Што недостига на македонските телевизии?

Nikola

Полноправен Член
20 февруари 2012
59
41
18
Skopje
Епа доволно мислења... сега треба некој друг да стави прст на глава и да подразмисли малку дека на нас ни здосадија сапунициве и останатите глупости што нон стоп се премотуваат во ТВ. Па ајде конечно некој нека се освести и нека ги исполни нашите барања. Да можам јас би го направил сето ова што сите го сакаме, но неможам... Барем на кратко и ние да се офајдиме и на раат да гледаме нешто квалитетно и македонско. Бидете поздравени :):)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Што им недостига на нашите реални шоуа?
Одговор:Се.Од добар водител,т.е.опуштен водител сите наши некако ни се здрвени пред камерите,ако немат подготвено текст навистина немаат речник што да кажат,се да морало да се чита од збор до збор.
Еве на пример во емисијата на Тони Михајловски имаше нешто добро но тоа беше претерано "опуштено" за пред камери.Бар јас така проценив.
Србите ееееее Србите се пред нас километри во тој поглед па камо ли другите држави.
Друго добра емисија,добар филм,добар домументарец итн....
 
Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Незнам дали е за оваа тема ама морам да напоменам дека Алфа тв ми е преубава и мислам дека сите можни сфери од општественото живеење ги имаат опфатено во своите емисии , не сум јас толку против серии ( ова турскиве се нешто ин) нека има по нешто и за таа публика ама многу е претеризам бре ова , јас не се сеќавам да пуштам сител тв или канал 5 а да не глеам Кога дождовите паѓаат и тој тип на сериии, и Латас згора на се...somebody shoot me please! И Македонска тв малку се подобрени и ме радува ...а за недостасување на нешто мислам дека му фалат на повеќето тв многу документарки , музички катчиња, нешто како Грајфер на времето и секако добри филмови . Најмалку сакам да навредам ама реално Све за љубав и Мењам жена ?????? Инаку Пулс со Ана Јовковска ми е мелем за душа !
 
Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Што не му недостасува мислам дека треба да се формулира...Од глупости си имаме многу.Асална емисија, серија нема.Им дадоа на секакви да изиграваат водители на емисии и катасрофа однапред програмирано.Од реалити шоуа не фали ништо(ем сега и нема) а и подобро е без нив кога и онака неможеш ништо паметно да научиш од таквите глупости.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Хумор, релаксација малку. Ви текнува на Салон Хармони со Јелена Жугиќ, Дац...Ако сте помлади не ја знаете, мини серија, комедии на кои сум пукала од смеа. Мало бев ама доволно паметно да им го сфатам хуморот :nerd
Образовни емисии кои воедно ќе бидат и интересни, водители, спикери, воопшто телевизии кои нема да бидат партиски поткупени, за турско/шпански/индиски серии како замена за прави филмови нема ни смисла да говорам.
Се им фали.
И од мене плус за Ана Јовковска.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma.T, kizzo and melpomena

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
многу работи фалат на нашиве телевизии и мислам дека крајно време е да се направи некоја добра емисија или незнам нешто што ќе не натера да го гледаме
 
Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Ни фалат добри и квалитетни филмови, повеќе хумор по можност во добри Амерички ТВ серии или наши квалитетни серии.Доста беше со Турскава окупација, 500год па сега уште и самите си го бараме истото.Таман мислиш завршиле тап ете ти нова серија, Сител не е да го пуштиш, ништо квалитетно нема.
МТВ одамна ја упропастија, Канал5 такуѓере како Сител, Телма гледам само Калчо лигата кога е, другите програми не сакам ни да ги коментирам.
Сакам и барам повеќе едукативни емисии, емисии во кои би им се дало можност на непознати лица да промовираат можеби некои свои откритија, истражувања, промоција на нови таленти ама не од типот на Драган Вучиќ и неговите безвезни емисии за таленти.Идол беше една добра целина, но сепак не беше на ниво на Идолите кои се организираат во другиве земји, што дека победи дечкото Иван мислам се викаше кога нема ни промоција ни песни, џабе, кој знае денес за него?
И да, би сакала на некоја од програмите да се врати Династија, многу сакам да ја гледам :)
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173

МТВ1 е упропастена и веќе не постои како ТВ, ама МРТ1 има програма подобра од Сител и Канал 5 заедно, за Телма да не зборам. Така да не сакам да чујам ни збор за МРТ, нит па за Алфа. Убедливо најдобрите мак. канали. :zelen
 
Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
МТВ1 е упропастена и веќе не постои како ТВ, ама МРТ1 има програма подобра од Сител и Канал 5 заедно, за Телма да не зборам. Така да не сакам да чујам ни збор за МРТ, нит па за Алфа. Убедливо најдобрите мак. канали. :zelen

Јас се извинувам, мислев на МРТ, а инаку секој со свое мислење, јес да има подобра содржина за разлика од останатите, ама сепак не е по мој вкус, а Алфа за жал не ја следам така да не можам да коментирам за неа :)