Издавачките куќи и нивната понуда на квалитет

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Предложете ми книга-две од Или-или, по можност некоја од листата со попуст.
Вишнова хроника - Фросина Пармаковска
...
...
...
Атлас на облаците - Дејвид Мичел,
Играта на Де Ниро - Рави Хаж,
Физика на тагата - Георги Господинов,
Ненасловена месечева соната - Давор Стојановски...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Предложете ми книга-две од Или-или, по можност некоја од листата со попуст.
Демек не можеше да ми пишеш порака :zelen

од оние од 250
Играта на ДеНиро Рави Хаж. Другарство, криминал, воена состојба, љубов, на-ти-го-дај-ми-го.
Ѓубре - Ирвин Велш. Мислам дека негде имаш пишано дека Трејнспотинг ти е омилен. Ваљда ова нема да потфрли.

од 200 денари
Мистер Гвин - Барико. Извртена сказна за отсликување на различни човечки души.
Филм Мкд - И. Ангелков - збирка есеи за македонскиве филмови излезени од 2000 навака.
Читачот - Шлинк (филмот го имаш гледано, така? Книгата е боља).
Мојот Маж - Бужаровска. Кратки прикаски за новово извртено време, збогатени со цинизам и саркастичност.

од 150 денари
Исповедни финеси - В. Галевски - кратки скопски прикаски со голема доза на лежерност и боемлук.
Фотосинтеза - И. Ангелков - младиќ, по скурчување на неисполнет живот дома, фаќа патот за Будимпешта на некоја панк свирка како бивш панкер и фотограф. Во книгата има и една друга сторија (принцип книга во книга раскажување). Не се секирај, не е тешко да се сфати.

Можеш да прашаш и за Крај Пат од Ангелков, пошо ти е читан Керуак. Не е баш како него, али е солидно "on the road“ парче литература. Го нема на листата на попуст, но важеше како една од поевтините (кај 200ки чинам).
Ја имаат и Cloud Atlas за 350 ама не ми е читана и не можам да ти кажам дали вреди или не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Нека „Вишнова хроника“ сепак ви биде првиот избор и на двајцата, @MissChievous . Ако не ви се допадне, јас ветувам дека ќе си одам од форумов! ;)
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Морам да ги пофалам Бегемот за книгите и преводите (барем немам забележано нешто катастрофално, можеби ептен ситници, но да не се фаќаме толку сега) . Секогаш кога одам на Саем на книгата, си купувам нешто од нивен штанд, веќе традиција ми е. :)
Кога не знам во што се впуштам, пошто сме визуелни суштества, прво ми фаќаат око кориците, па потоа кратката рецензија и решавам дали да ја земам или не. Досега не сум промашила да не ми се допадне нешто од нив.
Да напоменам дека 90% (а можеби и сите) книги им се трилер/крими и не можеш да ја спуштиш дури не дочиташ.
Цените се многу, многу прифатливи, дури слободно можам да кажам дека се и ниски.
Некој ден ќе седнам да напишам неколку предлози.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin