Не можев да најдам соодветно место кај да го споделам ова,не успеав ни да разберам дали политиката на форумов го дозволува ова, но решив да ви се обратам на сите тука, зошто мислам дека би имало повеќе корист од штета. Оваа тема на жалост кај нас сеуште е табу тема и затоа се повеќе млади лица запаѓаат во мрачните патишта на дрогите. Ќе наведам 10 изјави во врска со дрогите кои сакам да одговорите со точно или погрешно:
1.Постојат добри и лоши дроги
2.Некои дроги не му штетат на умот
3.Никој не знае што предизвикува луѓето да земаат дроги
4.Повеќето дроги не создаваат навика
5.Алкохолот не е дрога
6.Марихуаната не е штетна
7.Екстази е побезбедна од другите дроги
8.Дрогите ја зголемуваат креативноста
9.Дрогите го подобруваат сексот
10.Дрогите остануваат во телото само еден ден
Сите десет од овие изјави се погрешни.
Информирајте се чесно и искрено пред да почнете да користите било каков вид на дрога, можете да станете зависни и доколку пробате само еднаш и тоа еднаш да биде смртоносно. Помогнете му на некој друг доколку има проблем со зависност од дрога-тие луѓе нема да ве убијат, туку ќе ви се благодарни ако му го покажете патот. Помогнете си себеси и најдете вистинско решение за својот проблем, земањето дрога не е решение, решението е никогаш да не земете дрога. Спасете нечиј живот, спасете си го вашиот живот