Некој ако ми го протолкува сонот го частам што сака.
Сонував како сум пред зграда, летен период.Сонцето пече.
Јас заедно со сите мои најдобри другари, луѓе со кои се знам од раѓање што се вели, што работам со нив сите сме биле во инвалидски колички.Сме се мачеле сите заедно да стигнеме да го запалиме светлото во влез.Додека пробуваме се стемни.И се разбудив.
Јас си имам некаква си моја перцепција за сонов, ама точно не знам што значи.
Инвалид према мене значи немоќен, неспособен.Тоа што сум бил со моите другари вајда значи дека сите сме неспособни.А тоа со светлото дека нешто ќе има ама вајда недостижно ќе биде и ќе го снема.
Ако некој има друга варијанта и е поточна од мојава нека пише, частам