Сакам само да почнат пак да преведуват книги од Агата Кристи и некои други писатели како порано,мислам премногу се нафрлија на новите писатели и новите бестселери. Каде се оние старите?Ја разбирам дека сега сите сакат книги од модерно време,со мобилни лаптопи и лаборатории со што ли уште не,ама треба да обрнат внимание и на нас кои сакаме книги во кои детективот сам со својот интелект сфаќа шо се случило.
За Агата имаш барем доволно дела преведени, и не знам веќе во кои книжари ја нема. Е сега за тоа дека треба некои постари да преведат, сосема се сложувам. Делата на класиците се далеку поретки, има некои преводи и репринт изданија, понешто ново но слабо во споредба со новиве свежи современи дела.
Али ајде може ќе му речам на братучедот да провере,па ако најде нешто да ми донесе кога ќе иде наваки.Многу е лошо тоа што во помалите градови нема голем избор на книги,всушност можам да кажам дека нема ич.Ако не е Скопјево,нема што да читаме 