Што сонувавте денес?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Си го сонував сопствениот погреб, со сите темании, од капење, до закопување. Дури и се нервирав зошто ми мешаат адети...
Уште не можам да се соземам у тит.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

BaceE

Нов член
26 октомври 2017
17
8
3
Го сонував него мојот сакан како ме гонеше а јас сум бегала и кога ме фанал ме бакна а јас во тој момент му кажав дека го сакам и тогаш ме одби како не сакал да биде со мене. И после тоа ми вика малечка, а јас не ме викај малечка не сум за тебе јас малечка.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Моето претерано гледање крими ствари резултира со чудни соништа.
Вчера помагав на полиција да најде побегнато/исчезнато девојче во нешто што беше моја верзија на скопскиот градски парк. Потрагата не само што ја вршев, туку ја гледав и на телевизор истовремено, кој некако лебдеше на сталак низ просторот со мене. :frantic
После тоа имав кучиња-душкачи од кои едното беше малтезерче, а другото нешто ко џуџест пинчер (јаките трагачи) и според мирисот ме однесоа до девојчето, кое веднаш го предадов на цајканот што магично никна до мене.
За награда, видов дека косата ми пораснала под половина и бев пресреќна што само требало да ги средам врвовите за да бидам белосветска препи4ка.

Ова е, реално, еден од нормалните соништа. Не знам дали имам вивидна имагинација или е од многу паѓање директно на глава ко мала.
 
  • Haha
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Outrider

Bozle

Староседелец
18 ноември 2018
7
4
603
44
Братучед ми станал Евреин. Седел на маса со кипа на главата и се клател над некоја книга се молел, дедо му (на жената татко) исто седел со кипа. Му реков шо се глупираш ништо не ми одговори.
* никој не е Евреин од нив
 

Bozle

Староседелец
18 ноември 2018
7
4
603
44
Најчуден и најезив сон во животот ми е некаде пред 10год сонував дух од мало детенце како ангелче(без определен пол) сака да влезе во собата кај баба ми и дедо ми кои беа веќе починати. Во ходникот беше стрина ми која не го сакаше детенцето и не му дозволуваше да влезе. Се разбудив тажна за детенцето и зачудено зошто стрина ми беше толку лоша, зашто жената е стварно добра.
Седнав, и го раскажав на мајка ми сонот, она само ми кажа знаеш чичко ти коа се гледаше со стрина ти имаше уште една девојка која исто време беше бремена како стрина ти но абортира. Уште не можам да го заборавам сонот.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Многу често го сонувам станот/зградата кајшто живеев порано, не знам што пробува да ми каже потсвеста со тоа.
Дека ми фали станот, сигурно не е... :D
Како и да е, денес беше интересно пошто влетав набрзина во зградата и се најдов во стан кој често го сонувам дека е на една другарка (а нема допирна точка со куќата во која живее), но секоја соба имаше скали кои се менуваа како на Хари Потер (не е првпат ваков сон да имам), само што промената не се чувствуваше, туку кога ќе згазиш на одредена скала, се менува целиот амбиент т.е. те носи на одреден спрат и буквално со газењето бираш на што спрат ќе завршиш, иако не знаеш која скала каде носи, изненадување е. :D
Така се нашетав низ чудни библиотеки, сала за куглање, тату студио со прекул неон знаци, огромен бутик кајшто имаше и дел со благо, итн., а на крај завршив на огромна тераса каде имаше ко шаховски фигури од двете страни долу покрај патеката, но всушност беа направени од грмушки.
Бреј, да можев скриншот да направам од сликите во глава, аман.