Што сакавте да бидете кога ќе пораснете?

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Имам трауми од детството на оваа тема :/

Сега може малу да звучи иронично, трагично, па и смешно ама кога бев мал сакав да станем џубраџија :nasmevka
Многу ми се свиѓаја со нивните зелени униформи :) го чистат џубрето, се возат со камион :D

Сега да се навратим на траимите...
Бев некаде 3то или 4то одд. Одам со родителите на слава, нормално собрана цела фамилија, дури и роднини од Германија беа дојдени... Се прае муабет, и одеднаш вујко ми го прашува брат ми (кој е 2 год помал) што сака да биде кога ќе порасне и тој вика пилот (дома имавме многу авиочиња), и вујко ми браво, ќе имаме пилот у фамилија. После тоа ме прашува мене и ја му викам џубраџија. И од еднаш сите ме гледаат мене, мајка ми црвена како пиперка...
И ајде пројде, што пројде славата и одиме дома. Само што влеговме во кола и се оддалечивме од маалото кога почна мајка ми да ми вика „Денеска како си ме осрамил, како можеше џубраџија да му речеш на вујкоти, што не му рече доктор, војник или нешто друго!“
И од тогаш мајка ми ме тера да учим... Цел клас ќе добијат 2ки, 3ки, ја сум добил 4ка, мајка ми дома ќе ме утепа:
„Како си можел да добиш 4ка!“
„Ама мамо сите добија 2ки...“
„Гајле ми е за другите, гледај за тебе!“.
Додека пак оценките на брат ми и да се виножито тој е помал, за него тоа не важи...

Сега сум трета год средно економско, и се надевам еден ден ќе бидем успешен сметководител.
 

Lily

Староседелец
15 февруари 2012
143
123
1,043
Скопје
Имам трауми од детството на оваа тема :/

Сега може малу да звучи иронично, трагично, па и смешно ама кога бев мал сакав да станем џубраџија :)
Многу ми се свиѓаја со нивните зелени униформи :) го чистат џубрето, се возат со камион :D

Сега да се навратим на траимите...
Бев некаде 3то или 4то одд. Одам со родителите на слава, нормално собрана цела фамилија, дури и роднини од Германија беа дојдени... Се прае муабет, и одеднаш вујко ми го прашува брат ми (кој е 2 год помал) што сака да биде кога ќе порасне и тој вика пилот (дома имавме многу авиочиња), и вујко ми браво, ќе имаме пилот у фамилија. После тоа ме прашува мене и ја му викам џубраџија. И од еднаш сите ме гледаат мене, мајка ми црвена како пиперка...
И ајде пројде, што пројде славата и одиме дома. Само што влеговме во кола и се оддалечивме од маалото кога почна мајка ми да ми вика „Денеска како си ме осрамил, како можеше џубраџија да му речеш на вујкоти, што не му рече доктор, војник или нешто друго!“
И од тогаш мајка ми ме тера да учим... Цел клас ќе добијат 2ки, 3ки, ја сум добил 4ка, мајка ми дома ќе ме утепа:
„Како си можел да добиш 4ка!“
„Ама мамо сите добија 2ки...“
„Гајле ми е за другите, гледај за тебе!“.

Сега сум трета год средно економско, и се надевам еден ден ќе бидем успешен сметководител.
хахаха ме потсети на другарка ми ко мала, у сред емисија сега ја заборавив како се викаше точно некоја у стилот на ѕвон, кажа дека сака да биде чистачка кога ќе порасне:)пошо сакала да брише прашина да усисува...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and warr

Rusty

Истакнат Член
19 февруари 2012
27
17
303
Ја сакав гинеколог,ама за 5 месеци ке завршам Стоматологија (битно да се брка некаде де ) :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
И јас ко баткава погоре сакав да работам во комунална хигиена, ама како шофер на камионот зашто обожавав камиони.Повеќе и од коли.Потоа откако го расклопив првиот фиксен телефон сакав да бидам хаус мајстор, па еднаш дури и астронаут..но детска бујна фантазија :D
 

Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
26
Сакав забарка да бидам! А и остана малку од таа желба, но не колку што сакав порано :) Сакав да сум забарка зашто толку беше добра мојата забарка со мене и воопшто со сите деца, и ме интересираше како чепка во забите ваму таму, а и сеуште ме интересира :D Кога одам на забар се' разгледувам, прашувам што е ова што е она, МНОГУ ИНТЕРЕСНО ТО БЕ! :D
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Свашта имам сакано да бидам. Прво наставничка, па докторка, па адвокатка, па пејачка, па актерка... Бирај што ти душа сака.
И кога ќе завршам некој сосем десетти факултет, ќе си се смеам на замислите од детството... Или, можда ќе ми текне дека не ми се остварила желбата и ќе ги ставам солзите на очи.:D