Секти (генерална дискусија)

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Зошто бе, мене ми е сосема ок етикетата неверник, без разлика од кој извор доаѓа.:D Аутрајдер, неверникот. И онака судот на религиозните, дали се од страна на натприроден или секуларен бог...... не ми значи ништо. Нивното неодобрување е добар знак. Е сега понекогаш е проблематично во социјализацијата, човек ретко кога може да е искрен но што е тука е...

Ова дури сега го видов...

Судот на религиозните не ти е битен сега бидејќи живееш меѓу бројно христијанско население. Да си во Ирак, Иран и слични држави каде што исламот е инкорпориран во правните закони на државата (колку толку) и те како ќе ти значи што и кому и кога и како зборуваш за религијата, верувањето, религиозните пракси итн... бидејќи може да завршиш и на бесилка или камшикување. И тоа може да го добиеш дури и ако припаѓаш на друга религија.

Затоа велам: ако се средат религиите и престанат со она: ЈАС И САМО ЈАС СУМ ВИСТИНАТА, ДРУГИТЕ СЕ ЛАГА - ќе ги снема и сектите, ќе ја снема и поделеноста. До тогаш, како што реков и на една друга тема: Сонцето и Месечината ќе пролеваат крв уште долго време на Земјата. А за тоа се криви - ЛУЃЕТО! Сите!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

What if... ако се родев женско на Гренланд? :kafe
Или меѓу рисјаните ама во 1633 лето господово? Ќе ме палеа на сред село...
И да се родев во Сауди Арабија и во средновековна Баварија или независниот град Франкфурт пак ќе бев неверник, ни дарма ни карма не ме спасува од неверништото :D Имаш неверници насекаде па и во исламски земји, only they maintain low profile.

Религиите никогаш нема да престанат да инсистираат дека имаат монопол на вистината, ако тоа го направат тогаш нивниот Бог ќе изгуби на тежина (диета!?) и значење, никогаш не се случило такво нешто во историјата на религиите а нема ни да се случи. Единствен начин да исчезне инсистирањето на ексклузивитет врз `вистината` е да исчезнат религиите. Во денешно време има многу повеќе секти отколку порано, само рисјанските не можат да се пребројат...
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Лелеее секташки размисли... :)

Точно, премногу христијански оделни цркви има кои за се нешто имаат спротивен став и од главната струја исто и меѓу себе... чудаци :)
 
Peace

Истакнат Член
3 ноември 2013
9
14
103
25
Јас имам доволно информации во врска со сектите.Имав една другарка која имаше брат кој беше на факултет и престојуаше во инетрнат, подалеку од семејството. Ми раскажуваше дека една вечер тој се враќал од забава и здогледал група луѓе непознати.Во групата биле околу 10 членови. Тие запалиле оган и околу оганот пеале некои неразбирливи песни. Тој се уплашил и ги забрзал чекорите, но тие го здогледале и тргнале по него.. Тој почнал да трча но тие го фатиле. Потоа го измачувале го терале да пие крв од мачки и слично .Неможел сето тоа да го издржи и после 1 месец се самоубил и напишал писмо во кое пишувало се што му се
случило.. Страшно :(.. Потоа имам слушнато дека тие се против Христијанското учење.Некогаш тие сами се самоубиваат бидејки мислат дека одкако ќе се убијат ќе отидат во рајот, се додека се на земјава се во пеколот. Затоа ѓи убиваат тиа што највеќе ги сакаат мислејки дека ќе им посакуваат добро и со мислата дека ќе ги пратат во рајот...
Сеуште не се знае колку секти има во Македонија но најпознати се „Јеховините сведоци“ и „Црна Ружа“ . Црна Ружа е најраспространета секта на целиот Балкан, според зборувањата на луѓето седиштето на Црна Ружа е во Битола во подземјето. Сектите највеќе се застапени во градовите: Скопје, Битола , Велес и др ... Секташите најчесто можете да ѓи препознаете , тие што се членови на „Црна Ружа“ имаат тетоважа на вратот истетовирано црна ружа.. А некои имаат истетовирано на стапалото крст со тоa го прегазуваат Бог и верата. Исто така некои имаат истетовирано ( 6 6 6 ) - некој знак со што се обележува сектата. Некои зборуваат дека одат во гробишта и ги преобрнуваат крстовите..(:|
....jpg
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Исповед на поранешен член на една од најголемите секти на балканот.

