Постојат многу состојби каде легалните дроги се незаменливи, има пациенти кои имаат мака, има операции, има раја со психички тегоби има све... не е тоа реклама ами реалност.
Не сакам да замислам што би се случило нагло да снема алкохол, цигари, кафетини, аналгини, лексилиуми, дијазепами, тромадоли, апаурини, хелекси и слични легални дроги, голема е веројатноста да те убие некој по улица, а тек какви семејни драми би имало не сакам ни да замислам, би се ослободил демонот на деструкцијата, дистопични визии би настанале по градски булевари и селски сокаци...
Дрогите ги употребува цело село бидејќи системот е нечовечки. Чарето е, како што кажа еднаш легендарниот Џорџ Карлин - масовно крвопролевање и ништо друго, но тоа нема да се случи и затоа остануваат дрогите, легални и нелегални да го направат овоземниот престој на рајата колку толку поднослив.
П.С. Најџаначка земја по глава на жител е Иран, каде што се делат смртни казни како колачиња за користење и продажба на дрога...