Што значи да се биде „неуреден“?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Се имам изначитано и наслушано најразлични ставови, од тоа како неуредните луѓе менувале долен веш еднаш неделно, преку мрсни коси, па до несредени купатила и „три прста“ прашина.
Од некоја причина, неуредноста ко да е табу тема за која не се зборува толку во отворени кругови, не знам, веројатно од причина што се чувствуваме непријатно да не случајно се пронајдеме во кажаното, но некогаш нехигиената тропа на големата врата.
Што според вас го прави човека неуреден? И на што се должи таа неуредност? Немањето време, желба, средства...?

Лично, ја сфаќам секоја криза и недоволно време и не марам дали некој имал долго влакно во носот, лошо соберена коса, се згужвал од цел ден работење или дали секој ден се бања, но од такт ме вадат прави, здрави, дотерани и намирисани, а со немиени заби. Не сме Холивуд, па да очекуваме бисери, ама па не сакам бре наутро бојни отрови да ме успиваат и да ми ги вперуваат наслагите во лице, имајте милост, се познава. Тоа е единствената основна човечка (не)навика која страшно ме иритира и за која не наоѓам оправдување, посебно не во комбинација со шминки, гелови и парфеми.
Не знам искрено каде да ѝ најдам поспецифично место на темава.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Врв на сето ми е кога се исчудуваат зошто им се направиле хемороиди! Па зошто не го миеш ***от - ЗАТОА!

Има луѓе што имаат проблеми со устата и по 10 миења пак здивот му мириса на умрен глушец. Но има гнаси што се измиле заби последно за матура (познавам такви лично) и тоа ич не му смета нив.

Да ти хукни - да те разбуди од КОМА!

Јас сметам дека е до немање желба (мрза, невоспитаност, немарност, негрижа за околината околу себе)...
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Ех, што убава тема да си се искажам колку сум алергична на неуредни и несредени персони.
Јас во принцип забележувам многу ситници кај луѓето, па дури и она погоре споменатото влакно во носот ме иритира и ми го прави човекот одбивен. Но лошите мириси од секогаш ми биле на прво место. Кренати пазуви во автобус и од околу зелени облаци со прекрасна арома, или пак онаа фасцинантна финта како да го прикриеш лошиот мирис па прскаш едно цело шишенце парфем и се е ок. Мислам, стварно не ми е јасно...
Лошиот здив и те како го ставам во листата на работи кои најмногу ме нервираат. Ај мирисот настрана, ама она кога наслагите од храна кои ѕиркаат на забите ми ја креваат косата на глава.
Несредени нокти на трето место, особено кај машко. Неисечени нокти и црн маникир, а уште пострашно ми е пак она ''фраерското'' оставено нокте на малиот прст. Шта речи...
Не мислам дека е од немање средства или услови за хигиена. Секој може да најде време и да си посвети малку внимание на себе. Како којзнае колку време да е тоа. Сепак неуредноста ја препишувам на самиот карактер на човекот. Мрзата како што кажал Сашко погоре и немарноста се исто така причината зошто постојат таквите луѓе. Не оправдувам ништо во врска во нехигиената, секогаш постои начин за да се средиш и изгледаш уредно. И тоа не значи дека мораш да мирисаш на Шанел и да имаш избелени заби.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Златна средина. Не сум нешто претерано уреден ниту неуреден. Мојот хабитат не делува како штотуку да паднала бомба, но истовремено е далеку од педантерија и аптекарска стерилност. Предметите кои ги користам се уредно наместени секогаш, чисто да не ги барам кога ми требаат.

Нови времиња, народо се исчуручи и аздиса, шо им фалело порано кога си спиеле со стоката, се капеле два пати годишно, си седеле покрај огнот во полусенката на газиената ламба или лоената свеќа и си требеле вошки и гниди од главите додека глуфците си шеткале по таванот, си виткале качак и си димеле во ноќта...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Врв на сето ми е кога се исчудуваат зошто им се направиле хемороиди! Па зошто не го миеш ***от - ЗАТОА!
Едно појаснување...
Хемороиди не се појавуваат од немиење газ туку заради застој на крв во крвните садови во тој дел, резултирано од неправилна исхрана и долго седење, физичка неактивност...
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Едно појаснување...
Хемороиди не се појавуваат од немиење газ туку заради застој на крв во крвните садови во тој дел, резултирано од неправилна исхрана и долго седење, физичка неактивност...
И тоа е спорна причина (мислам на исхраната и неактивноста). Може да е од купица други работи. Битно не е од нехигиена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Feline

Истакнат Член
18 февруари 2014
15
12
113
си седеле покрај огнот во полусенката на газиената ламба или лоената свеќа и си требеле вошки и гниди од главите додека глуфците си шеткале по таванот, си виткале качак и си димеле во ноќта...

One-on-one bonding time. :D
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Хигиената сама по себе народски кажано е половина здравје. Оттука ако не се тргнува, џабе се сите изговори за немање доволно време за посветување на основните хигиенски навики.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Едно појаснување...
Хемороиди не се појавуваат од немиење газ туку заради застој на крв во крвните садови во тој дел, резултирано од неправилна исхрана и долго седење, физичка неактивност...
И тоа е спорна причина (мислам на исхраната и неактивноста). Може да е од купица други работи. Битно не е од нехигиена.

Да не навлегуваме многу, но кај луѓето кои имаат тврда столица често се појавуваат малецки пукнатинки на излезот кои резултираат со 390 чуда.
И јас имам проблеми со столицата и по препорака на други луѓе кои долги години страдале од тој проблем, почнав да практикувам миење непосредно по... Сите причини и последици можеме да ги земеме како спорни, но оттогаш ми престанаа сите проблеми со хемороидите. Не сум единствен случај и не си нагаѓам. И јас не верував кога ми велеа...

Проста хипотеза... се миеш еднаш неделно и нормално ќе настанат проблеми, особено па уште ако постојат и пукнатинки.