vitocorleone првин осигурај се дека имаш цврсти факти, па потоа осуди се да делиш епитети на други само затоа што не делат исто мислење со твоето. Тоа еден од основните манири на едуцирана личност, ако веќе се водиме според тие стандарди.
Второ, многу нелогичности на едно место.
Погледни го Нил Патрик Харис на пример. Го обожава широка маса, човекот е амбициозен, инзвонреден, добар, грижлив, има успешна кариера, помага насекаде кај што може, милиони жени трчаат по него, во ништо не се разликува од било кој друг маж, освен што дома си живее со друг маж...дома сме му ние па да ни пречи тоа?
Потоа спореди го со некоја пропалица, пијаница или наркоман што нема цел во животот, не работи, физички и вербално ги малтретира оние околу себе (а такви познавам повеќе отколку што познавам хомосексуалци), па дали тој се придржува кон “Љуби го ближниот свој“, оти нели, според Бога само тој е достоен да оплодува, и дали ти него би го поддржал и би му дал поголеми права, само затоа што го збиберува на спротивниот пол, макар било и насилно? Сметаш дека неговото пцуење, кршење и паѓање по дупки би биле подобар пример за децата во општеството и полесни за објаснување од двајца чичковци или тетки што се фатиле за рака?
Хомосексуалноста не е болест, напротив, лично, хомофобијата ми има поголеми предиспозиции да биде окарактеризирана ко болест, отколку хомосексуалноста. А примерот со зоофилијата не го ни коментирам, оти нема никаква логика.