Зошто бе, мене ми е сосема ок етикетата неверник, без разлика од кој извор доаѓа. Аутрајдер, неверникот. И онака судот на религиозните, дали се од страна на натприроден или секуларен бог...... не ми значи ништо. Нивното неодобрување е добар знак. Е сега понекогаш е проблематично во социјализацијата, човек ретко кога може да е искрен но што е тука е...
Ова дури сега го видов...
Судот на религиозните не ти е битен сега бидејќи живееш меѓу бројно христијанско население. Да си во Ирак, Иран и слични држави каде што исламот е инкорпориран во правните закони на државата (колку толку) и те како ќе ти значи што и кому и кога и како зборуваш за религијата, верувањето, религиозните пракси итн... бидејќи може да завршиш и на бесилка или камшикување. И тоа може да го добиеш дури и ако припаѓаш на друга религија.
Затоа велам: ако се средат религиите и престанат со она: ЈАС И САМО ЈАС СУМ ВИСТИНАТА, ДРУГИТЕ СЕ ЛАГА - ќе ги снема и сектите, ќе ја снема и поделеноста. До тогаш, како што реков и на една друга тема: Сонцето и Месечината ќе пролеваат крв уште долго време на Земјата. А за тоа се криви - ЛУЃЕТО! Сите!