Онлајн шопинг

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дали некој има купувано од aliexpress? Најмногу што ме интересира е дали порачките стигаат на време, односно во рокот кој го пишува при правење на порачката? Имам слушнато дека без разлика на што пишува, потребни се месец дена, па дури и 2 за да пристигне порачката. Кој има искуство, нека пише.
 

KatnissE

Нов член
24 ноември 2013
5
5
3
Дали некој има купувано од aliexpress? Најмногу што ме интересира е дали порачките стигаат на време, односно во рокот кој го пишува при правење на порачката? Имам слушнато дека без разлика на што пишува, потребни се месец дена, па дури и 2 за да пристигне порачката. Кој има искуство, нека пише.


Јас имам купувано од aliexpress. Имам до сега направено 4 порачки, првата пристигна за месец ипол, втората за 3 недели, а последните 2 ми се направени во скоро време и ги очекувам за некоја недела... Постојат различни продавачи на странава и сите користат различни начини на испорака и баш затоа стигнуваат за различен временски период.
Немој да имаш превисоки очекувања за квалитетот на работите кои ги порачуваш бидејќи повеќето ги копираат работите на сликите (најчесто за облеката), односно ги кројат и шијат сами... Првиот пат порачав фустан, квалитетот на материјалот за тие пари не беше толку лош, но фустанот беше 10cm пократок од тоа што имаа наведено во описот... И пробав да стапам во контакт со продавачот бидејќи бев скептик заради тоа што прв пат порачував од странава, а имаше поминато 1 месец откако беше пратен фустанот и сеуште не беше стигнат... Џабе им пишав порака, ништо не ми вратија...
Додека пак вториот пат порачав сенки и продавачот ми пиша порака после неколку дена дека испораката ќе каснела и дека не биле тие криви, па заради тоа очекував дека треба да поминат најмалку 6 недели додека ми стигнат... Порачката ми стигна за 3 недели и бев многу пријатно изненадена бидејќи ми се појави дома неочекувано, а и квалитетот на сенките е неопислив, навистина се супер и ги користам многу често...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and MissChievous

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јас од aliexpress не сум порачала се уште ама во план сум да се обидам, баш да видам шо ќе ми стигне. Вака од луѓето што порачуваат за изненадување сите позитивно кажуваат. Ги добиваат нарачките, и нај добро е тоа што до дома ти ги носат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
При крајот на летово почнав да ја посетувам страната ASOS сé почесто и почесто, да си сочувувам работи што ми се допаѓаат. Не дека нарачував, туку ми служеше како начин на правење "листи" на работи кои сакам да ги најдам низ Скопјево, или нешто што наликува на нив (како што е секогаш случајот кога црпиме инспирации од интернет, нели).

Кога дојде есен и видов дека слабо можам да најдам такви работи какви што ми се допаѓаат, какви што барам, си направив една мала порачка, колку да видам како се одвива сето тоа, колку може да и се верува на страната, време на испорачка, итн.

Платив само колку што чинеше тоа што го нарачав, ни евро повеќе. Shipping-от беше (и сеуште е) бесплатен. Нарачката ми стигна за 8 работни дена т.е 10 дена и ми го донесоа пакетот до врата, убаво спакуван, се на свое место.

Ова беше некаде почеток на Ноември. Од тогаш имам направено вкупно 5 нарачки, од коишто втората беше голема, повторно без никаква грешка. Последната ми беше пред неколку часа.

Имам нарачувано од уште две страни, HUF и RiverIsland, меѓутоа во последно време ги запоставив бидејќи на ASOS го наоѓам тоа што ми треба. Од други страни не сум нарачувал, а и сега за сега не планирам. Цените, времето и начинот на испорачката и квалитетот на робата на ASOS ми е супер. :igra
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and MissChievous

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Јас не сум купувала онлајн, но планирам. Сакам да купам едни маркери.
Но, не сега. Понатаму...
Моите родители се конзервативни за вакви работи, а јас не сум полнолетна, па...
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Имам другар кој редовно си порачува од aliexpress. Прво ко за проба почна со поситни работички ко usb,саат,новчаник...а сега последно си имаше порачано таблет.Нормално за такви работи ко таблети,телефони,лаптопи не треба да се очекува квалитет, ама за другите работи е океј.
Знам дека пристигнуваат секогаш различно (ова од тоа што ми има кажувано тој). Некогаш за две недели, некогаш за еден месец.
И знам дека доколку го нема производот на лагер,те известуваат и ти ги враќаат парите.
 

jasna

Нов член
6 декември 2013
9
3
3
39
Јас сега имам направено порачка (патики) од aliexpress. Сеуште чекам поминаа 15 дена, пишуваше најкасно до 30 дена, па ке видиме. Ке пишам кога ке стигнат :)
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Е а од Купувај Лесно онлајн, на фејбук ги има, (порачуваат од eBay ) сте правеле порачка? Јас порачував нешто и се мислам дали да уплатам пари на жиро сметка, малку ми се сомнителни :/
А за алиекспрес баш вчера зборував со пријателката. Многу порачувале од таа страна и задоволни досега ...