Артефакти, културно наследство (тука или во странство)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ќе го пастирам истиот вовед што го скоцкав од друг форум.

Пред одредено време падна тешка дискусија помеѓу неколку мои колеги во врска со археологијата. Да бидам попрецизен вака беше поставено прашањето; Се случува да се ископа артефакт со непроценлива вредност во некој наш археолошки локалитет (Стоби, Скупи, Кале, Плаошник...)
Што би избрале вие: Да замине тој артефакт во некој познат музеј (Британски, Лувр (ако самите тие се понудат)) или да остане дома во некој од нашите музеи?
Да напоменам, зборам за ситуација кога на табличката пишува дека артефактот е пронајден во Република Македонија. Значи???

И да додадам... Со презентирање во големите музеи во странство, имаме шанса голем број на туристи да се запознаат со матерјалната култура од нашето поднебје. Но тоа си има и цена - таквите музеи имаат целосно покритие, они го поседуваат секое парче камен, монетка, итн...
Додека ако биде под ингеренција на нашата држава, шансата да дојдат огромен број на туристи е сведена на минимум, но затоа пак ние располагаме со артефактите, нивната судбина е во наши раце како и одговорноста истотака.
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Бројот на луѓе кои ќе го видат тој артефакт кај нас не е споредлив со бројот на посетители во светските музеи, да стои тоа непроценливо парче во некој познат музеј не значи дека ќе биде од помала важност за нашата историја, туку напротив промовирање на истата.. воопште не сум против изложување надвор од државата, се додека тоа не е откажување од поседување, и дозвола за измислување и искривување на вистината за неговото потекло.. сепак треба и кај нас да биде изложено, меѓутоа за некој да се заинтересира и да отиде во музеј за да го види треба до него да допре и информацијата за неговото постоење, и тоа не само нашата јавност, туку и надвор од границите
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
тука треба да си остане
може да се организираат изложби за промоција и афирмација
но да се отстапи за трајно или за неограничен временски период, тоа не
нека се направи соодветна копија на оригиналот, со нагласок дека е токму тоа, копија, а оригиналот се наоѓа таму кај шо припаѓа, па кој сака да го види оригиналот нека повели овде
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Mardy Bum