http://think.mk/2014/03/07/ispoved-na-poraneshen-chlen-na-edna-od-najgolemite-sekti-na-balkanot/
Автор: Брлев!
- Твитерџија, блогер и креативец кој чувствува потреба да внесе повеќе содржини (размислувачки и опуштени) во македонската сајбер мрежа.
(facepalm)
Живела „жута штампа“ :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Јас имам доволно информации во врска со сектите.Имав една другарка која имаше брат кој беше на факултет и престојуаше во инетрнат, подалеку од семејството. Ми раскажуваше дека една вечер тој се враќал од забава и здогледал група луѓе непознати.Во групата биле околу 10 членови. Тие запалиле оган и околу оганот пеале некои неразбирливи песни. Тој се уплашил и ги забрзал чекорите, но тие го здогледале и тргнале по него.. Тој почнал да трча но тие го фатиле. Потоа го измачувале го терале да пие крв од мачки и слично .Неможел сето тоа да го издржи и после 1 месец се самоубил и напишал писмо во кое пишувало се што му се
случило.. Страшно :(.. Потоа имам слушнато дека тие се против Христијанското учење.Некогаш тие сами се самоубиваат бидејки мислат дека одкако ќе се убијат ќе отидат во рајот, се додека се на земјава се во пеколот. Затоа ѓи убиваат тиа што највеќе ги сакаат мислејки дека ќе им посакуваат добро и со мислата дека ќе ги пратат во рајот...
Сеуште не се знае колку секти има во Македонија но најпознати се „Јеховините сведоци“ и „Црна Ружа“ . Црна Ружа е најраспространета секта на целиот Балкан, според зборувањата на луѓето седиштето на Црна Ружа е во Битола во подземјето. Сектите највеќе се застапени во градовите: Скопје, Битола , Велес и др ... Секташите најчесто можете да ѓи препознаете , тие што се членови на „Црна Ружа“ имаат тетоважа на вратот истетовирано црна ружа.. А некои имаат истетовирано на стапалото крст со тоa го прегазуваат Бог и верата. Исто така некои имаат истетовирано ( 6 6 6 ) - некој знак со што се обележува сектата. Некои зборуваат дека одат во гробишта и ги преобрнуваат крстовите..(:| Отвори ја прикачената датотека 18357
Греска си Јеховините сведоци не се секта тие се регистрирани како религија.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да ја рефреширам малку подзаборавената тема (мене лично една од омилените :zelen) со извадок од денешниот дневен печат кој предупредува за ново роварење на секташите во близина на нашите граници :

`Сатанистички секти ги демнат младите на балканот`

oa3dqh.jpg

:cool::zelen(inlove)

П.С. `Демнат` ми е исто ха-це зборче.
Дечкото од текстот се викал Натан. А тоа се римува со Сатан. Како судбината да му предодредила пат кон понорот...
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Одамна нема пост на оваа значајна и пред се информативна тема. Време е да се кажат најновите вести на секташката сцена - а тие не се убави. Имено, во Хрватска се појавила конкурентска секта на Црна Ружа под име `Црна Зора`. Секако и Црна Зора се бави со обожавање на сатаната и со правење зулуми, слушање метален панк и секс на гробишта. Но прашањето е зошто се појавува конкуренција на пазарот на секти? Зарем Црна Ружа не е доволна за оние кои имаат зли андерграунд аспирации?

http://www.vecernji.hr/hrvatska/bio-sam-sotonist-i-slusao-crne-mise-djevojka-me-izvukla-237248

Crna misa trajala je manje od pola sata. Vodio ju je “svećenik”, koji je i autor crne knjige, iz koje je čitao valjda samo njemu razumljive riječi. Oko nas bile su svijeće, a pred nama neko postolje, kao oltar. Svatko je trebao dati dio sebe, kako bi se spalilo u posudici. Bio je to prinos demonu, u biti Sotoni, kojega smo prizivali kako bismo uspjeli ostvariti nešto u životu. Ostali su se zarezali i dali krv, a ja dio kose – prisjeća se Dejan.

Како што пренесува хрватскиот Јутарњи лист во градот Вараждин била забележана активност на Црна Зора. Дали се работи за фракција на Црна Ружа или за сосема нова организација?
Ликот кој ги опишува своите голготи како екс-член на сектата бил спасен од својата девојка која го однела на психотерапевт кој пак го извлекол од канџите на Црна Зора. Тоа е права женска, која се бори за својата љубов против опасни секти а не како другите шо раскинуваат ради лајкови на фб!

Livio Benjak, voditelj pogrebnog poduzeća Benjak, komentirao nam je događaj iz mrtvačnice.

– To je bilo u Oštricama. No prema onome što znam, nije bilo rituala oko pokojnika. Na zidu komore u kojoj je bio pokojnik, prije nego što je pokopan, osvanuli su obrnuti crni križevi i natpisi “sotona”, ispisani crnim flomasterom. Odijevao se u crno, na sprovodu je bilo darkera, pričalo se sve i svašta. Do danas nije razjašnjeno zašto se objesio u šumi – prisjeća se Benjak.

Локалниот погребен претприемач се присеќава на погреб на некој припадник на црна зора.

Туку нешто друго ме стави на мисла...
Што ако Црна Гора е држава на сатанисти и металци? :eek:
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
По annoying нешта од овие јеховини сведоци, дрн дрн христијански центри нема. Боље би ни било у Сатанистичка секта. :)