Издавачките куќи и нивната понуда на квалитет

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сакам само да почнат пак да преведуват книги од Агата Кристи и некои други писатели како порано,мислам премногу се нафрлија на новите писатели и новите бестселери. Каде се оние старите?Ја разбирам дека сега сите сакат книги од модерно време,со мобилни лаптопи и лаборатории со што ли уште не,ама треба да обрнат внимание и на нас кои сакаме книги во кои детективот сам со својот интелект сфаќа шо се случило.

За Агата имаш барем доволно дела преведени, и не знам веќе во кои книжари ја нема. Е сега за тоа дека треба некои постари да преведат, сосема се сложувам. Делата на класиците се далеку поретки, има некои преводи и репринт изданија, понешто ново но слабо во споредба со новиве свежи современи дела.
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123

Епа грешка си,секаде се вртат само тие три-четири дела бидејќи другите ги нема.Кога и да дојдам во Скопје викам Агата?-Немаме ништо.Знам во Матица ја имаше само Мистеријата на синиот воз,ама таа си ја имам.Друго ништо.Нели била преведена и Десет мали црнци?Сега никаде ја нема.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Епа грешка си,секаде се вртат само тие три-четири дела бидејќи другите ги нема.Кога и да дојдам во Скопје викам Агата?-Немаме ништо.Знам во Матица ја имаше само Мистеријата на синиот воз,ама таа си ја имам.Друго ништо.Нели била преведена и Десет мали црнци?Сега никаде ја нема.

Имаш проверено во Магор? III? Или-или?
За ѓурѓа и да не спомнувам зошто не се сомневам во „квалитетот“ што го поседуваат.
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Имаш проверено во Магор? III? Или-или?
За ѓурѓа и да не спомнувам зошто не се сомневам во „квалитетот“ што го поседуваат.
Бев во Топер,во Три мислам дека бев,Матица и уште една книжара ич не ми текнува на името за мене сосем непозната-е таму ја најдов Смрт на Нил си ја земав.Бев и во една (сега не ги знам баш,мислам дека беше Или-Или(ако сум грешка не ми замерувај))немаше многу наслови на македонски,повеќе беа на англиски и ми понудија на англиски едни книги од Агата ама првото што не ми се допадна беше тоа што беа мали (џебни) книгите,а второ некако на англиски не ми се чита,не го знам до толку англискиот.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Бев во Топер,во Три мислам дека бев,Матица и уште една книжара ич не ми текнува на името за мене сосем непозната-е таму ја најдов Смрт на Нил си ја земав.Бев и во една (сега не ги знам баш,мислам дека беше Или-Или(ако сум грешка не ми замерувај))немаше многу наслови на македонски,повеќе беа на англиски и ми понудија на англиски едни книги од Агата ама првото што не ми се допадна беше тоа што беа мали (џебни) книгите,а второ некако на англиски не ми се чита,не го знам до толку англискиот.

Изгледа си бил во Икона. Или-или немаат толку англиски книги. Сеа за Магор провери, затоа што некни кога бев да земам, видов имаа и од Агата. Ако не знаеш каде се наоѓа, на автобуската на партизанска дијагонално од соборниот храм, малку повнатре е во релативно новиве кафеави згради. Кафуле е, со книги.
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Изгледа си бил во Икона. Или-или немаат толку англиски книги. Сеа за Магор провери, затоа што некни кога бев да земам, видов имаа и од Агата. Ако не знаеш каде се наоѓа, на автобуската на партизанска дијагонално од соборниот храм, малку повнатре е во релативно новиве кафеави згради. Кафуле е, со книги.
Фала на препораката,ама додека дојдам пак во Скопје ќе се изимат :D Али ајде може ќе му речам на братучедот да провере,па ако најде нешто да ми донесе кога ќе иде наваки.Многу е лошо тоа што во помалите градови нема голем избор на книги,всушност можам да кажам дека нема ич.Ако не е Скопјево,нема што да читаме :D
 
Scarlett

Староседелец
19 февруари 2012
2
1
603
Матица е ужас, една книга што ја имам купено од таму не можев ни да ја дочитам од нелогичните реченици, да му се смачи на човек читањето.
Ѓурѓа со нивните скратени изданија одамна ги избегнувам.
Цените горе-долу на сите им се посолени, ама секако, секој со својот џеб.
Можам да кажам дека од СакамКниги сум некако најзадоволна, ми се допаѓа преводот што е во слободен стил и што го доловува духот на македонскиот јазик, а и жаргонот како го преведуваат на дијалект.
 
Лина Литера

Нов член
15 јули 2013
2
2
3
54
Прилично катастрофални преводи..и на книги и на филмови. Јас познавам толку многу преведувачи и лектори шо мадам пуф не им е рамна. Кога ќе прочитам нивен превод, лекторирање, јазична обработка...се зачудувам!Срамотно !!! У сите куќи ќе најдеш нешто добро но далеку сме од добра издавачка куќа...Од English Centеr си наоѓаме работи а инаку модернизмот и пост тн ми е малку слаба страна а дома имам цела библиотека наследено која што морам да ја прочитам цела оти изобилува со убави наслови и автори....и така сеа засеа читам од она што ми е дома оти навистина сакам да го прочитам....инаку за жал во Велес нема ниту една место каде можеш да купиш книга.
Во Велес од март оваа година има книжарница ИСКЛУЧИВО за книги, со солиден избор наслови од 10-тина издавачки куќи... се наоѓа во Убавиците, пред Центарот за јавно здравје :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Лина Литера

Нов член
15 јули 2013
2
2
3
54
Фала на препораката,ама додека дојдам пак во Скопје ќе се изимат :D Али ајде може ќе му речам на братучедот да провере,па ако најде нешто да ми донесе кога ќе иде наваки.Многу е лошо тоа што во помалите градови нема голем избор на книги,всушност можам да кажам дека нема ич.Ако не е Скопјево,нема што да читаме :D
Ако доаѓаш во Велес, да те информирам дека од март оваа година се отвори книжарница ИСКЛУЧИВО за книги, со солиден избор наслови од 10-тина издавачки куќи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Во Велес од март оваа година има книжарница ИСКЛУЧИВО за книги, со солиден избор наслови од 10-тина издавачки куќи... се наоѓа во Убавиците, пред Центарот за јавно здравје :)

Со кои издавачки куќи ќе соработува и каков е концептот или по ново „таргет групата“? Дали ќе се провава се` и сешто од насловите или ќе се удри акцент на одредени писатели?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Лина Литера