За Матица можам да ти кажам дека во последните 2-3 години имаат тенденции да одат во огромен минус баш поради лошиот превод или т.н. пиратерија. И тоа со еден чист пример.
Една другарка (не се смеј!
: ) наводно минатата година кога беше саемот отиде да ги распраша дотичните во Матица за најновиот наслов од Зафон „Заточеник на небото“. И овие и` одговорија дека преговорите се во тек за да се откупи правото. За неполни 3 недели - книгата излегува (поправи ме ако не сум во право). Кажи ми сеа
Arkantos како е тоа можно за 3 недели да се стигне договорот, да се преведе книгата, да се пушти во штампа и да се дистрибуира? Патем ја имам ѕирнато книгата, изобилува од неквалитет првично во насловот - Заточеник?, па потоа во редици и редици зборови. Нејсе. Ја баталив и реков дека ќе ја земам исклучиво на српски - поучен на квалитетот што овие северни соседи го поседуваат. Летото ја најдов и ја купив. И ја прочитав. Од корица до корица. Ми го направи меракот, првично затоа што стилот му беше тој истиот како во претходните негови две, потоа поради разјаснувањето на понатамошниот тек на приказната. И после недела дена ми падна на ум од ведро небо. Поентата, онака затоа што го познавам доволно добро српскиот јазик. Наводно, Матица го има позајмено истото издание откај србите и прекуноќ преведувано. И самиот знаеш што значи да правиш превод од превод. Поготово кога ќе го направиш без нечие одобрување по цена на брза заработка, бидејќи - хеј! заработуваш од познато име кое веќе доживеало неколку успеси во македонската продажба на книги. Да не зборам дека самиот писател бил порано гостин во истата издавачка куќа - промовирајќи го Сенка на ветрот.