Хомосексуалност

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Па природата ги создала хомосексуалците! Не бидете контрадикторни.
Ние луѓето сме го дале поимот пореметување.

Кога веќе размислуваме за сексот, зарем тој служи исклучиво за размножување?
Да не дискутирам за посвојување на деца, го знаеме одговорот.

Од секогаш постоела хомосексуалност, но кога се создало христијанството (на пример), хомосексуалноста станала лоша работа, осудувана и потиснувана.
Кога се создало христијанството,исто така лоши работи станале крадењата,лажењата,убиствата и се остало што до тогаш се случувало масовно. Единствената добра ствар што произлегла од христијанството е што се ставила некаква граница и ред на таквиот живот. Што значи веројатно имало причина зошто хомосексуалноста станала лоша работа.
Не,природата не ги создала хомосексуалците,затоа што ако природата ги создала нив,тогаш уште на почетокот ќе имало еден хетеросексуален пар и еден хомосексуален пар.
За посвојување деца,нормално е детето да израсне во заедница со мајка и татко. Семејство од двајца родители од ист пол по мое мислење не можат убаво да одгледаат дете,затоа што секогаш ќе фали љубовта,вниманието и се остало од родител од спротивниот пол. Освен тоа,искрено немам ни чуено за хомосексуален пар што уствари ПОСВОИЛ дете,сите познати и непознати хомосексуални парови што ги познавам не се одлучиле на таков чекор,се прашувам зошто.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com

И пред христијанството лошите работи како крадењето, лажењето, убиствата,... биле лоши работи и се казнувале.

Да, природата ги создала хомосексуалците, исто како што ги создала и хетеросексуалците. Понекогаш природата му ја ускратува можноста и на хетеросексуалецот да има дете.

За кој пар збориш за почетокот, Адам и Ева?! Зарем овој мит го сметаш за нешто повеќе од најголема глупост?

Семејство од двајца родители од различен пол, исто така, не можат убаво да одгледаат дете, можат да го израснат со недостатог на љубов, внимание и се останато. Истото важи, и за родители хомосексуалци. Не можеш со сигурност да тврдиш, станува збор за индивидуалност.

Јас ќе ти кажам кои познати хомосексуалци посвоиле дете: Рики Мартин и Нил Патрик Харис.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Свадбите и веридбите се прослава на љубовта. Свети Валентајн е празник на љубовта. Не на хетеросексуалната врска.
Да,поинаква е. Да почнеме од тоа дека сакаат лик од ист пол.
Како што реков,мене не ми смета се додека немаат потреба да се во центар на нечие внимание и да се понашаат ко ново светско чудо.
Заборавив да додадам,за тоа што власта вапца очи на народот,крив е самиот народ,не власта. Тоа што сме глупи,неми,слепи и инвалиди во поглед на искажување на нашето незадоволство е само наша кривица.
Свадбите, веридбите, валентајн... не се тоа празници на љубовта, туку празници на хетеросексуалната љубов... љубовта е широк поим... и да, објасни ми зошто хетеросексуалната се раззликува од хомосексуалната љубов?
Не ми кажувај за тоа дека доволо е што во втората се работи за личности од ист пол.
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
И пред христијанството лошите работи како крадењето, лажењето, убиствата,... биле лоши работи и се казнувале.

Да, природата ги создала хомосексуалците, исто како што ги создала и хетеросексуалците. Понекогаш природата му ја ускратува можноста и на хетеросексуалецот да има дете.

За кој пар збориш за почетокот, Адам и Ева?! Зарем овој мит го сметаш за нешто повеќе од најголема глупост?

Семејство од двајца родители од различен пол, исто така, не можат убаво да одгледаат дете, можат да го израснат со недостатог на љубов, внимание и се останато. Истото важи, и за родители хомосексуалци. Не можеш со сигурност да тврдиш, станува збор за индивидуалност.

Јас ќе ти кажам кои познати хомосексуалци посвоиле дете: Рики Мартин и Нил Патрик Харис.
Неточно. Не се казнувале затоа што немало никакви надлежни,немало полиција и такви глупости и сето тоа се случувало на големо,владеел хаос и безредие.
Има разлика од понекогаш и секогаш.
Мит е,но сепак уште од дамнешни времиња е прифатен фактот дека хомосексуалноста е погрешна баш преку тој мит,независно дали е вистинит.
Точно. Јас зборев за родители кои стрикно го одгледале своето дете со љубов,внимание и се останато. Мешаш баби и жаби.
Освен нив?
malo,од кога се свадбите,веридбите и валентајн празници на хетеросексуалната љубов? Појасни,по можност и со факти.
Jaс кажав што имав,се одјавувам од темава и замолувам да се продолжи со изјаснување на свои мислења,затоа што оваа дискусија прераснува само во билдање на постови беспотребно. Нити вие нема да го смените моето гледиште и мислење,нити јас вашето. И по можност не ме цитирајте повеќе со прашања на кои однапред би ги знаеле моите одговори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: elizabetta

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Епа ти смеша тука еволуција и религија, затоа те убаво прашав. Онака, колку да те вратам од почеток на муабет ;) Нели тролче никогаш не е на одмет :igra
Продолжи слободно, само знај: никој не пробува да ти го смене гледиштето, туку сакаме да се дообјаснеш зашто осудуваш некој поради тоа што има различна сексуална определба, а тоа нешто е најмалку фер. :)
Ако не примети,DarkPassenger ја почна религиската страна од дискусијава.
Сметам дека моите одлуки,ставови и мислења не треба да бидат тука за да бидат фер спрема било кого,кога веќе не ни сметаат на истите. А и не планирам да го дефинирам мојот карактер според некое општоприфатено мислење или став на open-minded масата.
 
Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Ако не примети,DarkPassenger ја почна религиската страна од дискусијава.
Сметам дека моите одлуки,ставови и мислења не треба да бидат тука за да бидат фер спрема било кого,кога веќе не ни сметаат на истите. А и не планирам да го дефинирам мојот карактер според некое општоприфатено мислење или став на open-minded масата.

Eej, абе не касај, и ја сум од твоја раса ! Поленка, slowly..
Не ни планирам да ти го дефинирам јас карактерот, само не сакам осудувања. Јасно и кратко. А кога видам осудувања, не можам а да не им се спротивставам. (wasntme)
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ај да не цитирам, нели зошто, паметните одговори на прашањата се толку очигледни.

Во одреден период во минатото, не постоеле закон и ред. Постоела анархија и секој правел што сака.
Но во цивилизираните општества и то како биле забранети и казнувани крадењето, убивањето, итн.

Нема да мешам религија, за мене и онака сето тоа е глупост и невистина. Единствено искоментирав бидејќи повеќето, или барем како прва реакција на темава, е поврзана со религијата, што таа налага и што осудува.

Факт е дека сексуалната ориентација не влијае врз начинот на кој може еден родител да го воспита и израсне своето дете. Постојат само разумни и прости луѓе, способни и неспособни луѓе. Доколку збориме за родители кои стрикно го одгледале своето дете со љубов, внимание и се останато, тогаш тука да ги вклучиме и родителите кои се хомосексуалци, покрај оние кои се хетеро. Не можам да разберам доколку некој смета дека еден хомосексуалец е/би бил лош родител, само поради активностите кои ги прави во спалната соба.

И да, ретки се оние хомосексуалци кои посвоиле дете (особено познати личности), бидејќи во најголем дел од државите во светов, не им е законски дозволено ниту да се венчаат, а камо ли пак да посвојат дете.
Затоа, не можам да кажам друг пример.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Succubus

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Eej, абе не касај, и ја сум од твоја раса ! Поленка, slowly..
Не ни планирам да ти го дефинирам јас карактерот, само не сакам осудувања. Јасно и кратко. А кога видам осудувања, не можам а да не им се спротивставам. (wasntme)
Не се работи за касања. А не е осудување се што се коси на твоето мислење,нели? :)
DarkPassenger,океј,договорено. Ама јас пак го имам истото мислење,и сега што праиме?
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
DarkPassenger
Велиш дека неможеш да разбереш како еден хомосексуалец може да биде лош родител само заради активностите што ги прави во спалната соба?
Зарем еден родител има заеднички активности само во спалната соба?
Да речеме ете двајца машки родители...едно дете од четири годинки кое оди во градинка наутро понекогаш гледаа како мајката го носи едно дете а другиот ден таткото.Како ке му се објасни на тоа дете,каде е мајка му?
Еден пар како и да е без разлика дали хетеро или хомо ете ке се баци некогаш и во кујната или во претсобјето пред едниот да оди на работа,зарем тоа нема да биде пример за едно дете дека тоа е сосема нормално да мајка ми Димитар го бацила татко му Стојан,упс се извинувам,татковците му се бациле.
Дај ве молам не до толку да се замислуваме толерантни кон општеството и со толку отворени умови.
Кој со кого сака нека оди во кревет но неможам да ја замислам ситуацијата да еден хомо пар одгледува деца.
Не дека на децата во домот ке им е подобро,да не се закачите одма пак за истото но,сепак ситуацијата не е така едноставна како што ја опишувате.
Кој што сака и како сака нека си го живее животот но мојот став е таков,не ми е до толку отворен умот.
Ајде сите ке се претвориме во слободни хомосексуалци и сите деца на светот вештачки ке ги оплодуваме и ние жените пар едната ке роди едно за нас а другата за комшиите хомо(мажи)затоа што тие неможат а ние да им излеземе во пресрет, и сите ке си живееме срекни и задоволни.Пех.
 
Не знам што е толку незамисливо. Дали имаш запознаено хомосексуалец, или уште подобро, хомо пар?
За секој важи истото прашање. Дали имате пријатели кои се хомосексуалци?
Јас не можам да замислам зошто би било лошо да се довери дете, на двајца возразни луѓе (дали мажи, дали жени, не е важно), кои се одговорни и способни да ги одржуваат своите обрски? Што има тука лошо?

Јас сум убедена дека едно мало детенце ќе се прашува зошто има двајца татковци, или пак две мајки, но дека ќе разбере зошто е тоа така. Можеби не на самиот почеток, но со тек на време, да. Зошто всушност би било тешко да се разбере, ако тие двајца родители му овозможиле прекрасно детство и добри услови за живеење? Тој ќе ги сака, како што ги сакал пред да дознае што е тоа хомосексуалност.

За мене, бакнеж си е бакнеж, за сите е ист. Љубов си е љубов. Не гледам ништо одвратно и незамисливо.
Верувам дека хетеросексуалноста ќе преовалдува засекогаш и човештвото ќе опстане и ќе продолжи да тера во најнормален пат.

П.С. Можеби наредново не е еднакво на темава, но ќе дадам еден пример.
До пред 50 години, црнците немале еднакви права со белците и биле осудувани и омразувани. Со тек на време, луѓето виделе дека нема никаква разлика, човек си е човек, зарем е битна бојата на кожата. Било незамисливо да постои пар, белец со црнец. Но, денес многу поинаква е ситуацијата. Мислам дека се повеќе се прифаќаат хомосексуалците, односно, се смета дека тие се нормални луѓе и имаат право да прават што сакаат.

И не се обидувам да сменам нечие мислење, само го кажувам моето, како што секој го кажува своето.
Слободно задржете си го своето мислење, какво и да е.