Мене па тоа ми значи дека девојката е работна, домаќинка. Имам слушано од бившата што ми беше ми раскажуваше за една нејзина другарка, девојчето потекнува од посиромашно семејство,и баш за нејзиниот роденден (на мојата бивша) девојчето работело им помагало на родителите и целите нокти и биле црни, се утепаа од барање црн лак ама не можеа да најдат пошо ниту една другарка немала таков и девојчето беше решено да не доаѓа на роденденот, арно ама се работи за роденденот на нејзината најдобра другарка,па што да се прави, бидејќи се чекаше во кафана роденденот со триста чуда, додека игравме ние и ги покривавме прстите за да не и биде непријатно нејзе, а што е до мене слободно можам да се дружам со чесни луѓе кои не се срамат од тоа како заработуваат за леб,па макар и да искачаат навечер со црни нокти. Што,зошто е принуден некој да работи макотрпно, не заслужува да излезе навечер и како човек да се позабавува малце зошо некој Паметњакович не можел да глеа црно под ноктите?
На ова дискутиравме и во основно со професорката по македонски,за онаа девојката која имала црно под нокти од што работела 24/7 па не ја прифаќале семејството на нејзиното момче, не ми текнува која книга беше ама кога ќе се сетам ќе пишам.
Тие девојки со црно под ноктите вредат повеќе за мене,отколку некоја разгалена богаташка со незнам какви модерни нокти со кои наводно не може ништо да фати како што треба (познавам такво девојче и постојано Леле од ноктиве не можам ни да го држам мобилниот како што требе) и таква девојка јас ќе ја земам за жена? Да ми рече утре, не можам да ти ја испеглам кошулата ќе си го скршам вештачкиот нокт за кој платив 1000-ка, плус минус не е важно.
Не можам да сфатам како размислуваат луѓево значи, чудо едно