна - туку е во размазеноста или нешто сосема трето, не можам да се правам паметен со анализи базирани на форумски пост, само претпоставувам.

И да беше легален кокаинот - ти ќе посегнеше по него како што си посегнала и покрај нелегалноста, само што тоа ќе те чинело неспоредливо помалку и ќе си имала контролирана супстанца, лабораториски испитана, квалитетна и ќе си ја набавувала без стигма од средината.

Наркомафијата и делот од власта кој е поврзан со неа се радуваат на паниката, неинформираноста, моралната неконзистентност и лажната филантропија.
 
TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Најпрво фала за податоците од минатото, ама искрено воопшто не ме засега дали некогаш дрогата била легална или не и кај купувале, јас зборам за сега, за овој период, за ова општество. И не знам зошо постојано настојуваш да ме информираш за некоја поврзаност меѓу власта и наркомафијата кога мојата идеја е јасна, луѓето повеќе да се информираат во врска со дрогата и нејзиното штетно дејство за да не паднат во дрога, тоа е се.
П.С. Ќе сакаш да ми го дадеш правилното значење на зборот дистописко
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Најпрво фала за податоците од минатото, ама искрено воопшто не ме засега дали некогаш дрогата била легална или не и кај купувале, јас зборам за сега, за овој период, за ова општество. И не знам зошо постојано настојуваш да ме информираш за некоја поврзаност меѓу власта и наркомафијата кога мојата идеја е јасна, луѓето повеќе да се информираат во врска со дрогата и нејзиното штетно дејство за да не паднат во дрога, тоа е се.
П.С. Ќе сакаш да ми го дадеш правилното значење на зборот дистописко

Дистопија е спротивно на утопија, уредување во кое големото мнозинство раја е во стегите на тоталитарноста. Класичен пример за тоа е државата позната под име ФИРОМ.:)

Нормално дека не те интересира, ни за момент не помислив на можност за увидување на корелација и каузација, јас само онака, во настап на ничим изазван оптимизам си куцав на тастатура. Со среќа во информирањето на младината. Droga je pošast modernog doba :kafe
 
И :kafe е дрога хехе, ствара зависност и баш ти одговара на крајов
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И :kafe е дрога хехе, ствара зависност и баш ти одговара на крајов

