Доб
Доколку јас дадов мислење, не значи дека е тоа став
На што се должи ова реакција не знам, но мислам дека погодив работи кои повеќе ја одалечуваат легализацијата на марихуаната одколку придонесуваат кон тоа.
Како и да е, ова е форум и баш ми е драго што може да се прочита различно мислење.
Јас, и покрај твоето емотивно образложение, останувам на ставот мој...се додека некој поубедлив не ме убеди во спротивното...
Како и да е, го сметам за моралнен последниот дел од мојот пост, на кој ги советувам тие кои не пробале марихуана, да не ја пробаат истото. Тоа е мој совет, и од 10 потенцијални марихуанџии доколку само еден го послуша мојот совет, сметам дека сум ја постигнал целта...
Не може нешто кое со закон е забрането да биде убаво за употреба.
А за економскиот аспект...доколку пријателе сметаш дека парите се најбитна работа, и на било кој начин си го запамтил тој основен постулат на економијата, тогаш за пари се би направил...и ова покажува повеќе за тебе одколку за мене
Добро,Твојот став ги радува дилерите. Затоа што слушнав од лица кои се љубители на растението, дека 1 кг бил 1000 евра.
За да се дојде до таква бизарна сума за кг од обично неугледно растение со екстремно ниски производни трошоци, потребна е нелегалност. Затоа што ризикот е вкалкулиран во цената. Инаку цената би била никаква. Можеби 5 евра за кг.
Ако цената е ниска, не може да привлече нови дилери и производители. Ако цената е висока, секогаш ќе има заинтересирани за тој `занает`. Тоа се основни економски законитости од кои нема бегање.
Нема потреба од никаква едукација. Кој сака треба да може да ја користи, на било каков начин, се додека не штети на друг.
Ставовите кои тргнуваат од морално супериорна позиција се бескорисни. Последниве години има експлозија на кардиоваскуларни заболувања, на карциноми, на дијабетес. Голем дел од нив поради злоупотреба на храна, сомнителен квалитет на храната и физичка неактивност. Зборуваме за илјадници мртви годишно.
Но ако некој спомене забрана на фаст фуд или на баклави...
Конопот и афионот биле легални на ова поднебје со милениуми. Нелегални се од времето на екс-Југославија, од педесетите.
Глупости.
Оној што има намера да најде дрога ќе најде дрога. Нелегалност не значи и недостапност, значи само високи цени и неквалитет. Затоа и опстојува нелегалноста под маската на лажниот алтруизам и неинформираната раја парализирана од страв,неукост и псевдо-морал.
Со легализирање би се елиминирал дел од организираниот криминал.