Издавачките куќи и нивната понуда на квалитет

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Сепак за Ѓурѓа има колективно мислење... со многу многу ретки исклучоци... :)
Да ама еве на пример од Ѓурѓа последна ми беше читана Портетот на Дориан Греј-Оскар Вајлд и чинам од Херман Хесе-Рисхалде па искрено не им најдов толку нешто мана во преводот или смисолот на речениците:unsure
Последна што ја читам е книга од Табернакул и да мислам дека веќе се осеќа дека некој малце повеќе се потрудил околу преводот ама ако јас бирам подобро лош превод на македонски отколку српскохрватски
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850

Потруди се да ги најдеш истите примероци во друго издание, или уште подобро најди ги оригиналните верзии во електронски формат, па спореди. Има да ти се крене косата....
Ова со Табернакул се плашам дека не ти го разбрав...
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
За Матица сите имаат такво мислење јас сум од ретките на кои им се допаѓа. ДУри ме чудиш за србизмиве... јас не сум сретнал, или не сум ги забележал...
За Матица можам да ти кажам дека во последните 2-3 години имаат тенденции да одат во огромен минус баш поради лошиот превод или т.н. пиратерија. И тоа со еден чист пример.
Една другарка (не се смеј!:zelen: ) наводно минатата година кога беше саемот отиде да ги распраша дотичните во Матица за најновиот наслов од Зафон „Заточеник на небото“. И овие и` одговорија дека преговорите се во тек за да се откупи правото. За неполни 3 недели - книгата излегува (поправи ме ако не сум во право). Кажи ми сеа Arkantos како е тоа можно за 3 недели да се стигне договорот, да се преведе книгата, да се пушти во штампа и да се дистрибуира? Патем ја имам ѕирнато книгата, изобилува од неквалитет првично во насловот - Заточеник?, па потоа во редици и редици зборови. Нејсе. Ја баталив и реков дека ќе ја земам исклучиво на српски - поучен на квалитетот што овие северни соседи го поседуваат. Летото ја најдов и ја купив. И ја прочитав. Од корица до корица. Ми го направи меракот, првично затоа што стилот му беше тој истиот како во претходните негови две, потоа поради разјаснувањето на понатамошниот тек на приказната. И после недела дена ми падна на ум од ведро небо. Поентата, онака затоа што го познавам доволно добро српскиот јазик. Наводно, Матица го има позајмено истото издание откај србите и прекуноќ преведувано. И самиот знаеш што значи да правиш превод од превод. Поготово кога ќе го направиш без нечие одобрување по цена на брза заработка, бидејќи - хеј! заработуваш од познато име кое веќе доживеало неколку успеси во македонската продажба на книги. Да не зборам дека самиот писател бил порано гостин во истата издавачка куќа - промовирајќи го Сенка на ветрот.
 
Чим ми викаш да не се смеам, нема да и’ /ти се смеам на/за другарката.:giggle
Знаеш што ме чуди? Јас ги читам сега од Зафон до сега преводот ми е одличен. Екстраватантен. А ова за Заточеник на небото не знаев дека „преговорите“ им траеле толку кратко, и ме подразочара. А за тоа Заточеник, колку и да звучи како србизам, сепак постои во македонскиот лексикон. Затвореник е негов синоним, ама како Заточеник го има во лексикон.
Искрено да си зборнам, мене ме разочараат со реиздавањето на Мадам Тисо. Јас ја имав од поодамна исто од Матица и преводот беше феноменален. Ама ја позајмив, и не ми ја вратија, а сакав да ја препрочитам пак, и лани ја купив. Имаше многу грешки... Ама до сега тоа им е еден пропуст што сум го забележал.
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland

За жал Матица веќе подолго време поважен им е квантитетот од квалитетот.
Додека прават пари друго не е ни битно.
Заточеник можеби го има во лексикон, но се среќаваа зборови како куча наместо куќа, или Божич наместо Божиќ ( низ целата книга).
Исто, ми се допаѓаат преводите на Или-Или, и издаваат поинаков вид на книги.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
За жал Матица веќе подолго време поважен им е квантитетот од квалитетот.
Додека прават пари друго не е ни битно.
Заточеник можеби го има во лексикон, но се среќаваа зборови како куча наместо куќа, или Божич наместо Божиќ ( низ целата книга).
Исто, ми се допаѓаат преводите на Или-Или, и издаваат поинаков вид на книги.
Во тој случај признавам дека сум во заблуда за Матица.
Не се сеќавам дали ги спомнавте: АЕА и Феникс. Одлични преводи, до сега утка не сум нашол.
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Во тој случај признавам дека сум во заблуда за Матица.
Не се сеќавам дали ги спомнавте: АЕА и Феникс. Одлични преводи, до сега утка не сум нашол.
АЕА се солидни во преводот според мене.
Мислам дека е така зошто ги плаќаат правата за превод и вложуваат повеќе во книгите, за разлика од Матица.
Криво ми е само што ја затворија книжарата, и ќе ги има само на саем и по други книжарници.
А штета, какви позитивни луѓе работеа таму.
За Феникс, од нив почнав да ја читам од Хесе - Нарцис и златоуст, али преводот им е сличен ко Матица (само за оваа книга зборам, други не сум читала од нив).
Три ми се добри со преводот. Кај нив досега немам приметено неправилности.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
До пред некое време Топер беа едни од моите омилени. Навистина. Ама денес се разочарав.
Зедов да ја читам „Врати ми се“ од Гијом Мисо, и ми дојде да болвам од зборовите што ги најдов.
До 14та страна сум, а веќе најдов „сеуште“ наместо се’ уште. „Виѓавате“ наместо „гледате“. ...
 
Bookaholic

Нов член
22 јуни 2013
2
1
3
37
Здраво на сите :)
Издавачки куќи и нивната понуда на квалитет
Матица - во последниве години се повеќе оди на квантитет,а го занемарува квалитетот,понекогаш се случува некоја книга да е стварно супер,ама преводот го упропастува мислењето и како е доживуваш приказната,уште една работа која не ми се бендисуват баш многу од Матица е што одат на преводи од книги кои ги издава српската издавачка куќа Алнари,и се среќават на моменти да прочиташ српски збор.
Ѓурѓа - имам купено две нивни книги и повеќе не купувам,која е логика книга од 500 стр. да е намалиш на 150?
Култура - така-така,имат доста преводи,не се лоши,но еден превод некако ме поколеба во нивните понатамошни преводи,книгата имаше премногу грешки и со тоа го намали уживањето во читањето :nah
Три и Сакам Книги ми се едни од најдобрите издавачи по мое мислење во Македонија,Три малку претерува со цените,но за преводот немат грешка,а од Сакам Книги сум презадоволна!Одличен издавач,преводите се супер,услугата им е одлична,плус не збогатуват со книги кои се бестселери и едни од најдобрите,а и цените им се доста достапни,се надевам дека ќе не израдуват уште со многу одлични и успешни наслови :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Лина Литера

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Сакам само да почнат пак да преведуват книги од Агата Кристи и некои други писатели како порано,мислам премногу се нафрлија на новите писатели и новите бестселери. Каде се оние старите?Ја разбирам дека сега сите сакат книги од модерно време,со мобилни лаптопи и лаборатории со што ли уште не,ама треба да обрнат внимание и на нас кои сакаме книги во кои детективот сам со својот интелект сфаќа шо се случило.