Прашања?!

Статус
Затворена за нови мислења.

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ја затеравме офф топик темава.:)
Еве, околу темите што ги набројав може и од твоја перспектива и има некоја поврзаност. Но да речам дека има претераност во нив пошто со таквите не се потегнува дискусија туку само пласирање на слики што е еквивалент на играчница тема.
Второ, за играчница темите, не реков да се укинат. Но има едно нешто што се вика умереност и инвентивност. Рецимо, Каладонт, Асоцијации, Прашај ме да те прашам, apples and oranges (ова или она) имаат понезависна структура и намена од од оние скороотворените - Што би направил ако членот (рандом глагол + рандом предмет;рандом подмет). Зошто не би имало една тема = (Што би му направил на) членот над тебе?

За идеите веруј колку пати ми имаат дојдено во пресрет, неколку пати и имаше обиди (ѕирни во „отворени теми“ во членскиот профил). Но знаеш како е... Форум во кој изобилуваат играчница теми, потегнува и таква публика која тука е САМО за да се испуца на иситите теми. Само види ги скорозачленетите ликови. Имаше некои кои почнаа секаде да пишуваат, но кај после тоа завршија? На истото место. И после тоа здосадуваат играчниците, луѓе лека полека си одат. Разликата е само што се појавуваат нови.
Еве кога сме веќе тука ме интересира кај и зошто заминаа членовите со кои форумот го го започна своето патешествие? Не сакам да ги спомнам, но ти знаеш на кои алудирам. Има и понекој нов. Има. И пак после го нема за месец два. Ќе влезе, ќе пише понекој пост во добрите теми после тоа гледа - не гледа или ќе се прешалта само на играчница, колку да се испразни, или ќе си го дигне сидрото пошо гледа дека реално - темите што се од општ карактер и потегнуваат малку повеќе сиви келии, седат на задното ќоше во било кој подфорум.
Вчера пошо немав некоја попамента работа, влегов во подфорумот Љубов и секс да видам само какви све теми се отварале. Веруј дека видов еден куп теми кои се премногу слични една со друга. Само на тематика „што претставува за вас љубов“ имам сигурно 5-6 видено. Во општи скоро и да не гледам, едноставно страв ме фаќа да не се изгубам во таа џунгла од сличности.
После ќе прашаш што барам сеуште на форумов. Имам стекнато многу позитивни мислења од некои членови тука и уживам да ги прочитам нивните иако сега ретки но сеуште присутни и свежи мислења. Понекогаш ми се дава и желба да пишам некој содржаен пост кој верувам дека ќе биде прочитан.
Од кога знам се истото се кажува,лугето си оделе а пак се тука.И се да е перфектно лугето пак ке си одат и ке се вракаат,некогаш лути на нешто од форумот,некогаш ради променлив континуитет на нивните обврски,а некогаш сосема за нешто трето.
Не знам на кои алудираш,но без разлика кои и да се секој од нив си одлучува дали ке пишува и каде.Јас сум само против погребите што пробавте да ги организирате за некои членови.Ви смета да се извади вистината на виделина а не ви сметаат погребите,но ете не сме сите исти.И токму тоа сакам да ти го укажам,дека секој си ужива на форумот на свој начин.
За љубов и секс јасно се гледа дека лејди ја нема од крајот на декември,да беше овде сигурно дека ке средеше.Може има обврски,но и да нема таа доста направи за форумот така да немаме право да и замериме,кога ке дојде ке среди,ке види дека пак се исти работи се вртат и нај веројатно ке и биде ептен интересно :D А ти немој да се плашиш толку од темите,тие се сепак само теми.
Не прашувам што бараш овде,треба да си овде штом имаш причина,туку не ми одговори на она за кое те замолив да се заангажираш малку ептенски за да ни укажеш што се по квалитетни теми.Со една,две,три...ваљда не ни се укажало ништо или пак толку сме упатени.
Морав да го зголемам делов.
Секој за себе си си смета дека неговиот пост е содржаен.Ти си толку загрижен дали ке биде прочитан?Тоа дали ке биде прочитан колку што зависи од форумот,толку зависи и од самиот тебе Саладин.
Ајде очекувам некоја тема во иднина,па ако имам капацитет за неа ке напишам некој пост сигурно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Никакци погреби не се организираа... Тоа што мислиш на заговори, тоа е можеби затоа што премногу лично го сфаќаш форумот. И да прекинеме више, што се тиче организации, кланови пошо во конкретниов случај, никаде не спомнав за таквиот всушност измислен проблем.
Зборам за сегашниот. Порано мрчев и му дадов шанса. Сега после толку поминато време, проблемот не само што опстана, туку и почна да завзема поширок опсег - од играчница се префрли во Општи, Љубов и секс, Уметноста (општо), Исхрана па дури и креативно катче. Во нив и да речам не се бара некое тешко размислување, но во последно време се добиваат теми за описи посебно со слики, посебно со цитати, посебно со текст со свои зборови. Премногу е.
Еве ќе ти набројам неколку мои кои директно или пак индиректно сум ги отворил

Вродени идеи VS Tabula rasa
Артефакти, културно наследство ... Тука или во странство?
Издавачките куќи и нивната понуда на квалитет
Good guys VS bad guys (тема во ЉиС)Приоритети наспроти Carpe Diem

Као што гледаш, овие теми и не бараат некое тешко задрмување на сивите клетки, а сепак се повеќе општи за дискусија.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не велам дека не си во право дека темите кои се за во играчница имаат оптег низ другите под форуми,но тоа треба да си одлучи администрација дали ке го среди.
Не спомнав никакви кланови,тоа ти го рече.Кога реков погреби мислев на темата која беше отворена за погреби во која беше и ти учесник,но ете може си заборавил.:)
Поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Мобилната верзија на форумот е зезната. Пример пишува известување, кликаш на него и не го дава истото. Додека во ред е со пораките. Пробав од повеќе прелистувачи, исто е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Мобилната верзија на форумот е зезната. Пример пишува известување, кликаш на него и не го дава истото. Додека во ред е со пораките. Пробав од повеќе прелистувачи, исто е.
Кај мене работи без проблем (safari)
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Мобилната верзија на форумот е зезната. Пример пишува известување, кликаш на него и не го дава истото. Додека во ред е со пораките. Пробав од повеќе прелистувачи, исто е.
Работи и кај мене во ред, и на андроид и на симбиан.
 
Статус
Затворена за нови мислења.