Јас на 3ката го имам и дополнението со животни, односно
The Sims 3 Pets. Постои опција да посвоиш маче или куче, можеш да избереш раса, можеш да го модифицираш, односно да му ја смениш бојата на крзното, му менуваш разни ременчиња. Кога потпораснуваат кучето можеш да го шеташ, и тие самите имаат карактеристики и желби. Исто така, можеш да купиш коњ и потоа да го тренираш, па да го носиш на натпревари. Исто така, можеш да најдеш животни некаде на мапата и да ги присвоиш. Јас имам најдено и чувано до сега тропски папагал, гавран, црвена желка, верверичка, змија, разни бубачки.
Иначе, се на се имам 17 градови од кои, 2 се тропски (Sunlit Tides,
Isla Paradiso) и едниот од нив е погоден за нуркање. Можеш да му дадеш мисија на симот да биде нуркач и го тренираш во тоа, па го истражуваш океанот, идеш низ разни пештери, наоѓаш подводни богатства. Еднаш налетав на ајкула и почна симот да се тепа, мислев ќе умре, ама преживеа.
Има еден град (
Monte Vista) кој личи како стар Италијански град и е погоден за готвење. Има еден куп рецепти за готвење и учење, меѓу кои и некои што можат да се најдат само во странство.
Една од најубавите работи е додатокот за патување односно
The Sims 3 World Adventures, каде што можеш да ги посетиш Кина, Египет и Франција. Има опција за подобрување на визата со 3 нивоа, односно кога патуваш можеш да наоѓаш разни авантури. Можеш и да му дадеш на симсот карактеристика авантурист. Истражуваш разни гробници, пештери, наоѓаш богатства и артефакти, можеш во Кина да научиш боречка вештина, можеш во Египет да купиш профи апарат и корпа за змии, можеш во Франција да научиш рецепт за палачинки и да правиш вино. И еден куп други работи...
Уште еден додаток кој многу ми се допаѓа е тој со сезоните односно
The Sims 3 Seasons, една сезона трае 7 дена, а во секоја сезона има еден празник. И за време на секоја сезона се одржува фестивал во градот каде што има разни активности како на пример, на лето има лизгалиште, на зима има дел за сноубординг, на есен има haunted house и када со јаболки за играње, на есен можеш да резбариш тиква, најчесто има гол за играње фудбал, има разни флипери, има тезга за правење на сезонска фотографија, има тезга за цртање на лицето, има на пролет мислам беше kissing booth, итн итн. Кога е зима можеш да правиш ангели, снешковци и игло (дури и можеш да спиеш во него), на есен можеш да метеш лисја (па да ги запалиш), постојано се менува времето, понекогаш врне, има грмотевици, понекогаш има град, магла, итн итн. Можеш да се разболиш и можеш да отидеш до болницата (пред да се разболиш) и да примиш вакцина.
Има и додаток за одење на колеџ односно
The Sims 3 University Life, каде што студираш за испити, посетуваш предавања, учиш,...
Еден од најинтересните додатоци е оној за натприродното односно
The 3 Sims Supernatural, со кој можеш да станеш или да се дружиш со вампири, врколаци, самовили и вештерки. Како дел од ова, секоја недела (односно сезона) има полна месечина и тогаш од земјата искачаат разни зомбиња и можат и да те каснат. Има еден град каде што приказната е дека го поседуваат 2 фамилии - Van Goulds (вампири) и The Wolffs (врколаци). Има еден град кој се вика Dragon Valley и има змејови или Hidden Springs кој е погоден за магии и учење и правење разни spells и potions. Има еден град
Barnacle Bay кој бил град на риболовците и на пиратите и таков е украсен цел, има стари бродови.
Има еден додаток кој може да се каже дека е најглавен, се вика
The Sims 3 Into The Future и со него можеш да патуваш во миnaтото или во иднината. Го немам истражено, па не можам да зборам за него. Али има еден куп футуристички работи од намештај до облека до предмети, така да интересен додаток е. Можеш да бидеш инвентор и да создаваш разни предмети или пак да бидеш научник кој ќе гради ботови, па ги усовршуваш и ги продаваш.
Има еден град
Brigdeport и наликува на Њујорк и насекаде има облакодери и можеш да живееш во пентхаус. Изобилува со кафичи, барови и дискотеки, па погоден е за професија шанкер. Има и подземно метро.
Можеш да бидеш уметник, од оноа основното да сликаш на платно, до некои нови работи како правење скулптури. Или пак можеш да бидеш урбан уметник, односно да учиш и да правиш графити и мурали. Можеш да те уапсат поради тоа и стануваш бунтовник, па можеш да правиш протести. Можеш да правиш тетоважи и да идеш на тетовирање.
Го има тоа башка, но не знам од кое дополнение е дел, каде што симот може да биде бунтовник (се зголемува нивото ете на пример со правење графити), nerd (се зголемува со читање стрипови и играње видео игри), jock (се зголемува со играње фудбал и правење keg журки). Можеш и да го направиш познат, односно има се на се 5 ѕвезди (нивоа) и првата (а и други) се добива со спријателување на позната личност.
Спомнав журка, има разни видови на журки. Keg juice журка нешто као колеџ журка, bonfire журка каде што се прави огромен оган, feast журка со јадење (тоа за thanksgiving празникот во есен), giftgiving журка (за Нова Година во зима), итн итн. Има и costum журка ко за Halloween и има и trick or treat дел.
Спомнав спорт, постои опции да играш фудбал, кошарка, да играш посебно со фудбал или рагби топка или хеке. Има билијард, мало фудбалче, пингпонг, мал хокеј, итн.
Можеш да наоѓаш разни работи низ градовите. Разни цвеќиња, метали jems (кои можеш да ги обработуваш), инсекти,...
Може да умре симот. Многу пати го има мојот фатено струја, а и тоа со ајкулата. Еднаш седи надвор, разговара и горе ми пишуваше нешто во стил 'Одедна на Името на симот му стана чудно темно' и погледнува нагоре... жжжжуууууум метеор го гаѓа! И искача смртта grim ripper, у позадина иде морбидна музика, а духот на мојот сим нешто се моли и смррта го зима и оп... гроб. Цепки.
Има посебни додатоци за уредување и облека:
The Sims 3 Movie Stuff,
The Sims 3 70s 80s 90s Stuff,
The Sims 3 Diesel Stuff,
The Sim 3 Master Suite Stuff,
The Sims 3 Town Life Stuff,
The Sims 3 Outdoor Living Stuff,
The Sims 3 Fast Lane Stuff,
The Sims 3 Design & High-Tech Stuff.
Се на се, има неописливо многу работи за правење и истражување, до ден денес после 6 месеци (минимум) играње сеуште истражувам и откривам нови работи. Има стотици и сторици предмети со кои се прават разни работи, има премногу облека за избор, исто така и намештај. Човече само коса има над 100 вида за бирање! Имам изиграно минимум 20 различни игри со различни симови и постојано дознавам нови работи и сеуште ми нема здосадено играва.