Прашање што никогаш не може да биде точно одговорено и околу кое секогаш ќе има спротиставени ставови.
Двете се теории од различни гледишта, кои добиваат на релевантност според определбата на (не)верниците. Ниту една од овие не е комплетно докажана или комплетно исфрлена ко (не)точна.
Теориите за еволуцијата се понови од Библиските записи, но технички, ако го земеме во предвид постоењето и изумирањето на диносаурусите, еволуцијата е многу постара од Библијата. И?
Без навреда, ама се изналупа глупости овде...
Ајде вака, прво насловот е погрешно поставен, треба да стои "Што е еволуција, а што креационизам?" Сите знаеме што е христијанство нели...
Второ, како можеш да ја 'мериш' релевантноста на валидна научна теорија за која постојат еден куп докази (и опсервациони и експериментални) според религиозна определба? Па Дарвин верувал во Бог. Веродостојноста на ТЕ одамна не е под знак прашање во научните кругови, остај ги ти креационистите од Америка што им перат мозок на неписмени... Од друга страна, не постои ниту еден, буквално ниту еден научен доказ во полза на креационизмот, така да - ТЕ е комплетно докажана, креационизмот е комлетно исфрлен како неточен.
Прашањето е одговорено, само на некои не им се допаѓа одговорот...