Оди зајакот кај мечката и и вели:
- Мецо, дај да тепаме некого, имам нешто вишок енергија. Ај на волкот ќе му одиме!
- Ајде бе, супер идеја, само дај некоја причина, да не биде ептен така, за џабе.
Зајакот се мислел некое време, и на крајот рекол:
- Ајде, ќе го тепаме затоа што не носи капа.
Му отишле на волкот и го претепале.
Поминало некое време, пак зајакот отишол кај мечката:
- Мецо, пак ми се тепа некој... Ај пак да му одиме на волкот!
- Ајде бе, може, само дај некоја друга причина сега.
- Ќе му побараме цигара, ако ни даде со филтер, ќе му кажеме сакаме без филтер, ако ни даде без филтер, ќе му кажеме сакаме со филтер - и ќе го истепаме.
Ги слушнала лисицата и отишла кај волкот да му пренесе, за овој да се подготви.
Отишле зајакот и мечката кај волкот, и му рекле:
- Волчко, дај една цигара!
- Сакате со филтер или без филтер?
Зајакот и мечката се замислиле на момент, а потоа зајакот извикал:
- Абе, ти пак не носиш капа, а?!