Издавачките куќи и нивната понуда на квалитет

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Инспириран од темата "Купување книга, задоволство или кошмар“ ја отварам темава. Колку навистина издавачките куќи нудат квалитет? Колку изобилуваме со квалитетни наслови, добар превод, темелно обработени дела? А што со македонската литература? Во темава може слободно да се даде критика/пофалба за она што издавачките куќи го нудат/обработуваат, како и нивната политика на пазарот.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Колку сте задоволни со македонските преводи на книги?
Дали преферирате да читате на друг јазик, заради поквалитетен превод?
Според вас кој од нашиве издавачки куќи има поквалитетен или лош превод?
Мене досега највеќе ми се допаѓа преводот на издавачката куќа Магор(мислам дека имаат добиено и нагарада во 2010 год) и на АЕА издавачи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Како што пишав во другиот обид за слична тема, :rofl според мене издавачкиве куќи нудат многу лош квалитет на самите книги и лош превод. Сум се нашла во ситуација мислам дека книга од Топер беше ем што имаше лош превод туку и немаше место помеѓу самите зборови се со цел најверојатно да им фати што помалку страни. Катастрофа. Исто и преводот на Матица, Култура па и за жал и на Три. Највеќе ми се допаѓа преводот на Магор како што имам прочитано имаат и добиено награда, ама и на АЕА издавачката куќа(т.е Египетска Сонувалка што ја затворија). Повеќе сакам да читам на англиски, или српски или хрватски. Па што не е и многу убаво, ама што да се прави кога нашиве издавачки куќи гледаат само квантитет, а не квалитет. Ужасна е состојбата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
За ѓурѓа пишав на друго место, нејќам да се повторувам, само нека сменат политика веќе еднаш. За топер има една друга позитивна работа што носат српско-преведена литература што е неколку скалила над истопреведените книги на македонски.
За Матица во последно време ме разочарува што оди по стапките на Ѓурѓа. Иако не ги прави книгите „анемични“ сепак изобилува со неквалитетен превод. Насловите тук таму има нешто интересно, би ја препорачал за луѓе кои се љубители на лесна литература. Е коа сме сеа кај лесните би ја ставил тука ТРИ. Со таа разлика што ТРИ има ниво на превод, иако разработува тематики од чик литература. Но има и во тоа море нешто да се прочита: како “Светот на Софија“, “љубов со мали букви“. Има. За стучна би ја издвоил како златен рудник Табернакул. Просто изобилува со книги од областа на историографијата, уметноста, разноразни патеписи.
За Магор одамна ги немам забележано - ја затворија Египетската сонувалка кај „Македонија“. Имам некој пар книги, но тоа е малку и не би се обврзал да водам заклучоци поткрепени со толку малку докази/инфо.
За Икона и англискиот центар - стриктно оригинали/класици. Класиците може да се најдат за релативно многу ниска цена. Не знам дали тука исто би ги ставил и Кавказ.
За Или - Или/темплум стриктно за нетолку познати автори и дела. Преводот им е совршенство, се гледа дека не штеделе на време и ресурси.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mardy Bum and redhead

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Па двојната лота ко ја читав последно, убо беше преведена бе, убо преведуват :D
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Воглавно преводите ни се слаби, а она што уште повеќе изненадува е ако се знае дека добар дел од нив се преведуваат од српски/хрватски, не само од англиски. Но, донекаде (ама само донекаде) го оправдувам тоа, ако се имаат предвид бедните временски и финансиски услови што им се нудат на преведувачите; со други зборови, смешна сума за краток рок.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Ќе почнам прво од Матица. Имаат релативно добра понуда на наслови, но ужасен превод. Имаат избор, но тој избор едноставно не ти се чита зашто не можеш да го сфатиш квази преводот. Иако многу книги сум купила од Матица, многу сум позајмила од библиотека и прочитала сепак стојам на тоа дека се издавачка куќа со најлоши преводи.
По неа следи Ѓурѓа. Само што кај нив и понудата на наслови е послаба. Преводот не е ништо подобро од овој на Матица, а делата кои ги нудат се малку... Ретко читам, но бидејки сум човек кој книгите не ги бира по издавачката куќа нормално дека се нашла некоја книга и од Ѓурѓа. Кога веќе имаат слаб избор, барем нека понудат квалитетен превод.
Три е издавачка куќа која нема којзнае колкав избор на наслови, но барем има добар превод. Тоа што го нудат е добро преведено и можам да кажам дека Три е една од малкуте куќи со добар превод и интересен избор на наслови.
Од овие три издавачки куќи кои ги набројав сум читала книги и дела по слободен избор, значи не некоја стручна литература.
За стручна литература, ќе се согласам со Саладин погоре, најдобар избор имаат Табернакул.
Од другите издавачки куќи сум прочитала помалку дела, па и не би коментирала врз база на два-три преводи. Тоа што сум го прочитала било добро, но сепак, не би генерализирала за нивните понуди се уште.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Лејди М

Нов член
20 април 2012
16
15
3
38
Скопје
Во голем дел се сложувам со вашите мислења, но ајде ќе дадам и свое комплетно мислење.

Ѓурѓа ќе ја елиминирам од старт не само поради лошите преводи туку и поради „касапењето“, кратењето и уништувањето на книгите. Еднаш се осмелив да прашам зошто нивните книги се скратени и што е фората со тој „бизнис стил на издавање“, а одговорот кој го добив беше нешто во стилот колку пари-толку музика. Жалам, но кога станува збор за книги, мислам дека тој став не смее да важи. Тоа ти е како да земеш да гледаш филм и на десет минути да фалат по десет минути, исечоци да има во самиот филм. Матица, не се многу далеку со тоа што имаат каде-каде подобар избор на книги, модерно и популарно. Преводите им се лоши, полни со србизми, дијалекти и некаде е јасно дека недостигаат цели параграфи кои се испуштени намерно или ненамерно, сеедно. Во една од книгите, It's Raining Men им е преведено како Врнат мажи, па видете сега... Кога сме веќе кај србизмите, во книга на Топер, ден денес памтам дека прочитав: „Ќе одиме на пецање, ќе пецаме“. WTF?! ТРИ се за класа подобри во преводите, имаат фина понуда, но цените им се малку посолени за наш пазар. 500 денари книга за просечна плата од 15.000-16.000 е многу. (Да не дискутираме која е реалната просечна плата во МКД...) Сакам книги, сега засега (и се надевам дека нема да се ориентираат и тие кон штедење со тек на работата, па да ми го сменат мислењето) имаат одлични преводи, човек да бара не може да најде србизам или проста печатна грешка. Се гледа дека инвестираат доста во преводи, пред се’ внимание, бидејќи простите граматички печатни грешки ги правиме сите и за да се избегнат е потребна проверка, проверка, проверка. Ги пофалив на неколку души пред се’ поради одличните преводи, а потоа и поради добриот избор и пристапи цени. Просветно дело, иако не е толку важно, морам да истакнат дека кориците (по мое мислење) им се јадни и кога веќе вадат бестселери, можат барем да фрлат некој денар за добар дизајнер. Преводите не се тоолку лоши, но она што ми пречи е „старинскиот“ стил на изразување. Не може да преведуваш Њујорк Тајмс бестселер за млади и да фураш стил како, карикирам: „Не сум јас, ами оној кој појде оти му велеа...“ Забегав:) мислам дека беше доволно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie, Saladin and Redhead