Се имам изначитано и наслушано најразлични ставови, од тоа како неуредните луѓе менувале долен веш еднаш неделно, преку мрсни коси, па до несредени купатила и „три прста“ прашина.
Од некоја причина, неуредноста ко да е табу тема за која не се зборува толку во отворени кругови, не знам, веројатно од причина што се чувствуваме непријатно да не случајно се пронајдеме во кажаното, но некогаш нехигиената тропа на големата врата.
Што според вас го прави човека неуреден? И на што се должи таа неуредност? Немањето време, желба, средства...?
Лично, ја сфаќам секоја криза и недоволно време и не марам дали некој имал долго влакно во носот, лошо соберена коса, се згужвал од цел ден работење или дали секој ден се бања, но од такт ме вадат прави, здрави, дотерани и намирисани, а со немиени заби. Не сме Холивуд, па да очекуваме бисери, ама па не сакам бре наутро бојни отрови да ме успиваат и да ми ги вперуваат наслагите во лице, имајте милост, се познава. Тоа е единствената основна човечка (не)навика која страшно ме иритира и за која не наоѓам оправдување, посебно не во комбинација со шминки, гелови и парфеми.
Не знам искрено каде да ѝ најдам поспецифично место на темава.