Го играв кецот, ја играв 2ката кратко и еве веќе скоро 3ри години ако точно пресметав ја имам Симс 3. Ја имам на цеде. Имав и неколку додатоци инсталирано(Ambitious и Generations) ама сега на новиов лап топ немам ниеден додаток(expansion). Сакам да прашам: колку место зафаќаат сите додатоци? Да знам дали да почнам да ги спуштам. И дали ќе ми кочи ако ги имам сите ради местото што го зафаќаат?
Додатоците се околу 1-2 GB една. Јас ја имам само СИМС 3, но према мене двојката е далеку подобра, но ми прави проблеми и не сака да се инсталира so ... Сепак место симс преферирам социјални игри како Second Life, но сепак Симс знае да биди доста забавна.
Имам едно прашање: пред година-2 имав инсталирано Sims 3 каде што имав создадено фолдер downloads и ставено симнати работи од една страна (мислам дека нивната на нет), но бидејќи кога ги користев во игра тие симнатите работи, симсот ми паѓаше. Од таа причина, ја анинсталирав и избришав се. Пред пола година, ми инсталираа пакет на симс 3 со 20 продолженија (yup, постои и такво нешто), проблемот е што во игра повторно ми стојат тие работи порано што сум ги симнала, како играта да ги запамтила. Поради нив, играта ми паѓа повторно (иако НЕ ги користам), значи се укочува и понекогаш се спушта и пишува ерор па има опција за cancel и никому ништо. Но, понекогаш ми се укочува и се појавува син екран со ствари, односно се рестартирува лаптопот. Прашањето ми е: како да најдам каде ми е инсталирана играта и како да ги тргнам тие работи што сум ги инсталирала (зошто не верувам дека ги има со фолдер download бидејќи на времето го избришав тоа)?
Може некое од продолженијата да ги има тие работи. За рестартирањето не мора да значи дека е од играта туку види дали лаптопот може да ја подржи играта или сите тие продолженија. И мене ми правеше порано така со синиот екран, па решението ми беше во бришење на играта оти ми ги искина нервите. Види ги перформансите на сите продолженија и на играта и спореди ги со перформансите на лаптопот тие што се над ти ја кочат играта 100%.
Знам ќе ме хејташ ама пробај ја 4ката (секако прво види pc reqs). Според реизиите далеку помалце кочи и далеку попрегледна е од 3ката.
Прво симнав една верзија, фалеше крек. Ај што јас не се разбирам во тие работи, вујко ми кој ми инсталира ствари најчесто, исто така не знаеше што да прави. После тоа симнав друга верзија. Инсталацијата беше оноа next -> next -> next -> чекање инсталација -> finish. Пуштам играта и ова ми вика: The dynamic library "rld.dll" failed to initialize (E1103). Знаев дека со тоа next е too good to be true, не ми се веруваше дека толку лесно би се инсталирала... затоа, што е проблемот?