Ништо паметно не сум пишал на темава освен што сум се глупирал.
Сакав да бидам политичар. Толку многу сакав, што дури си пишував говори.
Не знам од каде тоа ми дошло, ама секогаш кога ќе требаше за на школо да пишуваме некој есеј и слично, јас си уживав и си замислував дека пишувам политички говор, после на час кога читав замислував дека на митинг сум.
Ги учев имињата на парламентите низ светов, иако не беа потребни, ќе земев запишував статистики за избори.
Сега гледам дека не сум баш за таа работа јас, бидејќи не крадам, ќе ме убијат дека не сум ко нив. А ако некогаш направам партија и се кандидирам, барем знам дека ќе гласате за мене.