Одамна ги снема младите од пред ТВ, нели гледате технологијата колку е напред, на интернет можеш све да најдеш, секакви филмо, секакви емисии. Денес нашиве се тапа, сите до една телевизија, даваат турски серии да ги гледат старите, тато, мамо, тие се занесуваат во таквите серии. Е сега тука имаме мала штета, зашто некое детенце малечко е присотно тама и слуша и прати бидејки е све синхронизирано (ама тапа синхронизирано) и ондак упада и он у филмов и така се расипуваат младите. Што им е потребно? Па незнам, треба да вложат многу, да прават македонски емисии, програми да бидат забавни, опуштени, да бидат интересни, тоа кај нас го нема и исчезна. Неможе ти да зимаш емисии од Америка, Германија или било дека и да пренесуваш тука, го губи филингот барем за мене, не би гледал вакви емисии на наши телевизии.
Кога нашиве телевизии би имале помалку политика,ке се отвори простор за било што. Порано можеб лугето сакаа политика,но веке не удавија,дефинитивно.
Најголемиот хумор што сум го слушнал е најавата дека МТВ ќе продуцира нова едукативна емисија и дека ќе ги рушеле гледаноста и популарноста на Бушавата азбука и Во светот на бајките. Имат смисла за хумор дечките стварно коа ќе ги надминат овие проекти нека ми се јават. Како прво нема актерска екипа која може да направи такво нешто . Како второ ај да кажеме ќе склопат некоја екипа каква и да е ама сценаристите добри или се во пензија или се починати... Значи ќе има некое никакво сценарио. Како трето ај да кажеме склопиле некое ок сценарио и ќе зезнат во режијата... Ако се сомневате дека ова ќе се случи доказите се пропаднатите проекти : Трето па машко и Од денес за утре , а највеќе ми е криво за новокомпонираните приказни на чело со лиглето Владо Дојчиновски кои неличат на ништо. Не дека оние на А1 , Сител и Канал 5 беа нешто подобро ама колку да снимат нешто убаво си кажав еднаш умре Колозов умреа и приказните толку им е капацитет!
Колку што разбрав рекоа дека ќе се обиделе да ги срушат тие рекорди, а не дека со сигурност ќе ги срушат. И 300 серии и емисии да продуцираат, народов наш се одвикна од МРТ и нонстоп зјае во Сител и Канал 5. Џабе е се.
За другото се согласувам со тебе,на МТВ одамна немам видено некој успешен проект,меѓутоа приказните ми се допаѓаат иако не се толку добри како старите со Колозов ама и новиве глумци ги бидува.
Не ме зезај жити мене... Тој со брадиштето ли можеш да го гледаш? Уништува секаква прикаска... Два нови телевизори ми пукнаа од неговото глумење... па еден глас што има
Да, можам да го гледам не ми смета затоа што ги сакам тие приказни ги гледам од кога сум била дете па до ден денес и иако како што кажав не можат да ги заменат старите мене ми се добри.
Можеш да ги гледаш разбирам , но толку се лигави и со бројни пропусти ама да не одам во надвор од темата колку пропусти им имам најдено .... Далеку се од она што јас знам дека се приказни со Колозов. Мислам дека за лиглето Владо и негова тајфа најпаметно е да си најдат нешто друго и да си вежбат глума и имитација таму , да пејат и нз што уште не. Имено недостиога оригиналноста што ја красеше периодот на 87-90 години коа се снимени најдобрите серии што можеле да се снимат. Да сум јас сега продуцент при толку легенди од наша мила Македонија би продуцирал хорор серија гарант би била успешна. Потоа зошто сеуште никој не се осмелува да сними серија за забранета љубов на балканскиве теми нешто што беше инспирација за “ Пред дождот“ ? Зошто не се направи тинејџерска серија по книгата “ Марта “ на пример ? Некој заинат не труе и не тапи затоа чини тајфата на Владо!
Ми треба вашето мислење за тоа што фали во Македонскиот етер? Што би сакале вие да видите? Што би било интересно и би го задржало вниманието на секој гледач? Какви прилози би сакале да има во МК етер? (Од типот на саботни ритуали на некоја позната личност, трите работи кои не сте ги знаеле за некоја позната личност итн..)