Што сонувавте денес?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Сабајле кога одев на работа и се сетив на сонот, не знам како им изгледав на луѓето пошто цело време се смеев.
(facepalm)
Кај нас некаде, собрани полно луѓе, се туркаат, викаат, сликаат. И јас идам да видам што се дешава и гледам Шарави на еден камен качен и го тегнат луѓе за сликање. А ситуацијава иста ко што е сега со мене, исто си се осеќам, исто тој во Монако заминал...
И онака си седам на страна и кога намали гужвата седна некаде во близина до мене, а јас демек мртва ладна дремам не се замарам. И сега врска немам на што јазик ми се обрати и правевме муабет, ама ми рече демек жешко времево и напорно денес. И јас онака е да. И дремеме сега јас гледам на една страна тој на друга и сега јас го вадам привезокот (од милан) и му викам види. И ми вели абе јас не сум веќе таму. И муабетот демек како ти е сега, ти недостига стариот тим. И ми рече подобро ми е во Монако, тука подобро можам да се покажам, тука ќе бидам подобар, добро сум прифатен, супер ми е, исполнет сум..
И сме се сликале ама се сликите темни испаѓаа, па мораше да си замине и останав јас без фотка, а баш едвај чекав на фб да ја закачам.
Битно си го мислев детето сега како му е , како се снаоѓа и ми дојде на сон да ми каже да не се секирам :zelen
Тешко мене.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel

Почна да го сонуваш и Милан и играчите негови. Сега следно е како сонуваш дека Милан освоил титула, дека нели на јаве нема шанси тоа. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Сонував дека потонувам во вода, ама успеав да испливам на површина :)) Ама кога се разбудив не можев да дишам ...
 
Последна промена:

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Сонував дека сум била опседната со некои шарени големи балони кои наводно биле ептен скапи, а и ретко некаде ги имало низ светот, па на некоја тв видов дека во Вашингтон има продавница само за такви балони, па башка и на попуст биле. Па се најдов таму некако, шетав низ град, луѓе ептен, имаше една улица од страна заградена со решетки или така нешто, имаше и мост со ептен убава градба, убава рекичка, ептен беше пријатно, па си ги купив балоните (во жолта и плава боја ако е тоа нешто битно) и кога излегов од продавницата местото не беше тоа што беше пред да влезам. Луѓето хистерично се кикотеа, мостот беше дрвен и стар, реката веќе ја немаше, патот со дупки никаков, а јас осетив некој страв и немир и брзав да си одам.. И...
Ми заѕвони алармот...
 
WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Сонував како сум го земала пиштолот на маж ми ( инаку плашливец е ама во сонот беше вистински ) , и заминав да се борам со некаква банда , бидејќи ми ги грабнале децата . Пукав во луѓето , меѓутоа уште пред да стигне куршумот до нив тие паѓаа како покосени :eek кога дојдов до последниот , го натерав да каже каде се децата и го убив . Потоа се најдов во една гоолема ливада / луна парк , имаше многу деца и мојте таму си играа ама јас неможев да дојдам до нив , беа затворени со жица како оние од филмовите , затворските жици . Викав но не ме слушаа . После од позади мене се појави маскиран маж како за научни експерименти , наводно над мене вршеле експерименти па сега сум луда . Ми ставаа некаква инекција и .. се разбудив :ladno
 
Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се шетаме јас и таа,
по пат кој беше широк и земјен,
а наоколу жито,
нешто налик на сликата подоле,
само што житото беше повисоко од нас,
застанав,
а и таа со мене,
се погледнавме и се гушнавме,
откако мирисот на нејзината коса го вдишав длабоко,
со шепот и проозборев на увото,
слушни го житото,
го сонува Ван Гог.

@malo ако си расположена за толкување, повели, ако не си, пак повели, на кафе бе:)

248185-harvest.jpg
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina