Што недостига на македонските телевизии?

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Фалат емисии од типот на Без паника,Милионер и слични каде што ќе биде собрано целото семејство и ќе погодуваат интерактивно.
Фалат документарни филмови имаме толку цркви,стари села,занаетчии,приказни што заслужуваат да се раскажат од некои човечки судбини.
Фали и некое ток-шоу ама да биде добро осмислено и да има гости кои веќе не биле видени и да се извлече максимално интересни приказни (може да викнат пилот,бабица) ама да биде направено на повисоко ниво од досегашниве што сме ги гледале на нашиве телевизии.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Фалат емисии каде интерактивно ке се изучува граматиката на македонскиот јазик, емисии од типот на Бушава азбука, емисии за деца како порано што имаше Бранко коцкица, каде се промовираат вистинските вредности и преку кои се образуваат децата и ке бидат препознатливи за времето во кое растат, емисии каде ќе се учат како да насликаат нешто(цвеќе, животно, портрет или др) од познати македонски сликари, така ќе ги запознаат македонските уметници.
Фалат емисии во кои ќе се зборува за практични работи од секојдневниот живот: како да се однесуваш на интервју за работа, како да се спакуваш за на одмор, како да го одбраниш својот став, како да полемизираш и др.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Му недостасуваат добри забавни емисии, ама добри. Има вишок на сапуници, поточно на телевизија даваат само турски серии и вести. Му недостасуваат добри фимови и серии, но добри, а не турски сапуници и американски романтични комедии. Па и по некоја едукативна програма. По некоја ДОБРА музичка емисија, која не е Фолк-Фест Валандово или нешти слично.
Засега, МТВ води со најдобра програма. Другите се, така, идиотски.
Потоа и по некоја детска емисија, по некој цртан филм за деца барем еднаш неделно.

Но, на простиот народ му се доволни само сапуници, па така, тие се мнозинство, а ние живееме во демократско општесто, а во демократското општество мнозинството одлучува. Цела Македонија беше потресена кога го затворија А1 бидејќи им ги прекинаа омилените турски серии.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ееее куде е ск зимска рекреативна програма, сеќате се на период у девеести кд мтв беше обемна телевизија, сс голем дијапазон на сфакоразни емисие, квизови,филмови,цртани, сфе...
А ск не убисфа сс тија серие и прање мозак преко вести
А и ми убивамо сс овија коментари дека не убиваф по телевизор сс глуп материјал
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
На сител недостига утринско будење со паторот, половина час доволно е за убаво да ни почне денот.

Сериозно сега, фалат повеќе филмови и некои документарни серии. Мтв сега почнале да ја даваат Planet Earth секој ден од 18:30, ама треба и на другите да се пушти некоја таква серија.
Порано на А1 супер беше, немаше турски и индиски серии. Си седнеш за викенд и цел ден филмови си гледаш, а кога не е викенд секогаш имаше филм некој после 21:00. Сега се е забегано, турцишта на секој канал, индијци плачат и лелекаат, некои ретардирани емисии се пуштаат.
За спорт да не зборувам па, жими Мтв што пренесува ЛШ во фудбал и Алфа ракомет. И тоа на Мтв само во среда даваат, нели дека многу ќе им се фати ако даваат и во вторник.
Порано немаше проблем, се купуваше по цела сезона Нба и одеше на Мтв, ама сега за никаде се освен како што кажав, знаат некогаш да пуштат некоја емисија добра или филм.
Канал 5 не ги ни гледам, немаат што да понудат а можат и тие да земат да купат некоја серија добра па да седне човек пред тв да гледа.

Добро би било да се тргнат сегашниве серии и да се земе нешто поново и подобро, и да се престане да се синхронизираат серии, ептен нервозно е за гледање. Пушти си превод и готово.

На Хрватската телевизија ја даваа Game of Thrones, кај нас знаете кога ќе ја даваат? 10 години откако ќе заврши серијата. :)
Како што правеа Мтв со Тропска Горештина, со Ник Слотер серијата. Таа во времето на дедо ми била стара а тие ја пуштаат сега. :)
Или па за некој филм кога ќе пишат дека е премиера а тој милион пати даван на истата програма.

Нема шанси да се промени нешто но кога би можело убаво би било да се даваат на пример, преку ден некоја емисија било каква само не од типот на Среќни коцки. За викенди нормално, од 18:00 па до сабајле филмови, кога има нешто натпревари исто така да се пушти нешто, сигурен сум дека ќе се најде термин ако се тргнат турските и индиските серии. :)
А не тие ми најавуваат уште дека ќе даваат, или оние "шоута" пинк ѕвезди и ѕвезде гранда. Како ги најавуваа како којзнае што да е. Такво некое шоу може да се пушти ама како Х фактор на пример.

Сега ми текна и дека фалат квизови, и тоа многу. На 2-3 телевизии да има по некој квиз супер ќе е. Ама не квиз како оној што е од Евн што се глупираат, квиз како што беше Енигма што одеше на Телма, ќе се сети некој можеби за кој мислам. На Мтв добар беше тој Круг на знаење ама го снема, сега на сител најавуваа за некој квиз ама ништо нема сеуште.
Најубаво би било Милионер да го вратат ама поважно е онаа Лила дрољата да ја пуштат отколку некој квиз каде може да се научи нешто.

Толку сакав да кажам. :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Пари за да откупат нешто барем делумно прифатливо.
Не се трпи бре ова соживување со секој турски лик, па раскажува раја мислиш за роднини зборува... Не.

А еве од едукативни емисии има ТВ часови за основно. Ехаа... :zelen
 

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
Замрува телевизијата во државава, не знам за други држва ама кај нас ќе дојде време кога целосно ќе замине онаа Југославија генерација и генерацијата пред големиот развој на интернетот кој чекаа да им сервира телевизијата серија или филм сега веќе и тие не гледаат толку телевизија.

Треба тв фирмите во Македонија да се фокусираат на интернетот што значи да нудат содржини на интернет прилагодени и за нова генерација.