Дали сте задоволни од нашето здравство?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Денес нашето здравство доби пофалби од претседателот на светската здравств.куќа на потрош. и Македонија се искачи од 28 место на ранг листата во 2013 на 16 место за 2014 во Европа,значи дека идеме нагоре.реформите се добри,но немаме доволно стручен кадар.

Од кого здравството добило пофалба? :eek:
На клинички во Скопје во еден оддел имаа ставено стари душеци со флеки од урина и крв по ходниците, дали да се сушат или планираа да ги сменат е мистерија.(facepalm)
Или пак не сум доволно упатен во пастирско-домољубната концептуална уметност, можеби пронашле измочана флека која дискретно постсетува на профилот на Амебинта седми.

Сепак, треба dasija sakame drzaaata, тоа е почетокот на мудроста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991, malo and existence

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Денес нашето здравство доби пофалби од претседателот на светската здравств.куќа на потрош. и Македонија се искачи од 28 место на ранг листата во 2013 на 16 место за 2014 во Европа,значи дека идеме нагоре.реформите се добри,но немаме доволно стручен кадар.
Колку веродостојни се тие информации исто колку и сумата на (народни) пари што типот ја добил за да искуца една „признаница“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Денес нашето здравство доби пофалби од претседателот на светската здравств.куќа на потрош. и Македонија се искачи од 28 место на ранг листата во 2013 на 16 место за 2014 во Европа,значи дека идеме нагоре.реформите се добри,но немаме доволно стручен кадар.
На линкот пишува дека сме на 40 место, 16 не можеме ни на сон да сме. Дури јас не ни верувам на информациите од линкот дека нас не треба ни да не има на листата од што сме за никаде, во Африканскине земји е подобро здравството од кај нас.

Еве ти еден пример.
2009 мислам беше кога бев еден месец во болница, имав заушки дека тогаш епидемија нели имаше нешто вакцините не биле во ред, не е битно. И сега, додека во секоја нормална земја би ти давале убаво јадење, би пазеле на тоа дали и кога си земал лек, би те посетувале повеќе пати во денот со цел за побрзо да оздравиш, овде тоа го немаше и уште го нема. Јас морав еден месец да јадам храна купена од надвор или донесена од дома, нормално не можеше секој ден да доаѓаат од дома и да ми носат ниту се имало пари да ми купуваат заради тоа јас за тој месец во нашите напредни здравствени установи ослабев цели 7 кила.
Бидејќи јадењето се состоеше од: За појадок кифла стоена цел век и тврда, можеш комотно шајка да заковаш со кифлата, јогурт со рок кој поминал пред 2 месеци. За ручек, немаше ништо, на пауза се тогаш сите. Вечера некоја супа исто така стоена којзнае колку време. И ти сакаш да кажеш дека ова е за пофалба и дека сме напреднале. Не ме смеј.
Да не зборувам за тоа што откако излегов од болница, ми требаше долго време да престане да ме боли грбот затоа што еден месец исто како да сум спиел на земја, толку беше тврд душекот. Ако некогаш имаше потреба од сестра, неа никаде ја немаше или ако дојдеше нејзинот одговор беше: "Ајде бе што туку викаш цело време". Професионален однос нема збор.
Никогаш не пазеа кога дошле на визита и кога ми дале лек и дали воопшто ми дале. На крајот кога излегував им кажав дека со вакви медицински сестри и доктори немаме светла иднина, тие ми се смееја изгледа сакаа да ми кажат дека многу им е гајле за болните, тие битно си лапаат парички.

Е така да си знаеш, во нормално здравство ќе направат се за да бидеш подобро и ако треба сестрата ќе ти стои пред врата за да ако нешто не ти е добро. Чао мадам.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133

реформите воопшто не се добри, а стручен кадар имаме на претек само не знаеме да го користиме, наградиме и форсираме...
Истиот тој кадар е доволно добар за една Германија и Шведска, ама не е доволен за нас?!
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Пример од 2009 год. Дали си бил сега скоро во некоја здравств.установа?Напиши ако си имал лошо искуство,што не ти се допаднало?

реформите воопшто не се добри, а стручен кадар имаме на претек само не знаеме да го користиме, наградиме и форсираме...
Истиот тој кадар е доволно добар за една Германија и Шведска, ама не е доволен за нас?!
Овие последни две-три години се запосли медицински кадар како никогаш досега во претходните години,се испраќаат на едукации во многу градови ширум Европа и светот.Секој месец се наградуваат најдобри доктори,се казнуваат и опоменуваат тие што не ги извршувале работ.задачи квалитетно и како што треба.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Овие последни две-три години се запосли медицински кадар како никогаш досега во претходните години,се испраќаат на едукации во многу градови ширум Европа и светот.Секој месец се наградуваат најдобри доктори,се казнуваат и опоменуваат тие што не ги извршувале работ.задачи квалитетно и како што треба.
А ти си медицинско лице? Дел си од здравството?
А од 2009 па наваму...да, сменети се многу работи, ама не на подобро, сигурно не за доброто на граѓанинот/пациентот...
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
А ти си медицинско лице? Дел си од здравството?
А од 2009 па наваму...да, сменети се многу работи, ама не на подобро, сигурно не за доброто на граѓанинот/пациентот...
Ќе те замолам за конкретни критики во здравството,а сите измени што беа направени,се прават и ќе се прават,нормално дека е за подобри услови и критериуми,како за пациентите така и за вработените.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ќе те замолам за конкретни критики во здравството,а сите измени што беа направени,се прават и ќе се прават,нормално дека е за подобри услови и критериуми,како за пациентите така и за вработените.
не ми одговори на прашањето...Дали си дел од здравството?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991