dystopian друже, постојат и теории што потекнуваат уште од старите Грци, но за разлика од Дарвиновата, не биле поддржани со факти, туку биле повеќе од филозофска гледна точка. (Нормално, временскиот период и немањето никаква технологија не им дозволувале да навлезат подлабоко во истражувања.)
Едит: Доцна го избриша тоа „Постои само една теорија на еволуција.“ Веќе прочитав и одговорив.
И јас верувам во теорија на еволуција, ама ако гледаш објективно, треба да си спремен да ја прифатиш и теистичката гледна точка, а ти само се изнатропа за Дарвин и со последново се закопа у стил „ја сум у право, само не ви се допаѓа одговорот, па измислувате креацинонистички гледни точки.“ Инаку, слабо држи вода терминот, било кое напишано дело може да се сврсти во креационизам со оглед на тоа што секое човечко суштество може да креира свои верувања и да ги запишува, докажува и шири по другите, така и теоријата за еволуција или било кое друго научно докажано дело, потекнале од идеи и претпоставки и не се исклучоци. Убаво си рече „одамна не е под знак прашање во научните кругови“, а што правиме со другите кругови? Не е светот составен само од поддржувачи на еволуцијата и не можеш туку-така да наметнуваш дека ти го знаеш точниот одговор.