Признавам, јас сум кофеиноман (3-4 кафиња дневно, 1 чај, чат пат газирано нешто со кофеин, ред бул мразам иначе) и одамна сум во канџите на кофеинот... а почнав така невино....детски... со густ сок.:zelen
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Јас употребував главно марихуана, кокаин, алкохол и на крај апчиња. До некоја одредена мера знаев дека дрогите се штетни и од нив се станува зависен, но немав ниеден кој би ми бил пример и некој кај кого ќе видам дека не е нормално земањето на дрога. Дозволив друштвото, мојата глупавост и наивност да преовладаат и да им верувам на џанкерите и дилерите дека дрогата не е штетна (јас си знам). Почнав да конзумирам дрога затоа што не можев да се соочам со реалноста, со светот, со загубите, затоа што бев разгалена мала принцеза и мислев дека цел свет се врти околу мене. Не се излечив туку се изрехабилитирав, мене дрогата не ми беше проблем туку "решение", а потоа ми стана голем проблем, значи бев на рехабилитација на база на витамини, минерали, масажи, сауна и многу многу активност, читав книги и најдов кое е вистинското решение за проблемите во животот и најважно од се сфатив која сум јас и кои се моите цели и како да ги остварам.
Велиш дека си немала некој пример за да видиш како влијае дрогата,сепак си знаела дека е штетна и се станува зависен а пак си посегнала по неа.
Мислам дека тоа со примерот ти е само изговор,за да видиш примери имаш достапни информации на интернет што не било случај во минатото па ај да ги оправдаме што 'несвесно' пробале дрога.
Сигурно си прочитала вест на интернет 'наркоман' нападнал пензионерка ,'наркоман' ограбил стан ...и слични приказни кои ја покажуваат нивната состојба и на што се све спремни.
Според мене во дрога човекот се впушта свесно,со знаење што конзумира од различни причини. (Кој од бес,од премногу пари и од негрижа и запоставеност на на родителите,многу често од запаѓање во лошо друштво.... се со цел да се избегне реалноста,достигнување на врвен момент до неописливо добро чувство,а кога ќе помине дејството да западнеш во голема психичка криза.
Мајка ми има лечено такви пациенти и ми има кажувано најразлични ситуации...(Како секаде ја криеле,во задникот,папучи... им ја носеле дури и родителите (facepalm))
Друго,можеби и Аутрајдер има право,поголема е опасноста во земјите каде што не е легална дрогата , бидејќи 'не знаеш' што конзумираш... Па имаш среќа што не ти ја подметнале Крокодил бидејќи од неа нема рехабилитација.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Велиш дека си немала некој пример за да видиш како влијае дрогата,сепак си знаела дека е штетна и се станува зависен а пак си посегнала по неа.
Мислам дека тоа со примерот ти е само изговор,за да видиш примери имаш достапни информации на интернет што не било случај во минатото па ај да ги оправдаме што 'несвесно' пробале дрога.
Сигурно си прочитала вест на интернет 'наркоман' нападнал пензионерка ,'наркоман' ограбил стан ...и слични приказни кои ја покажуваат нивната состојба и на што се све спремни.
Според мене во дрога човекот се впушта свесно,со знаење што конзумира од различни причини. (Кој од бес,од премногу пари и од негрижа и запоставеност на на родителите,многу често од запаѓање во лошо друштво.... се со цел да се избегне реалноста,достигнување на врвен момент до неописливо добро чувство,а кога ќе помине дејството да западнеш во голема психичка криза.
Мајка ми има лечено такви пациенти и ми има кажувано најразлични ситуации...(Како секаде ја криеле,во задникот,папучи... им ја носеле дури и родителите (facepalm))
Друго,можеби и Аутрајдер има право,опасноста во земјите каде што не е легална дрогата постои поголема опасност, бидејќи 'не знаеш' што конзумираш... Па имаш среќа што не ти ја подметнале Крокодил бидејќи од неа нема рехабилитација.
Веруваш во она што сакаш да веруваш, го гледаш она што сакаш да го видиш и го правиш она што сакаш да го правиш. Најверојатно во тој момент сум сакала тоа да го правам, а причините зошто ги имам наведено - неспособност да се соочат нештата онакви какви што се, желба да живеам во имагинарен свет тоа е тоа. Секако дека имаше и примери и "совети", ама затоа што јас бев слабак и глупава паднав. Ги објавувам овие работи за некој друг да се спречи самиот да посегне по дрога, затоа што секогаш има решение од секоја ситуација без разлика колку е тешка. Разбирам дека некои сфаќаат, некои делумно сфаќаат, а на некои им е тотално нејасно за што зборам ама... Битна е намерата
 
TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
За да се откажеш од оваа одвратна зависност, најпрвин треба да си решен да го сториш тоа. Тоа треба да е твоја одлука зад која црвство ќе стоиш. Но, нажалост само одлуката повеќе да не конзумираш дрога нема да ја поправи штетата што си ја направил, нема да ги смени твоите навики и нема тебе да те подобри како човек. Центарот кој што го посетував за одвикнување од зависности не ме излекува(затоа што јас не бев болна-немав никаква физичка болест), туку ја подржа мојата идеја да живеам живот без дроги и ми помогна правилно да ги справувам ситуациите во животот. Се што дознав, дознав сама, тоа се мои успеси, мои придобивки, мои сознанија и како на такви им верувам. Се она што го научив и подобрив кај себе ме прави да бидам горда на тоа што сум јас сега.

Ниеден психијатар на светов не може да ме убеди дека зависниците од дрога СЕ пациенти и дека тие МОРА да се лекуваат со апчиња. Помагав во центарот доволно долго за да сфатам дека еден зависник кој што одлучил да ја остави навиката зад себе треба да биде третиран на посебен начин (со екстра витамини, минерали и масажи) само во периодот кога ја поминува кризата, а потоа сите сме исти и сите сме нормални. Знам дека најлесен начин на справување е некого да успиеш со апчиња, но јас сум посреќна кога на човек кој побарал помош му помагам на вистински начин, го држам буден и активен, и не ми се потребни никакви награди, благодарници или признанија, јас сум исполнета кога ќе ја видам неговата благонаклонетост и желбата повторно да живее. Секоја потешкотија се справува со останување активен, работата нема да те убие, но убивачите на болка сигурна сум дека постепено ги умртвуваат нервите во телото, а тоа се знае до кај води.

За да се справиш со еден зависник ти треба обука, за која што многумина не се подготвени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja