1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

The Sims

Дискусија во форумот 'Игри' започната од Snape, 15 февруари 2012.

  1. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Абе што се мачите со Симс 3 или 4. Инсталирајте си Симс 2, па после тоа инсталирајте го и пачот за миленичиња и немате гајле. :)
    Не ви ни треба јак компјутер, на секој ја фаќа таа. :)
     
  2. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Јас на 3ката го имам и дополнението со животни, односно The Sims 3 Pets. Постои опција да посвоиш маче или куче, можеш да избереш раса, можеш да го модифицираш, односно да му ја смениш бојата на крзното, му менуваш разни ременчиња. Кога потпораснуваат кучето можеш да го шеташ, и тие самите имаат карактеристики и желби. Исто така, можеш да купиш коњ и потоа да го тренираш, па да го носиш на натпревари. Исто така, можеш да најдеш животни некаде на мапата и да ги присвоиш. Јас имам најдено и чувано до сега тропски папагал, гавран, црвена желка, верверичка, змија, разни бубачки.

    Иначе, се на се имам 17 градови од кои, 2 се тропски (Sunlit Tides, Isla Paradiso) и едниот од нив е погоден за нуркање. Можеш да му дадеш мисија на симот да биде нуркач и го тренираш во тоа, па го истражуваш океанот, идеш низ разни пештери, наоѓаш подводни богатства. Еднаш налетав на ајкула и почна симот да се тепа, мислев ќе умре, ама преживеа. :patos
    Има еден град (Monte Vista) кој личи како стар Италијански град и е погоден за готвење. Има еден куп рецепти за готвење и учење, меѓу кои и некои што можат да се најдат само во странство.
    Една од најубавите работи е додатокот за патување односно The Sims 3 World Adventures, каде што можеш да ги посетиш Кина, Египет и Франција. Има опција за подобрување на визата со 3 нивоа, односно кога патуваш можеш да наоѓаш разни авантури. Можеш и да му дадеш на симсот карактеристика авантурист. Истражуваш разни гробници, пештери, наоѓаш богатства и артефакти, можеш во Кина да научиш боречка вештина, можеш во Египет да купиш профи апарат и корпа за змии, можеш во Франција да научиш рецепт за палачинки и да правиш вино. И еден куп други работи...
    Уште еден додаток кој многу ми се допаѓа е тој со сезоните односно The Sims 3 Seasons, една сезона трае 7 дена, а во секоја сезона има еден празник. И за време на секоја сезона се одржува фестивал во градот каде што има разни активности како на пример, на лето има лизгалиште, на зима има дел за сноубординг, на есен има haunted house и када со јаболки за играње, на есен можеш да резбариш тиква, најчесто има гол за играње фудбал, има разни флипери, има тезга за правење на сезонска фотографија, има тезга за цртање на лицето, има на пролет мислам беше kissing booth, итн итн. Кога е зима можеш да правиш ангели, снешковци и игло (дури и можеш да спиеш во него), на есен можеш да метеш лисја (па да ги запалиш), постојано се менува времето, понекогаш врне, има грмотевици, понекогаш има град, магла, итн итн. Можеш да се разболиш и можеш да отидеш до болницата (пред да се разболиш) и да примиш вакцина.
    Има и додаток за одење на колеџ односно The Sims 3 University Life, каде што студираш за испити, посетуваш предавања, учиш,...
    Еден од најинтересните додатоци е оној за натприродното односно The 3 Sims Supernatural, со кој можеш да станеш или да се дружиш со вампири, врколаци, самовили и вештерки. Како дел од ова, секоја недела (односно сезона) има полна месечина и тогаш од земјата искачаат разни зомбиња и можат и да те каснат. Има еден град каде што приказната е дека го поседуваат 2 фамилии - Van Goulds (вампири) и The Wolffs (врколаци). Има еден град кој се вика Dragon Valley и има змејови или Hidden Springs кој е погоден за магии и учење и правење разни spells и potions. Има еден град Barnacle Bay кој бил град на риболовците и на пиратите и таков е украсен цел, има стари бродови.
    Има еден додаток кој може да се каже дека е најглавен, се вика The Sims 3 Into The Future и со него можеш да патуваш во миnaтото или во иднината. Го немам истражено, па не можам да зборам за него. Али има еден куп футуристички работи од намештај до облека до предмети, така да интересен додаток е. Можеш да бидеш инвентор и да создаваш разни предмети или пак да бидеш научник кој ќе гради ботови, па ги усовршуваш и ги продаваш.
    Има еден град Brigdeport и наликува на Њујорк и насекаде има облакодери и можеш да живееш во пентхаус. Изобилува со кафичи, барови и дискотеки, па погоден е за професија шанкер. Има и подземно метро.
    Можеш да бидеш уметник, од оноа основното да сликаш на платно, до некои нови работи како правење скулптури. Или пак можеш да бидеш урбан уметник, односно да учиш и да правиш графити и мурали. Можеш да те уапсат поради тоа и стануваш бунтовник, па можеш да правиш протести. Можеш да правиш тетоважи и да идеш на тетовирање.
    Го има тоа башка, но не знам од кое дополнение е дел, каде што симот може да биде бунтовник (се зголемува нивото ете на пример со правење графити), nerd (се зголемува со читање стрипови и играње видео игри), jock (се зголемува со играње фудбал и правење keg журки). Можеш и да го направиш познат, односно има се на се 5 ѕвезди (нивоа) и првата (а и други) се добива со спријателување на позната личност.
    Спомнав журка, има разни видови на журки. Keg juice журка нешто као колеџ журка, bonfire журка каде што се прави огромен оган, feast журка со јадење (тоа за thanksgiving празникот во есен), giftgiving журка (за Нова Година во зима), итн итн. Има и costum журка ко за Halloween и има и trick or treat дел.
    Спомнав спорт, постои опции да играш фудбал, кошарка, да играш посебно со фудбал или рагби топка или хеке. Има билијард, мало фудбалче, пингпонг, мал хокеј, итн.
    Можеш да наоѓаш разни работи низ градовите. Разни цвеќиња, метали jems (кои можеш да ги обработуваш), инсекти,...
    Може да умре симот. Многу пати го има мојот фатено струја, а и тоа со ајкулата. Еднаш седи надвор, разговара и горе ми пишуваше нешто во стил 'Одедна на Името на симот му стана чудно темно' и погледнува нагоре... жжжжуууууум метеор го гаѓа! И искача смртта grim ripper, у позадина иде морбидна музика, а духот на мојот сим нешто се моли и смррта го зима и оп... гроб. Цепки. :zelen
    Има посебни додатоци за уредување и облека: The Sims 3 Movie Stuff, The Sims 3 70s 80s 90s Stuff, The Sims 3 Diesel Stuff, The Sim 3 Master Suite Stuff, The Sims 3 Town Life Stuff, The Sims 3 Outdoor Living Stuff, The Sims 3 Fast Lane Stuff, The Sims 3 Design & High-Tech Stuff.

    Се на се, има неописливо многу работи за правење и истражување, до ден денес после 6 месеци (минимум) играње сеуште истражувам и откривам нови работи. Има стотици и сторици предмети со кои се прават разни работи, има премногу облека за избор, исто така и намештај. Човече само коса има над 100 вида за бирање! Имам изиграно минимум 20 различни игри со различни симови и постојано дознавам нови работи и сеуште ми нема здосадено играва. :biggrin
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Штета што немам толку време да играм, иначе интересна е играва. Јас порано на Симс 2 им пишував шифра aging off, и така вечно ми живееше симот. :)
     
  4. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,995
    Допаѓања:
    9,624
    Знам дека има многу многу работи ама тоа доаѓа со експанзиите кои секогаш постојат како опција и кај 4ката. Затоа реков се` уште е рано за крајна оценка. Ваљда и оваа со толку експанзии начукано ќе почне да цепа дрва со рамот и процесорот. :D
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    На 3-ката можеш со тие поените што ги добиваш при извршување на одредена работа, да си купиш potion кој го сопира стареењето. :D
    Ау тоа дефинитивно. И јас едвај чекам да видам што следи понатаму за 4-ката. И знам дека му штетам на лаптопот кога ми крашува скроз, али што да праам, понекад ептен се заигрувам по 3-4 саати. :giggle
     
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    1413787151803.gif
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rain-bow

    rain-bow Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 ноември 2014
    Мислења:
    174
    Допаѓања:
    79
    Јас ја имам 3-та ја инсталирав, арно ама кога ќе ја пуштам работи одредено време и после се гаси самата, дава некој ерор, знае ли некој што може да биде и може ли некако да се оправи?
     
  8. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Некој да може да ми даде линк од каде да ја симнам симс 2? И едно прашање, дали ако ја симнам од нет то ест ако не ја инсталирам преку цд нема да ми ја дава стрелката кога играм? Пошто кај женска ми е така, и ја симнале од нет и кога играш не ја дава стрелката ами треба да знаиш отприлика каде е ...
     
  9. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    И јас го имам тој проблем, колку што сфатив до играта е, односно не може ништо да смениш.
     
  10. rain-bow

    rain-bow Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 ноември 2014
    Мислења:
    174
    Допаѓања:
    79
    Еве сега само што ја симнав 2-ката со линкот што го најдов тука. Се надевам дека ќе успеам да ја инсталирам, зошто не можам да ги прочитам инструкциите, заради фонтот. Ќе видиме што ќе бидне.
     
    На Давор му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: