Тешко дека ќе се најде некој задоволен од нашето здравство. Хаос е во болниците (државните, за другите не знам, ама претпоставувам дека е поинаку). Штом човек стапне во болница, место да биде лекуван, ќе треба да трча по докторите. Место тие да го прегледаат и лекуваат пациентот, затоа што, нели, тоа им е работа, од тоа плата земаат - пациентот треба да моли за тоа.
Пред некое време, имав упат од матичниот, со точно закажан термин (нели, сега електронски картички, се’ супер функционира). Одам во болница, ми кажуваат дека докторот кај кој имав закажано преглед - има слободен ден! Па ајде, трчај низ болница, па дали ќе можам да го искористам истиот упат, па барај некој друг доктор, па чекај го којзнае колку време... Се’ тоа за еден обичен, најобичен преглед. Туку, да не кукам многу, можев ни крива, ни должна да си останам без преглед...
Во последно имам страв од болнициве наши. Да му е страв на човек да оди да се лекува. Не велат за џабе - да не го фати човек мака, ќе отидеш да бараш лек, а ќе се доразболиш...