Ни фалат добри и квалитетни филмови, повеќе хумор по можност во добри Амерички ТВ серии или наши квалитетни серии.Доста беше со Турскава окупација, 500год па сега уште и самите си го бараме истото.Таман мислиш завршиле тап ете ти нова серија, Сител не е да го пуштиш, ништо квалитетно нема.
МТВ одамна ја упропастија, Канал5 такуѓере како Сител, Телма гледам само Калчо лигата кога е, другите програми не сакам ни да ги коментирам.
Сакам и барам повеќе едукативни емисии, емисии во кои би им се дало можност на непознати лица да промовираат можеби некои свои откритија, истражувања, промоција на нови таленти ама не од типот на Драган Вучиќ и неговите безвезни емисии за таленти.Идол беше една добра целина, но сепак не беше на ниво на Идолите кои се организираат во другиве земји, што дека победи дечкото Иван мислам се викаше кога нема ни промоција ни песни, џабе, кој знае денес за него?
И да, би сакала на некоја од програмите да се врати Династија, многу сакам да ја гледам